Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Портрет

Петарда во арсеналите на НАТО

Мартин Треневски

Лицето и опачината на најновата провокација на Скопје кон најмоќната воена Алијанса

Соња Крамарска

Во триаголникот Василка Треневска - Глигор Попоски - Никола Груевски, велат високи владини извори, треба да се гледаат мотивите за назначувањето на Мартин Треневски за македонски амбасадор во НАТО. Втората сопруга на Треневски, Василка, е ќерка на некогашниот декан на Економскиот факултет во Прилеп, Глигор Попоски, кој со премиерот Груевски изгради блиско пријателство додека тој ги полагаше таму испитите по економија (1989-1994).

За личност со толку богата политичка кариера, Треневски е речиси анонимус во дигиталното царство на податоците – „Гугл“. „Тоа е затоа што најзначајниот дел од неговата професионална биографија се испишуваше во времето на поранешна Југославија“, цинично коментираат во ВМРО-ДПМНЕ алудирајќи на врските на Треневски со дијаспората, која во југословенскиот режим ја карактеризираа како „бунтовна“.

Митре Треневски, синот на кичевецот Злате Треневски, инаку близок соработник на Лазар Колишевски, подоцна ќе го замени своето име Митре со Мартин. Така ги потпишува и неговите вести што ги испраќаше до некогашната најмоќна пропагандна машинерија Танјуг, од далечната Австралија. Оттогаш, всушност, датираат и неговите блиски врски со дијаспората кои ќе бидат инспирација на премиерот Љупчо Георгиевски во 1998 година да го послуша советот на Никола Кљусев и да го постави Треневски за министер за иселеништво.

„Јас сум дојден во ВМРО-ДПМНЕ преку Борис Змејковски“, им објаснуваше Треневски на своите сопартијци во почетокот на 1990-тите, кога според зборовите на поранешниот лидер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, Кљусев го инаугурира некогашниот дописник на Танјуг за министер за информации во првата постјугословенска македонска влада.



Треневски подготвено го дочекува падот на таа влада и набргу (1995) воспоставува врска со Паневропската унија - најмоќната и најстара невладина организација во Европа, основана и управувана од Ото фон Хабсбург. Разгранокот на Паневропската унија во Македонија го добива својот лидер - Мартин Треневски, кој ќе се задржи на тоа место цели 15 години. По неговото разрешување во почетокот на 2010 година, Паневропската унија во Македонија е управувана од Марјан Ѓорчев.

Сепак, ништо нема да го разниша толку Мартин Треневски колку што беше тоа првата изложба на МПО (Македонска задгранична патриотска организација) во Крушево. Тој замина во Крушево како министер за иселеништво во владата на Љупчо Георгиевски, а се врати како контроверзна личност со необјаснети блиски релации со МПО. Генералниот секретар на МПО, Љубен Топчев, на истата свеченост, во присуство на министерот Треневски, ќе воскликне: „Основната цел на МПО е самостојна, суверена и обединета Македонија со главен град Солун“.

Треневски тогаш ќе објасни дека соработката со МПО како најстара и прва емигрантска организација на Македонците, како што рече, прв ја почнал претседателот Киро Глигоров, а по него работата ја продолжиле амбасадорката во Вашингтон, Љубица Ачевска, министерот за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, и други. На неговите оцени, силно реагираше Блаже Ристоски, негов политички соборец од првата експертска влада, кој ја нарече МПО пробугарска организација.

Ако ги прашате денеска многу видни вмровци, особено такви што извршувале значајни функции, веднаш по осамостојувањето на Македонија, тие со голема резервираност зборуваат за Треневски. Никој не сака да даде оцена за него јавно, но низ добро одбрани фрази даваат до знаење дека Мартин Треневски и за нив е голема енигма.



Љубомир Фрчкоски, кој по осамостојувањето на Македонија вршеше функции министер за внатрешни работи, а потоа и министер за надворешни работи, неодамна во интервју за А1 двосмислено ќе изјави: „Најголемиот дел од министрите во експертската влада 1990-1992 ги доведе Киро Глигоров како негови пријатели, а подоцна излезе дека тие биле сите вмровци“. Оваа провокација на Фрчкоски, како негов придонес во расветлувањето на периодот 1990-1998, остана без натамошни анализи, но сосема сигурно фрла поинаква светлина врз меѓусебните односи на некогашните комунистички кадри каде што недвојбено припаѓа и Треневски. Според неодамна изречените квалификации за НАТО, комунистичката идеологија бездруго се' уште е присутна кај Треневски, а со тоа и кај Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои стојат зад неговата амбасадорска номинација во НАТО.

