Дали она што не му појде од рака на Третиот рајх, на неговите специјални служби (со Иван Михајлов) и на големобугарските инфилтрации, ќе и' успее на актуелната владејачка формација
Ќе ги занемариме поводите за овие размислувања. Тие се многубројни и секојдневни. Често се повикувам на науката. Притоа често губам од предвид дека и таа е човекова дејност и како таква ранлива и лимитирана како и човекот. Меѓутоа, на крај и не секогаш во вистинско време таа, науката, ќе го даде својот суд.
Во пресрет на Илинден, во текот на празнувањето и потоа, со мислите се вратив во времето кога се' уште беснееше Втората светска војна, а во нејзините рамки и нашата НО војна и АФ борба што ја почнавме веднаш по агресијата на фашистичката оска на овие балкански простори. Тогаш нам, на Македонците, ни се придружија најпрогресивните, синовите и ќерките од другите етнозаедници кои живееја и сега живеат во Македонија. Сега нив ги нема на славењето, а тогаш гинеа заедно со нас иако знаеја зошто се бориме.
Пресврт: Една од најмоќните Хитлерови оперативни армии, шестата, беше поразена во Сталинград. Потоа западните сојузници го поразија Ромел - прочуената пустинска лисица, гордост на германската модерна војска. Потоа и Мусолини во Италија беше исфрлен од стројот. Потоа ниту оската не беше оска. Нашето „врапче“ ни донесе вест „горката Италија ја распарталија. Западните сојузници и' објавија војна на фашистичка Бугарија (1943), се промени односот на силите. На исток континуирана и незапирлива офанзива, а забрзано се приближуваше мигот кога ќе се отвори, и се отвори Вториот фронт - историското истоварување во Нормандија (1944). Положбата на Третиот рајх од ден на ден стануваше се' поочајна. Во тие услови Хитлер и врвот на Третиот рајх се обиде да ја измести Македонија од стројот на АФ коалиција и да ја привлече во сопствената орбита како сателитска држава за ограничени цели: а) да си создаде поважни услови за безбедно извлекување на стратегиската групација под команда на фелдмаршалот Александер Лер од егејскиот простор ГАЕ - армиска група „Егеј“, и б) државната творба автономна Македонија да им прави проблеми на западните сојузници.
За да не се налути фашистичка Бугарија за оваа мисија е избран бугароврховистот Иван Михајлов. Под силна и специјална германска заштита И. Михајлов доаѓа во Скопје во почетокот на август 1944 година. Веднаш по обнародувањето на македонската држава на Илинден 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, тој во Скопје прави широкоопфатни консултации со познати врховисти и бугаромани (Ѓузелов, Китанчев, Чкатров и други). Заклучуваат дека неговата мисија нема никаква шанси, бидејќи НО војска и народната власт ја имаат целата контрола и односот на силите во своја полза. Бугарија како анектор, а потоа и како окупатор суштински е поразена. Иван Михајлов се враќа назад во Загреб кај Павелиќ.
Ова е миг за една мала дигресија врзана за овој обид на И. Михајлов и на специјалните служби на Третиот рајх. Имено, уште во далечната 1941 година во Македонија и на делот од историската (ни) територија, бугарските агресори (и анектори) се обидоа да создадат бројни чети против НО движење, со цел да ги закрвават Македонците во меѓусебна борба, колење и убивање за тие поудобно да владеат и да ја реализираат својата големобугарска асимилаторска мисија. Такви контрачети беа создавани секаде и „западно од Групчин“ во Мегленско, Костурско, Солунско и сл.
Српската кралска влада со својот врвен равногорец Дража Михајловиќ и оставената офицерска камарила, исто така, се растрчаа низ Македонија (јужна Србија), со цел да се создадат формации на „кралската војска во татковината“.
Македонскиот народ предводен од грст патриоти-комунисти и во спрега со најпрогресивните луѓе-антифашисти организирани во НО движење, во кое се наредени и се' уште живеат чесни илинденци, ги оневозможија овие активности и од двете антимакедонски врховистички позиции - големобугарската и големосрпската.
