Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Александар Маленко му се враќа на пливањето

Најдобриот македонски пливач на сите времиња Александар Маленко му се враќа на пливањето. Освен на маратонското пливање, Маленко размислува да се врати и в базен. Тој потврди дека сериозно размислува наскоро повторно да му се посвети на спортот во кој пред неколку години постигна големи резултати на светски и на европски првенства. Бара само услови и поддршка од државата. Цел му е да победи на наредниот јубилеен 25. Охридски пливачки маратон.

„Ќе и' посакам на цела Македонија, на организаторите, на покровителот на маратонот, на 25-годишниот јубилеј од маратонот да победи Македонец. А, за да победи Македонец треба да има талент, да е светски првак во пливање. А, кој е тој? Сите вие треба да знаете кој е тој. Идната година ќе победам. Доколку институциите посакаат, секако, ќе победам. Треба да ми овозможат само услови. Јас ништо не барам што не е мое. Да ги имам условите на првите пет што настапија на годинешниов маратон, пет години едноподруго ќе бидам првак. Не само на Охридскиот маратон, туку и на други големи натпреварувања, како што се светско првенство во далечинско пливање, олимпијада“, рече Маленко. „Ако Македонија сака да му се вратам на пливањето институциите треба да ми овозможат услови. Ова бара професионалност каков што сум бил професионалец 18 години. Ако сакаат да има Македонец победник на јубилејот треба да се однесуваат професионално кон спортистите. Ова му го кажав и на претседателот Иванов и на директорот на Агенцијата за млади и спорт. Иванов отворено ми рече дека најмногу сака да победи Македонец. Се надевам дека ќе помогнат. Јас мојот сон сум го остварил. Мојата биографија е тоа што е. Моето време на маратонот во Охрид е 5 часа 13 минути и 47 секунди“, рече Маленко. Тој не ја поддржува идејата за пливање на Охридскиот маратон од Албанија до Охрид, идеја што неколку години се промовира. Тоа значи да го предадам Климе Савин и да се предадам самиот себе, односно да го изгубам својот идентитет. Во тој случај, место нашиот претседател , наградата треба да ми ја додели претседателот на Албанија. Таков случај нема никаде на друго место во светот. Охридскиот маратон не е Ла Манш, кој се плива поради атракција. Нашиот маратон се плива за награди“, изјави Маленко, кој во моментов живее во главниот град на Русија , Москва. Инаку Маленко е двоен олимпиец (1996, 2004) и младински европски првак (200 пеперутка, 1996 година, Копенхаген). Прерано ја прекина својата кариера незадоволен од односот на државата кон овој спорт, но и кон пливачите.


#
Статијата е прочитана 1310 пати.

Испрати коментар

Од: Petar
Датум: 20.08.2010 12:42:58
Vo prevod-Bara pari od drzavata da si kupi stan.Kogo voopsto go interesira propadnatiot bivski plivac Malenko?

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Нина Нинеска-Фиданоска
ЕДИТОРИЈАЛ
Сашко Ѓ. Димовски
Мислења
Тодор Атанасовски

Џана Нанини
Рок-пејачката - мајка во 54. година