Љупчо Георгиевски, уште една контроверзна фигура на македонската десница, пред само неколку месеци ќе фрли „бомба“ во македонската јавност, изјавувајќи дека речиси половина од првото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и луѓето што гравитираа таму - биле бугарофили. Но, за Треневски, рекол подоцна Георгиевски, не може да се каже тоа. „Неговите ставови (кон НАТО) оддаваат проруска ориентација“, гласела оцената.

Фактот што Македонија беше дел од некогашна Југославија беше пресуден за испреплетувањето на политичкото минато и иднина на некои од моќните ликови во тоа време. Треневски ја прави таа транзиција сосема мирно и неговата кариера се движи по нагорна линија, од министер за информации и министер за иселеништво до амбасадор во Кралството Шведска назначен од Георгиевски и генерален конзул во Канада назначен од Груевски. Во Канада, Треневски во почетокот ги потпишувал сите документи како амбасадор Мартин Треневски - генерален конзул, што предизвикало реакција од тамошните власти кои барале јасно разграничување на дипломатската позиција на македонскиот претставник.

Треневски, по враќањето од амбасадорската функција во Шведска, ќе поведе и судски спор со овдешното Министерство за надворешни работи кое одбивало да го прими на работа. Извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека подоцна и министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, одолжувал со таа работа, но на интервенција на Груевски, Треневски повторно се враќа на голема врата во македонската дипломатија.



Љубителите на класичната музика веројатно не знаат дека познатото скопско Радио Класик е во сопственост на Мартин Треневски, или поточно управителка е неговата ќерка од првиот брак Бела Треневска, но на чело на фирмата „Гаудеамус“ која стои зад радиото е амбасадорот. Неговите пријатели го опишуваат како многу амбициозна личност и љубител на антиквитети. „Тоа се забележува и во неговиот дом и во пасијата на Мартин да врши прошетки низ Мариово во потрага по такви раритети“, ни рекоа блиски пријатели на Треневски.

Новинарските помодари секогаш бараат балансираност во опсервацијата на јавните личности, но кога е во прашање идниот македонски амбасадор во НАТО, Мартин Тренески, едноставно не е можно тоа. На вагата секогаш натежнува страната на непоматената политичка кариера во два система, која во македонски услови завршува речиси на највисоко ниво што може да го достигне еден дипломат - столче во НАТО. И сето тоа проследено со бројни контроверзии кои е тешко да се расветлат во услови на максимално извртување на стратегиските приоритети на земјата од страна на Владата.

„Солидарноста е нешто што со политички речник може слободно да се дефинира и како политичка и економска агресија на земја-членка на Алијансата врз земја-кандидатка за членство“, рече Треневски во својата беседа пред заминувањето на должноста во Брисел. Идната седмица ова време, доколку се' оди според планираното, Треневски веќе ќе биде македонски амбасадор во НАТО. Но, во чие име тој ќе говори? Во име на националистите во Македонија или во име на интересите на државата?


