Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Четири години изедени од празни ветувања

Oд најголеми адути на Владата - интеграциите и економијата станаа нејзин најголем хендикеп

Александра М. Митевска

„Ќе сториме се' што е потребно за до 2010 година да ги исполниме критериумите за членство, односно да ги завршиме нашите обврски. Нашите нескриени амбиции се да ги започнеме преговорите со ЕУ во текот на 2007 година или барем во овој период да го добиеме датумот за почнување на преговорите - нешто што делумно ќе зависи од нас и делумно од состојбите внатре во Унијата“.

Вака говореше актуелниот премиер Никола Груевски во август 2006 година, во своето експозе пред парламентот при изборот на новата Влада. Тогашните министри на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и на НСДП, зад кои стоеја „само“ 63 пратеници, влегоа во владината зградата на улицата „Илинденска“ во атмосфера на голем ентузијазам, поради убеденоста на граѓаните дека се доволни 100 чекори за земјата да ја доживее ветената „преродба“. Граѓаните тогаш (и без да им се сервираат скапи реклами, силни дози патриотизам и секојдневен популизам) сакаа да веруваат дека новата гарнитура на власт ќе донесе нови и поповолни ветрови во државата. Околу две години подоцна, ДПА и НСДП први престанаа да веруваат во „преродбата“, а во моментов неизбежен е впечатокот дека надежта се' повеќе ги напушта и сегашните партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ.

Сега е август 2010 година и единствените заклучоци што може да се изведат при потсетувањето на изјавите на Груевски од 2006 година се дека тој и неговите соработници ��ли не направиле се' што е потребно за македонските интеграции или дека нешто се случува во ЕУ. Бидејќи ниту Македонија ги исполни сите критериумите за членство ниту има датум за преговори. Единствена утеха е препораката за почнување преговори од минатата година, која за некој месец лесно би можела да изгуби од значење, како што Македонија ја изгуби и лидерската позиција во Јадранската група, која во „јато“ целеше кон НАТО.

Токму 2007 година, која Груевски ја најавуваше како пресудна за македонските интеграции, беше година во која нашиот кандидатски статус во ЕУ од 2005 беше помрачен од неповолниот извештај на Европската комисија, главно, поради отсуството на политички дијалог или поради одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ. Следната година - иста приказна, само што овој пат причина за негативниот извештај беа предвремените избори под сите стандарди, што се одржаа по поразот што го доживеа Македонија на самитот на НАТО во Букурешт. Токму настаните што драматично ја ослабнаа македонската меѓународна позиција, максимално ги зацврстија позициите на Груевски и на власта, која сега има двотретинска поддршка во парламентот, шеф на државата од своите редови и речиси целосна контрола врз локалната самоуправа. Од друга страна, тие настани го наметнаа како најголем проблем и за власта и за земјата спорот за името со Грција, кој во 2006 година речиси и да не се споменуваше во експозето на мандатарот Груевски.

На 27 август 2006 Владо Бучковски од СДСМ му ја предаде премиерската фотелја на Груевски. Бучковски од владата замина во штабот на социјалдемократите каде што се наѕираше почетокот на внатрепартиската криза поради изборниот пораз (што уште долго време потоа ја тресеше левицата). Груевски, пак, два дена подоцна ја одржа првата владина седница, која финишираше со конкретна одлука - ДДВ за земјоделските репроматеријали падна од 18 на 5 проценти. Амбициозниот старт на новиот владин кабинет ветуваше многу...

Бучковски вчера ни изјави дека тогаш ни во сон не очекувал дека Македонија со оваа Влада ќе доживее толкава катастрофа. „Изборниот слоган на СДСМ во 2006 беше ’Македонија напред, а не назад’. Тоа е мото што ќе мора граѓаните често да си го повторуваат на следните парламентарни избори, за кои сум убеден дека ќе бидат многу брзо, бидејќи од 2006 година Македонија се врати сто чекори назад“, нагласува Бучковски. Според него, најголеми гревови на оваа Влада се што направи од готово вересија со членството на НАТО, што не ги почна преговорите со ЕУ и што наместо да продолжат да се развиваат демократските процеси, влеговме во диктатура.

„Економијата беше омилена тема на Груевски во тоа предизборие, а сега гледаме како Македонија и граѓаните економски тонат. Убеден сум дека најмалку половината од граѓаните што тогаш му ја дадоа поддршката, понесени од надежта за економски просперитет, сега ќе го казнат поради неисполнетите ветувања. Секој нов ден на власт на Груевски му е се' потешко“, констатира Бучковски.

Коалицирањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НСДП на Тито Петковски беше едно од најголемите изненадувања по изборите во 2006 година. Поради идеолошкиот јаз меѓу двете партии, многумина му предвидуваа кус рок на тоа партнерство, кое навистина пукна пред предвремените избори во 2008 година. Петковски, тогаш, разделувајќи се од Груевски, веројатно, го направил вистинскиот чекор, бидејќи сега вели дека за последните четири години Македонија се вратила од 30 до 50 години назад во развојот и дека ја има можеби најнеуспешната Влада од осамостојувањето до денес. Според него, единствено достигнување на оваа власт е што изградила култ од личноста на Груевски, а нејзините неуспеси се многубројни.

„Македонија изгуби четири години и на внатрешен и на надворешен план. Оваа Влада е сериозна закана за иднината на државата и затоа јавното мислење треба да да се крене на ниво на кое погласно ќе се говори за промашувањата, наспроти обидите на власта за замајување на граѓаните“, оценува Петковски. Според него, одговорна Влада доколку не ги исполни очекувањата на граѓаните, има две опции - да оди на предвремени избори и да ја провери поддршката кај граѓаните или само да си поднесе оставка.

Слободан Најдовски, поранешен пратеник на ЛДП, во колумна во „Утрински весник“ го анализира четиригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи дека од податоците за неколку макроекономски показатели е очигледно дека оваа Влада не ги остварува ветувањата, но и дека постигнува послаби резултати од претходната. Излезот, според него, е во про��ена на економската политика и на нејзините креатори. За споредба, Најдовски наведува: македонската економија само во првата година по смената на власта забележа раст, и покрај ветувањата дека на годишно ниво економијата ќе расте со стапка од 6 до 8 проценти; наспроти фалените и рекламирани намалувања на даноците, се премолчуваа зголемувањата и новововедените давачки со кои се оптоваруваат фирмите и граѓаните; брзо се погази ветувањето за висината на буџетскиот дефицит, бидејќи од година во година несразмерно се зголемуваше буџетот во однос на порастот на БДП; нема ни трага ни глас од ветувањата за капитални инвестиции од 5 отсто од БДП и приоритетите од коридорите 8 и 10 и инвестициите во енергетиката...

Евроатлантското интегрирање на Македонија и динамичниот економски раст беа двата главни адута на Груевски кога пред четири години влезе во владината зграда. Неговите опоненти прогнозираат дека на следните парламентарни избори токму тие адути ќе претставуваат најголем хендикеп за актуелната власт, која, едноставно, не ги исполни ни најголемите ветувања. Впрочем, да не се испровоцираа вон��едни избори во 2008, ВМРО-ДПМНЕ летово ќе мораше да оди на редовен изборен тест, па сега веќе ќе се знаеше што останало од големите очекувања и од довербата на граѓаните.