Деновиве се одигра еден фудбалски натпревар во Тетово (Тетекс - Шкендија). Публиката поделена - ќе се испотепаа „комитите“ и „балистите“. Тоа е повод за уште едно сведочење, кое досега никој не можеше да го оспори. Имено, во делови анектираната, а потоа и окупираната Македонија, поделена до Групчин и отаде, во 1941-1945 година за четири години вооружена и сенародна борба против фашизмот и фашистичките окупатори а) ниту еднаш не се судрија контрачетите и балистите; б) исто така, ниту еднаш не се судрија контрачетите и генералските чети и четници во Македонија; и в) ниту еден сакрален објект не беше осквернат. Ги повикувам историчарите да најдат еден пример што ќе го оспори ова сведочење во опсервацијава.
По дебаклот со Иван Михајлов во обидот асномска Македонија да се пренасочи од стројот на АФ коалиција и да се приклучи во рамките на Третиот рајх, нешто слично на Н. Зервосовата фашистичка креатура, на Недиќевата „голема Албанија“ и на Павелиќевата НДХ, оваа идеја не беше напуштена, дури и се повтори. По капитулацијата на Бугарија (9 септември 1944 година) од територијата на оваа земја почна масовно враќање на интернирци и затвореници на припадници на трудовите формации - Македонци и НО војници и офицери од бугарската армија во веќе ослободена Македонија. И по капитулацијата на Бугарија, специјалните служби и' останаа лојални на Хитлерова Германија. Во масите што се враќаа во Македонија инфилтрираа не мал број свои агенти, кои потоа вешто и смислено го искористија македонското чувство кон Солун. Овој пат истата операција се јави низ паролата „Не сакаме на Берлин сакаме на Солун“. Се испровоцираа бунтови во редовите на НО војска на Македонија во Скопје (Кале), во штипските касарни. Целта беше иста, како и во мисијата на Иван Михајлов, да се сврти Македонија против сојузниците од страна на победничката антифашистичка коалиција на страна на губитничката фашистичка оска. И овој пат (декември 1944 година, јануари 1945) победија АФ фронт и асномска Македонија.
Прашањето е споредбата по илинденските случувања, паради и таламбаси, сами се наметнуваат.
Дали она што не му појде од рака на Третиот рајх, неговите специјални служби (со Иван Михајлов) во август 1944 година, а потоа и на големобугарските пресоблечени инфилтрации (декември и јануари 1944/1945 година) да ја пресвртат штотуку обнародената АФ македонска држава и' успеа на актуелната владејачка формација. Овој пат сосема точно знаеше дека независно од вокабуларот и од она што јавно се зборува, Македонија смислено се држи во предворјето на Алијансата (НАТО) и на ЕУ. Затоа и во таа смисла се измислува се' нешто, а кој повеќе се манипулира со опасностите што ја демнат нацијата и нашиот национален идентитет. Замислете, денес, кога ние овде иако поразвиени имаме милион Интернет-врски и исто толку можности да му соопштиме на светот се', ама баш се' што сакаме за нас и за нашата посебност, точно знаеме против кого и против што се насочува Македонија. Меѓутоа, не знаеме зошто, која е и каква е таа друга страна. Во август 1944 година и потоа во време на испровоцираните бунтувања во редовите на НО војска на Македонија 1944/1945 година, ја знаевме таа „друга“ страна. Сега не ја знаеме. Русија ли е таа, неврзаните ли се, шеријатските крепоснички општества ли се - тоа ниту „горниот“ не го знае.
Република Македонија по род е антифашистичка држава. Нејзина природна страна се Алијансата и ЕУ, бидејќи таа страна (која не е безгрешна Марија), континуирано и, генерално, демонстрира антифашистичко однесување, а во последно време и повеќе од тоа, антивоена ориентација. Затоа е и сегашното однесување на нашите владејачки формации, една фарса (нека ми биде простено), една примитивна и суртучка политика и владеење, бесрамно покриена како интерес на македонскиот народ.