#
Статијата е прочитана 3508 пати.

Испрати коментар

Од: xxL from Prilep
Датум: 25.08.2010 00:13:36
pak li za ovaj Mitre?epa aj da dopolnam... Vo filmot so tatkoto na zenamu na Mitre,Glisho, i Grujo treba da se spomni i Mile Janakieski,negoviot tatko Mishko(kandidat za pratenik na sdsm) ,bez koj Grujo nemase nikogas da diplomira na ekonomskio fakultet vo Prilep.
Од: Verce
Датум: 25.08.2010 00:34:08
Денот на независноста на Република Македонија, Македонците во Канада го одбележаа во Торонто. Церемонија на одбележувањето почнала со кревање на знамето и изведувањето на македонската и канадската химна пред парламентот на Онтарио За значењето на референдумот и независноста на Македонија, пред поголем број Македонци од сите краишта на земјата, како што јавува МИА, одржал говор нашиот амбасадор во Канада Мартин Треневски, воедно и генерален конзул на Република Македонија во Торонто. Треба да се обележи дека честа прв да го крене македонското знаме му припаднала на првиот претседател на организацијата „Обединети Македонци“ Џејмс Саундерс, по потекло од Егејска Македонија. Инаку, организацијата „Обединети Македонци“ годинава одбележува 50 години од основањето. На свеченоста присуствувале и петте офицери на АРМ, кои се на обука во базата „Борен“, која е во близината на Торонто, во рамките на соработката на армиите на двете земји. Треневски вчеравечер приредил пр
Од: Od Prijatel
Датум: 25.08.2010 00:39:12
Znaci site sto rabotat za Drzavata se Vmrovci pa tova e Normalno a ne kako neprijateli...
Од: Jovan
Датум: 25.08.2010 01:03:19
Вчера во текстот "Како Треневски ги замислува НАТО-интеграциите" посветен на Треневски, изнесовте мислење на Денко Малевски со мислењето требаше да го изнесете и овој коментар на академик Блаже Ристевски за да добиеме целосна представа: Изјавата на Блаже Ристевски изнесена на седницата на собранието на 03.07.1992 година, во изјавата се вели: Денко Малевски е несомнено човек за особена почит...но самиот вели дека е сентиментално врзан за југословенството со кое растел и заедништвото во кое се развивал...Затоа тој неколкупати јавно декларира дека е за сојуз на суверени држави, НО САМАОСТОЈНОСТ, САМО БЕЗ НЕГО...Дури и на 26 јуни, кога се решаваше нашиот статус, во време на седницата на владата, не убедуваше дека треба да се оди на компромис, дека мора да се прифати некоја друга формулација на името, па макар и бивша југословенска Република Македонија и слично...
Од: Cistac
Датум: 25.08.2010 01:22:35
Tekstot go citav so interes se do poslednite pasusi koga stana jasno deka e pristrasno napisan. Zalno, nekoj si zema za pravo da sudi i presuduva. Nistozno i samounistuvacki. NATO i EU ke gi nema Makedonskata nacija ke opstane, Koj vi dava za pravo da presuduvate? Koji ste i sto ste?
Од: dedo dimo
Датум: 25.08.2010 04:24:25
Trenevski bash nisto losho ne rekol ,ako e toa samo shto go spomnavte .Toa e vistinata shto se desi vo Bukuresht. Makedonija ne beshe primena vo NATO, samo shto ne i e ispolnuva zelbata na Grcija za da ne postojme kako drzava .Ako liderite na zemjite chlenki vo NATO bea malce svesni ,trebashe Makedonija da e primnat pod privrenenata skratenka FYROM , neli taka e zavedena Makedonija vo OON .Jas lichno mislam deka so toa ke i beshe staven kraj na Vetoto od Grcija.
Од: miki
Датум: 25.08.2010 04:33:22
Odlicno napisano, nedostasuva Fondacijata za Edinsvo i Razvoj na Republika Makedonija vo koja e istoriski osnovac.Mozebi tuka lezi zajakot zosto nekoj uporno nastojuva da dobie toa sto ke posaka. Vane Cvetanovski mogu raboti napomna. Makedonija i Makedonskiot narod ne zasluziva vakov Ambasador da gi zastapuva nivnite interesi vo Brisel.
Од: Tode
Датум: 25.08.2010 06:03:09
Jas go znam Martin mnogu godini, covek e sto e saka svojata zemja.Iskusen novinar i dokazan diplomat.Ako ne nekoj ne mu e po kefot, toa e nivna rabota. Pred da odi vo Brisel kako ambasador vo Nato, toj so svoite izjavi ja kaza vistinata, i im pokaza zabi na onie koj si igraat so Makedonija.Martin ja iskaza vistinata, i vo toj covek imam golema doverba i ne se somnevam vo negovata ponatamosna rabota. Da zivee Makedonija!Makedonija na makedoncite!
Од: Ljubotan trade name
Датум: 25.08.2010 06:54:44
Bravo!Mnogu otvorena i pregledna storija na Makedonskata vnatresna Laktanica,i edna od najubavite analizi na post Jugoslovenska Makedonija. Site iskreni ,a ne konformisticki analizi velat da se pro Bugarski ,ama ne smeat otvoreno da go exponiraat.Se optuzuvaat ednite so drugite,a vsusnost nemaat hrabrost ,na Makedonskiot narod kade go vodat\Tokmu se znaat; Familiarnite Biografii ,a i nivnite biografii za kogo rabotele i za kogo rabotat..Zosto nikoj od Niv ,nikogas ne se pobuni ,deka Gjorce Petrov, ja negirase Makedonskata nacija, i negovoto ime treba da bide isfrleno od site institucii. Eee, se do togas ne Ti veruvam ,deka si Makedonec!
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 25.08.2010 07:35:03
Mamo...cuvaj me od biografiite na kontroverznite licnosti od nasata politicka scena...A i od nivniot mozok.. Sramno e ova sto ni se slucuva...so Mitre no i so PRETSEDATELOT...Koj namesto sekoj zbor altan...sekoj zbor gaf....
