Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Британија потопена во Скопје

Македонија славеше со 75:56 против лидерот во група Б, Велика Британија, во квалификациите за ЕП 2011

Сашко Ѓ. Димовски

Фантастичен амбиент, блескава партија и голема победа на македонската машка кошаркарска репрезентација над Велика Британија со 75:56 во квалификациите за Европското првенство во Литванија во 2011 година. Балтикот е се' поблизок за нас, печат на успе��ната кампања треба да ставиме на 29 август во дуелот со БиХ на гости. Триумф ќе значи и дефинитивен пласман на Македонија на евро-шампионатот догодина. Во спротивно ќе го очекуваме расплетот во А и Ц групите иако уште отсега може да се прогласиме за сигурни патници на ЕП 2011 бидејќи имаме и огромна залиха во кош диференцијалот (+85). Теоретски сме на континенталниот самит, практично се' уште не. Но, и оние малку дилеми што висат треба да ги симнеме в сабота во Сараево.

Британците дојдоа како единствени непоразени во групата, а си заминаа ничкосани од Скопје. Им наплативме и камата за несреќниот пораз во продолжението во Њукасл, нивна среќа е што понесоа минус 19 дома. Се загубија во скопската арена во која со таква атмосфера каква што ја создадоа гледачите од трибините ќе падне и многу посилен состав од оној на Велика Британија предводен од Луол Денг. Со пеење на македонската химна од грлата на преку 9.000 лица, со огромното државно знаме кое ја прекри трибината спроти клупите за резервни играчи, со безрезервната поддршка во текот на целиот меч, со скандирања на имињата на кошаркарите, со еуфорично про��лавување на секоја реализација, поинаку и не можеше да биде. Премногу емоции од кои лазеа морници по телата на присутните, а кошаркарите се оддолжија на најдобар можен начин за довербата што им беше укажана во понеделникот и воопшто во сите досегашни натпревари на домашен терен.

Лестер Бо Мекејлеб во два наврата ја предизвика публиката во „Борис Трајковски“ да му скандира „МВП“. Неговата игра никого не остава рамнодушен. Со своите 183 сантиметри, 25 годишното момче од Њу Орлеанс, Луизијана, успеа да се пробие низ високите британски играчи и да забие во финишот од втората четвртина. Ја „запали“ публиката пред заминување на одмор како навестување за она што ќе следува во продолжението од натпреварот. Беше наш најефикасен играч, погодуваше, скокаше, разигруваше, асистираше и мечот го заврши со ефект од 20 коша (8/13 за два поена, 1/3 за тројка, 1/3 слободни фрлања), два скока (дефанзивни), четири асистенции и исто толку украдени топки.

Јунак на натпреварот е Тодор Гечевски. Духовниот лидер во националниот тим покажа однос на вистински и голем професионалец, спортист со големо срце. Нашиот центар заборави на скршеницата на носот што ја донесе од Шолнок во дуелот со Унгарците, заборави на болката, заборави на, за денеска, закажаната хируршка интервенција за санирање на непријатната повреда. Ја стави маската на лице, како што му се стави на располагање на селекторот Докузовски, и храбро втрча во дуели со противничките кошаркари. На паркетот мина 19 минути и беше повлечен на клупата кога се' беше решено со ефект од 11 поени (1/4 за два поена, 3/4 за три) и три скока.

Покрај нив двајца уште Самарџиски и Мираковски учествуваа со двоцифрен број поени во петтата квалификациска победа која не' води пред портите на ЕП. Првиот заврши со 12, вториот со 10, но придонес во играта и „газењето“ на противникот дадоа сите. И тие што не поентираа имаат заслуги поради страшно агресивната игра во одбрана и одличната неутрализација на британските надворешни позиции. Одлично не' служеше и шутот. Бевме блиску до 50 отстотен учинок во ударите за два (погодивме 18 од 37), имавме 10 тројки од 24 обиди и 9 прецизни „пенали“ од 19. Забележавме и 32 скока. Од нив 10 беа под нашиот кош и 22 под противничкиот. Покажавме и дисциплина во играта. Ги запревме Британците на 56 коша и притоа направивме само 21 прекршок што доволно говори за македонската подвижност, добро удвојување, навремено преземање.

Победи колективот. Остварена е голема победа, во тежок, неизвесен и решавачки период. Нацијата има причина да слави, да биде горда на 12 момчиња на Докузовски, на нивната игра, пожртвуваност, борбеност. Во успехот, со право, уживаат и самите кошаркари. Го заслужија тоа.

Македонија - В. Британија 75:56



По четвртини: 22:14, 21:13, 15:11, 17:18. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 9.500. Судии: Сретен Радовиќ (Хрватска), Антонио Конде (Шпанија), Елиас Коромилас (Грција).

Македонија: Мираковски 10, Соколов 7, Р. Стефанов 6, В. Стојановски, Д. Стојановски, Гечевски 11, Антиќ 9, Симоновски, Чековски, Самарџиски 12, Мекејлеб 20, Гоцевски. Селектор: Марин Докузовски.

Велика Британија: Ахара 7, Адегбоје 5, Менсах-Бонсу 17, Саливен, Денг 14, Боатенг 2, Амејнинг 2, Реинкинг 9, Кларк, Бојд, Робинсон, Бејли. Селектор: Крис Финч.