#
Статијата е прочитана 2687 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 25.08.2010 00:18:40
Ама ајде па што се четри години поминати.Како да беше вчера а колку многу оствари ова блада.Улиците со дупки стана со кратери.Образованието ни е супер,со квантитет без квалитет .А и во учебниците,учениците ке учат дека од времето на доаѓање на власт на дпмнеовците настанува светот и науката.Здравството ни е супер,народот пмлад си умира,ке се растерети пензискиот фонд.Се поставуват многу склуптури,народот ке изумре а тие ке бидат вечни.Културата е духовна храна.
Од: Alpha+
Датум: 25.08.2010 02:17:18
Ne znam zosto nasite politicari, ako se so cesni nameri, se fatile za foteljata kako slepi za stap.Ako ne me biva si podnesuvam ostavka i prijatno.Lepo fino ke izlezam pred graganite, ke im se izvinam i ke im objasnam deka sive ovie godini bile godini na lagi, izmami,lazni uspesi,Potemkinovi sela,godini na razocaruvanje.Ama od druga strana bile godini i na lopovluk (koj doprva ke se otkriva) nepravdi, diktatura,zaplasuvanja i sto li uste ne.Zatoa stravot da se stane od foteljata e pogolem i premierot so negovata druzina nema da bira nacin da ostane na vlast cisto samo za da si spasat za..nikot.Kolku se ocajni vo svojata nemok da gi ostvarat vetuvanjata zboruvaat i komicnite nastapi na Bicikliski(koj na prasanje sto so prerodbata odgovara., A Zaev), so sto vsusnost go priznava debaklot na negoviot sef, nastapite na Todorov koj samiot na sebe si e smesen,nastapite na i Manevski i Jankulovska koja zad bezizraznata maska na svopeto lice razmisluva koja naredna tezga da ja fati,
Од: dedo dimo
Датум: 25.08.2010 03:59:26
Za vlezot vo NATO Makedonija napravi mnogu poveke od drugite zemji i toa beshe golem uspeh,na zalost vo NATO ima Fashistichki sili koj e zaprea Republika Makedonija da ne postani chlenka na ovaa organizacija .Zemjite chlenki na NATO za toa e nosat vinata shto i dozvolia na Grcija da se ponesuva taka .Makedonija mozeshe da bidit primena i pod privremenoto ime ,odnosno skratenicata FYROM , neli taka e zavedena vo OON i EU.Prashanjeto problemot za imeto e pomegu Makedonija i Grcija ne e rabota na EU i NATO.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 25.08.2010 07:38:32
Ne se izedeni...ispokradeni se...Dali nesto ke ostane od drzavava i vo drzavava...?
Од: забеган.
Датум: 25.08.2010 08:46:49
Сдс-мовците Лажеа ама овија Вмр-овци сушат ал сушат.
Од: Оливер Стефаноски
Датум: 25.08.2010 09:10:01
Вадење од контекст на една смисла, ги ништи и останатите правилни фрагменти при цитиранње на одредена изјава. Ако на гореспоменатите изјави од премиерот, се надоврзат и објективните причините за застој со евроинтеграциите(Неменување на името по желба на јужниот сосед и зачувување на достоинството како народ низ цела историја за прв пат) , ќе заклучиме дека поголема маса на медиокритети се загрозени со ваквите конфузни текстови, при што кај истите се дестабилизира чувството за национална свест, со оправдување дека ова е демократија и секој може да се изрази непотребно.
Од: magde
Датум: 25.08.2010 09:17:56
vmro e izguben slucaj.........uste 4-5god so vmro i makedonia ce se raspadne..................
Од: od citatel
Датум: 25.08.2010 10:02:21
A sto ocekuvavte site sto veruvaa vo ovaa vlada od osmoodelencite. Ne se tie krivi tie tolku razbiraat i tolku mozat. Ne se krivi tie sto se vo vlasta kriv e ovoj glup neiteligenten narod so ne moze da ja pre[poznae vistinata od iluziite sto mu gi laat sekojdnevno. Uste ednas prost narode ne biva nisto od tebe i od tvojata drzava. Za zal i jas pripagam tuka i se sramam sto ziveam tuka.
Од: Vmrovec bez kniska
Датум: 25.08.2010 10:10:26
sdsm nema pravo da zbori koga mnogu nivni lugje se ispopikaa vo vmro samo za da cicaat a i mnogu drugi samo za da se vrabotat, so takvi vmrovci kako na primer bocevski, gacov i ortakopa drugi ova sto se slucuva denes e neminovno. odete videte koj go organizira sarplaninski kup i koi lugje rabotat za negovoto vreme traenje. em sdsm prestanaa da go organiziraat, em vmro pak pocna da go organizira, ama pak go pcujat grujo i cekaat da padne vlada onie isti lugje koi poradi vmro zemaa pari zimata
Од: meto
Датум: 25.08.2010 11:36:32
Koi prazni vetuvanja bre, vladata si raboti po plan i edinstvena e sto napravila toa sto vetila...zatoa narednite izbori ke bide istata vlada..
Од: Јован АН
Датум: 25.08.2010 13:18:11
Обврските се исполнети.Тоа го потврди ЕК.Но има уште една “обврска“ која Македонија НЕ МОЖЕ и НЕ СМЕЕ да ја исполни!Тоа е промената на нашето име или подобро речено прифаќање на нацифашистичките уцени од нашиот јужен сосед поткрепени од “демократска “ Европа која се “колни“ во почитување на човековите права!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Специјална класа
Петарда во арсеналите на НАТО
Рок-пејачката - мајка во 54. година
Кошарски билет за Европа
Дорис Пак и претседателот Иванов се смирија
Напукнува идилата Иванов - Груевски?
Историски паралели што се наметнуваат сами
Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели
Антикорупционерите останаа без пари
Карикатура
Умреа уште два елена во ЗОО
Британија потопена во Скопје
Стил
Рударите преживеаја 18 дена под земја со туна и млеко