Од: Пинг
Датум: 25.08.2010 07:41:46
Митре-Мартин. Значи не е тешко да си го смениш името. Мартин многу подобро звучи, малку странски, ама модерно. Митре е премногу старинско. Па кој денес му дава име на своето дете Митре? За политичкиот капацитет на дотичниот нема потреба коментар. Да ни е жив и здрав и напред во нови победи. Поздрав до сите Ваши, наши а богами и Нивни. Почитувани коментатори ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА.
Од: ОТВОРЕНО СО СВЕТОТ
Датум: 25.08.2010 07:53:58
На светот отворено секој и обичниот Македонец треба да ја пренесува вистината за Македонија. Над нас е извршен империјалистички злочин во 1913 и од народ поброен и од Грци и од Срби, народ кој нема врска со Турскотатарските Бугари негирани сме и во 21 век. Ниту Солун ниту еден дел од Македонија не припаѓал на никого. Македонија е на Македонците. Секој што мисли поинаку е добар Грк Србин Бугарин. А има книги кои ја потврдуваат македонската вистина.
Од: soares
Датум: 25.08.2010 08:18:58
More me fati strav da ne ja raspadni alijansata Martin so negovite stavovi za nejzinoto postoenje.
Од: Илија
Датум: 25.08.2010 08:21:30
Која е целта сега, за неколку дена, на 31 август 2010 г., во Штип да се соберат сите бугарофили или поточно македонски изроди и заедно со дојдени провокатори од Бугарија, нивни сомисленици, да прават чествување по повод 86 годишни од убиството на Тодор Александров исто така Македонец по род но човек кој прифатил туѓо (бугарско) национално чувство . Човек кој ја сака ослободена и обединета Македонија (неслободна под Српска и Гречка окупација а Македонија под Бугарија ја смета за слободна), кој се бори за слобода на своето племе (бугарско). Тотален антимакедонец, задоен бугараш кој смета дека Македонците се Бугари. Ваков ли идиот ќе слават ВМРО-НП на 31 август во Штип, предводен од провинцијалец случајно влезен во политика, стигнат до врвот и паднат до дното.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.08.2010 09:46:21
Фантазмагорична сторија за успонот на многумина „врвни“и „особено способни“политичари!Лустрација?!Ма,неее...!Ние и натаму си живееме во нашите бајки!Токму од другата страна на огледалото на Снежана,но никако да ги видиме нашите обриси во него!Разноразни Митревци нè водат кон „посветлата иднина“,која најчесто наликува на Црни Темници!Ниту сегашноста не е ништо подобра!
Од: Kontraverzni biografii
Датум: 25.08.2010 10:22:14
Ako se otvorat dosiejata , se pronaliziraat minatoto i korenite na poveceto licnosti koi bea i se na vrvni mesta vo vlasta vo Makedonija , od osamostojuvanjeto navamu i ne vodea niz tranzicijata kon " posvetla idnina i preporod" ce se zabelezi deka poveceto od niv imaat kontraverzni biografii ,kontraverzni politicki stavovi i vrski, koi sega na sekoj nacin sakaat da gi zakamufliraati sokrijat (pa duri eve si gi menuvaat iminjata)Analizirajte go poledniot republicki komunistickiu obvinitel a sega aktuelen minister za pravda, pa prviot nas pretsedatel, , pa g-dinot posleden ambasador na SFRJ vo Irak Andov, pa onaj dopisnik na Tanjug od Meksiko i J. Amerika postaven na taa funkcija blagodarejci na tatkomu , a pokasno vo Vladata na Lubco minister za nadvoresni i onaa "eksperska vlada" na celo so togasniot premier i da ne redam ponatamu. Zatoa kaj nas ne se sprovede lustracijata , a i sega istata se sproveduva kako sminka.Mnogu valkanici bi se otkrile.
Од: eden
Датум: 25.08.2010 11:21:43
i sto sega treba da e dobar onoj koj e bez kicma i svoe mislenje. Ubavo e da imame luge koi ne se ligavat pred strancite i imaat samopocituvanje.
Од: ЗОШТО СРБОМАНСТВО
Датум: 25.08.2010 13:41:18
Малку друга тема ама. Читајте коментари во истиов весник за Новаци. Тоа што некого напаѓате за пасоши или отворено бугарофилство ако е. Ама колку се такви. Мислам многу малку. Ама србоманството е масовно. Кој е оној шутрак што напишал за Новаци во Прва свет војна губитник бил српскиот народ. А Прва е водена за делбата на Македонија и македонскиот народ поброен од Грци и Срби а нема врска со Татари го снемало. А бе вие уште ли со српско школо сте. Македонија по музиката како бановина е, на сите страни српска. Спорт. ТВ. До кога бе.
Од: veronika
Датум: 25.08.2010 15:12:22
Ех, тој своето име си го сменил, па ќе се бори за името на државата....
Од: Миле - Охрид
Датум: 25.08.2010 15:51:47
„политичка и економска агресија на земја-членка на Алијансата врз земја-кандидатка за членство„ Со со кој од овие факти не се слагаат подржувачите на грчките шовинистички барања ѕа промена на нашето име?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Специјална класа
Четири години изедени од празни ветувања
Рок-пејачката - мајка во 54. година
Кошарски билет за Европа
Дорис Пак и претседателот Иванов се смирија
��апукнува идилата Иванов - Груевски?
Историски паралели што се наметнуваат сами
Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели
Антикорупционерите останаа без пари
Карикатура
Умреа уште два елена во ЗОО
Британија потопена во Скопје
Стил
Рударите преживеаја 18 дена под земја со туна и млеко