Резултати од меЧевите

во квалификациите за ЕП 2011



Група А: Финска - Италија 83:85, Летонија - Израел 56:92. Слободна беше селекцијата на Црна Гора.

Табела: Црна Гора 11 (6 меча), Италија 11 (7), Израел 10 (6), Летонија 9 (7), Финска 7 (6).

Идно коло (26.08.2010 год.): Израел - Финска, Италија - Црна Гора. Слободна е Летонија.

Група Б: Македонија - Велика Британија 75:56, БиХ - Унгарија 73:64. Слободна беше селекцијата на Украина.

Табела

1. Македонија 7 5 2 543:458 12

2. В. Британија 6 5 1 491:473 11

3. Унгарија 7 2 5 484:540 9

4. БиХ 6 2 4 434:455 8

5. Украина 6 2 4 432:458 8

Идно коло (26.08.2010 год.): Унгарија - Украина, Велика Британија - БиХ. Слободна е Македонија.

Група Ц: Полска - Бугарија 75:71, Белгија - Португалија 68:63. Слободна беше селекцијата на Грузија.

Табела: Белгија 11 (6 меча), Полска 11 (7), Бугарија 9 (6), Грузија 9 (6), Португалија 8 (7).

Идно коло (26.08.2010 год.): Бугарија - Белгија, Португалија - Грузија. Слободна е Полска.

Изјави

Лестер Бо Мекејлеб, репрезентативец на Македонија

„Среќни сме по оваа победа бидејќи нашиот тим е многу блиску до завршниот чекор за пласман на Европското првенство во Литванија. Во подготовките за мечот знаевме дека мора да запреме двајца квалитетни играчи како Луол Денг и Попс Менсах-Бонсу. За среќа успеавме да го сторивме тоа. Потоа беше лесно да се игра во атм��сфера како оваа во Скопје. Затоа им се заблагодарувам на нашите фанови за се' што направија. Нивната поддршка беше од голема помош и значење за нас кон оваа важен триумф против еден од фаворитите во овие квалификации“

Марин Докузовски, селектор на Македонија

„Знаевме што треба да сториме во овој натпревар. Имавме мал притисок бидејќи моравме да победиме. Очекувавме триумф, но да бидам искрен не со толкава разлика. Им честитам на сите мои играчи, најпрво за желбата да се остане непоразен, второ за феноменалната игра во одбрана, пред се' против Луол Денг, кој погоди неколкупати и тоа при крајот на мечот. Пример за тоа е Војдан Стојановски. Не постигна ниту еден кош, но тој и Ристе Стефанов завршија голема работа. Целта ни беше и да го држиме и Менсах-Бонсу што подалеку од обрачот. Тој е многу добар скокач и мислам дека успеавме во тоа. И на крајот на краиштата тешко се губи натпревар пред толку гледачи кои го следеа најдобриот наш меч во овие квалификации“

Крис Финч, селектор на Велика Британија

„Најпрво сакам да и' честитам на Македонија. Одигра добро, посебно во нападот, и погоди многу шутеви. За жал, ние не бевме добри вечерва. Имавме шанси, но ја загубивме концентрацијата. Такви работи се случуваат во спортот. Но, ќе повторам, ние во Скопје не игравме добра кошарка, не на нивото кое го посакувам. Македонците постојано беа агресивни и не принудуваа да правиме грешки. Заслужено ја слават победата“


#
Статијата е прочитана 1740 пати.

Испрати коментар

Од: maja
Датум: 25.08.2010 00:44:13
Браво момци, вие сте нашите вистински амбасадори во светот!!!!
Од: BgMak
Датум: 25.08.2010 06:31:53
Bravo!
Од: Pelister
Датум: 25.08.2010 07:05:58
Sekoja cest momci.Na ovoj natprevar napisavte ucebnik za site vozrasti...kako treba da se igra za svojata tatkovina i mu dadovte malku vozduh na ovoj izmoren,izmanipuliran,sistematski unistuvan narod
Од: Od mene
Датум: 25.08.2010 08:37:40
Bravo i samo napred
Од: zapad
Датум: 25.08.2010 09:27:33
dzabe frlate miloni i drzavjanstva za da se dokazite vo kosarka ovj sport na zapad e potpolno nepoznat vo zap ev nikoj ne prenesuva na tv evropsko ili svetsko prvenstvo......
Од: vesna
Датум: 25.08.2010 14:14:55
Do zapad: ne e tocno. Se prenesuva sekade, sekakov sport duri najnovite (skijacki skokovi na treva i drugi avangardni). Se e dobro za afirmacija inaku zoshtobi imalo prvenstva vo kosharka (svetski, evropski i olimpijski). Izgleda zapad e od Zapadna Makedonija i mozebi ne faka stranski kanali. Sovet: vikni ja baba ratkai kupi si reciver.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Специјална класа
Петарда во арсеналите на НАТО
Четири години изедени од празни ветувања
Рок-пејачката - мајка во 54. година
Кошарски билет за Европа
Дорис Пак и претседателот Иванов се смирија
Напукнува идилата Иванов - Груевски?
Историски паралели што се наметнуваат сами
Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели
Антикорупционерите останаа без пари
Карикатура
Умреа уште два елена во ЗОО
Стил
Рударите преживеаја 18 дена под земја со туна и млеко