Да заклучам, она што не му успеа на Хитлеровиот врв со експонирањето на Иван Михајлов и со неговиот бугароврховистички антимакедонски автономизам во август 1944 година, и потоа на германско-бугарските фашистички специјални служби во 1944/1945 година со испровоциранит�� „бунтови“ во редовите на НО војска (скопското Кале и штипските касарни) со паролата „Сакаме на Солун, не сакаме на Берлин“, нема да и' успее ни на сегашната владејачка формација. Останува да се види какви и колку сериозни оштетувања ќе и' се случат на Република Македонија како држава и на македонската нација.
Македонскиот народ предводен од грст патриоти-комунисти и ...Иван Михајлов и со неговиот бугароврховистички антимакедонски автономизам!? Ochigledno Makedoncite vo 1944 bile teshko podeleni. Ako prifatime deka Makedonskiot narod se samo tie koi shto prifakjat ideite na Atanasovski, kje se podelime ushte polosho. Denes geopolitichkata sostojba e sosema razlichna od 1944. NATO i EU ne se "безгрешна Марија" no se nashata idnina. Kolku pobrgu se pomirime megju sebe i so sosedite, tolku pobrgu kje si go najdeme dostojnstvenoto mesto vo niv.
Од: t25
Датум: 25.08.2010 00:38:22
so seta pocit kon avtorot---ima odlicni tekstovi---no denes mora da dadam negativen komentar na tekstot -napagjanjeto na odredeni licnosti (vanco mihajlov)vo slucajov---dali bile bugarski nastroeni ili jugoslovenski nastroeni mislam deka treba da se stavi vo zaborav---koga sme kaj vanco mihajlov ---site znaeme deka toj bil vodac na vmro---organziacija sto se borela za samostojna i suverena Republika Makedonija---so takvoto ocrnuvanje na vanco mihajlov i deka ovaa vlast go eksponira---vie ocrnuvate i golem del od gragjanite na Republika Makedonija koi vo golem del i dadoja podrska na ovaa vlast na predhodnite izbori i gi stavate vo situacija deka site tie se bugarofili-a toa e edna mnogu golema greska na nasata politika i istorija---sekoj sto se borel za makedonija vo koe i da bilo vreme i forma se borel za Makedonija da bide samostojna---bez razlika na negovite licni ubeduvanja sto bil kako se custvuval
Од: Angel
Датум: 25.08.2010 00:49:12
Браво!Одлична анализа.Тоа се всушност денешниве вмровци-далеку се од патриоти.Се што прават,прават да ја разнебитат нашата Македонија!
Од: Gostivarcanec
Датум: 25.08.2010 01:42:12
Dobri kolumni Generale... da naucime i slusneme nesto od Vaseto bogato zivotno iskustvo i znaenje... pozdrav
Од: Makedonec
Датум: 25.08.2010 05:40:04
me cudi sto nema nitu eden komentar,se nadevam mojov ke go objavite.Avtorot Atanasovski sigurno ima uste mnogu da kaze,ama prostorot ne dozvoluva.Imam uceno istorija vo vremeto na SFRJ,a eve pominaa i 20 god od tranzicioniot period no nikade ne procitav(mozebi nekade pisuva)kolku ima proglaseno za borci-heroi vo antifasistickata borba od makedoncite koi ziveele vo Egejskiot i Pirinskiot del od Makedonija.Znam samo deka mnogumina od Egejskiot del se zdobija so borecki penzii,ama se prasuvam vo koj period se imaat boreno.Se mi se cini deka segasna Makedonija e zaloznik na indokrtinacijata koja ja imaat sprovedeno Vrhovistite vo '45 god i uspeale da ostavat dlabok razdor i zabuna megju Makedoncite za toa koj bil vistinski patriot i borec za Makedonska drzava i nacija.Samiot fakt na koja teritorija e imame drzava e dokaz kade se vodela i koi ja vodele bitkata za sovremena makedonska drzava.Da bile tie od Pirinska Makedonija togas bi imalo i tamu del koj bi se vikal Makedonija i narod ko
Од: nik
Датум: 25.08.2010 05:51:39
Poznato e deka otkako covek ke go prepolovi vekot se poveke zboruva za istorijata (minatoto) a se pomalku za isninata. Kako bioloskiot casovnik zabrzuva pod teretot na godinite taka razmisluvanjata i kazuvanjata za idninata isceznuvaat. Nema vo ovaa kolumna nisto za utere. AKo ja pratime logikata na Tovaris general, ke ostaneme nekade vo 1903, 1945 ... A i paralelata za SOLUN mu e usilena i TENDENCIOZNA. Drugi se vreminjata sega tovaris. Umot, zelbata, istrajnosta i posvetenosta se poefikasni metodi od vojnite. Makedonskata intelegencija (od t.n. Geogravska Oblast Makedonija) gi poseduva site ovie kvaliteti. I na Gandi mu se smeele Anglicanite, pa i na MENDELA. Da ne odime predaleku. Koga pred triesetina godini, nekoj albanec od Kosovo ke se izletase pa ke recese "naseto vreme doagja" nie so potsmev ke go pogledavme i ke si recevme "ovoj e lud". Duri i vasite kolegi oficiri od kosovo bea do posledniot zadoeni so taa ideja. Nivnoto vreme dojde. Vaseto zamina zaedno so Jugoslavija.
Од: Ljubotan trade name
Датум: 25.08.2010 07:58:48
Gospodine Generale, Vie uste mudruvate! Vaseto Sonce e zajdeno ,a Moeto go fati Aksam ,koj ce trae 500 god..a Vie uste veruvate deka e, Rano Utro. Babite ni kazaa Ova e ,,Pokri pa Zelaj",i samiot znaes i ne, ne; Nene ;Tormozi povece!!
Од: Историк
Датум: 25.08.2010 08:04:53
Која е целта сега, за неколку дена, на 31 август 2010 г., во Штип да се соберат сите бугарофили или поточно македонски изроди и заедно со дојдени провокатори од Бугарија, нивни сомисленици, да прават чествување по повод 86 годишни од убиството на Тодор Александров исто така Македонец по род но човек кој прифатил туѓо (бугарско) национално чувство . Човек кој ја сака ослободена и обединета Македонија (неслободна под Српска и Грчка окупација а Македонија под Бугарија ја смета за слободна), кој се бори за слобода на своето племе (бугарско). Тотален антимакедонец, задоен бугараш кој смета дека Македонците се Бугари. Ваков ли идиот ќе слават ВМРО-НП на 31 август во Штип, предводен од провинцијалец случајно влезен во политика, стигнат до врвот и паднат до дното. Или, се поистоветуваат со неговата политика дека се Бугари и нека се изјаснат.
Од: Smislena agenda
Датум: 25.08.2010 09:55:18
Dobro potsetuvanje ,osvrt i analiza na istoriskite sobitija vo minatoto, na koi direkten ucesnik ste bile i Vie i odlicna komparativna i asocijativna sporedba so nekoi segasni zbidnuvanja. Mislam deka tie ne se slucajni , no se planski , subtilno kamuflirani so nekakov si romanticarski patriotizam , a vo osnova stetni po makedonskata nacija i narod i vodeni od odredeni centri.Toa e edna smislena agenda ,koja postapno se sproveduva, a narodot ne e ni svesen sto mu se priprema.
Од: ЛОТАР Макед. јазол страна 16
Датум: 25.08.2010 10:14:40
Македонското малцинство во Сев. Грција се приклучи на страна на комунистите со ветување за автономија. Марк Мазовер напиша. Граѓанската војна беше меѓу режимот во Атина и малцинството на северот. Сталин ја стопираше реализацијата за обединување и со Пирин со договорот со Черчил. Грабежот на Солун од Грција беше интернационална неправда. На ниту една соседна земја не и припаѓаше ниту мал дел од Македонија. Слични се и денешните измами и фикции за Александар за империјалистичките барања кон Македонија нејзиното име и култура. Во 1941 луѓето некои биле свесни дека 62% од Македонија се окупирани а на овие 38% под какви околности Србите ги напуштиле нека испита историјата. Имало комунистичка солидарност. Пирин и Егеј исто можеле да се повратат барем делови.
Од: Норд
Датум: 25.08.2010 10:59:38
Читам и не верувам на очите. Трагикомедиа во театарот на сенките. На авторот целиот свет му е виновен. Добро дека не објавил војна.
Од: kaktus
Датум: 25.08.2010 11:56:32
Уважениот генерал дава своја ретроспектива на настаните од 1941-1945. при што дава мислење и паралела со сегашноста. Баш ме интересира да слушнам од него (во некоја негова идна статија) кај беше тој и што правеше во 1990-1991 година. Дали освен благодетите од неговиот солиден пензионерски статус направи нешто и за Македонија и за македонскиот народ кои очигледно му се на срцето.
Од: јас
Датум: 25.08.2010 11:59:51
Според коментарите се гледа потребата од постојано информирање за тоа како е настаната нашата држава ,кој ја формирал и со какви човечки жртви е добиена...Половината коментатори се бугари ( одродена Македонци ) , кои за едно помочано блгарско паспортче , си ја продадоа душата на крвникот на Македонија во 2та светска војна -Блгарија..Дел од останатите не им е наш гајле дека некој војувал за тие денес да уживаат во оваа слобода..Тука ги ставам и вмро-патриотите кои ( јас лично знам двајца ) кои 2001 беа по 3 пати на одмор , само да не отидат на боиштата ..БРАВО ГЕНЕРАЛЕ И ПРОДОЛЖЕТЕ СО ВАШИТЕ ФЕЛЈТОНИ !!!!
Од: pece
Датум: 25.08.2010 12:11:40
Generale, Pocituvan star voinu, istmolenice po ubeduvanje.
So cela dolzna pocit,custvuvam obvrska da ti kazam direktno(podobro jas otkolku dusmanite) deka pocnuvas da gi mesas rabotite.Vreme e za... i poveke od zasluzen odmor.
Ja razbiram zelbata da se pomogne ,da se oslobodi od gnevot koj e opravdan, no ostavi ni ja borbata nam , veruvaj ke pobedime.
Од: Janakiev Nikola.
Датум: 25.08.2010 13:07:41
Kole.Perth. W.A.25.10.2010G.
Do istorik.Mnogu gi mrazes Makedoncite.
Ne mislam da si nasenec.
Bas me briga.
Pozdrav do redakciata i Makedoncite.
Од: Сеирџија
Датум: 25.08.2010 13:12:02
Г-не генерале, некои пиунчиња кои не се дораснати и способни ни чевлите да Ви ги носат, си земаат за право да го замајуваат народот и да се изживуваат со крвта која е пролеана за Македонија. Тоа се тие за кои зборувате и само сакаат да обзнанат - „тука сме..“ Жално е што голем дел од македонскака популација не си ја познава историјата а некои едноставно не ја признаваат бидејќи е сосем јасно што сакаат да кажат во коментарите.
Од: vmro
Датум: 25.08.2010 15:17:57
jeli gzenerale a jel jos uvek kuci pricate srpski......e generale generale ziveete vo makedonija a sonuvate za srbija. Odlicno ve naucile istorija vo voenite skoli na Srbija(samo nemojte da trubite deka toa bile jugoslovenski skoli "so srpski profesori skoluvani vo kralstvo shs" bidejki mladata drzava nemase skoluvan kadar pa ja prevzema administracijata od prethodnata drzava)
Од: George
Датум: 25.08.2010 16:12:15
Генерале, имам впечаток дека вашата логика некаде чкрипи. Велите дека некој (значи моменталната владеачка коалција) свесно ја држи Македонија надвор од НАТО и ЕУ, а од друга страна ги оптужувате за тајна 'агенда' кон исток. Па, еве да речеме, ќе го свиткаат 'рбетот, ќе потпишат што бара нашиот јужен сосед, и се надеваме дека некој (веројатно не Македонија) влегува во НАТО и ЕУ. Ова ли е вашиот предлог за иднината? Па, тогаш, што е разликата дали сме биле никој и ништо во ЕУ и НАТО ако смениме се (и постанеме квази Грци, да не им го спомнувам името) или пак некој не води кон исток (и постанеме квази Бугари)? Ви се молам, генерале, размислете малку, бидејќи логиката ви е некако провидна. Со љубов, слога и почит за напредна Македонија, една и единствена.