Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Дорис Пак и претседателот Иванов се смирија

Европарламентарката Дорис Пак и претседателот Ѓорге Иванов вчера ги измазниле разликите, откако еден ден претходно таа му се закани на македонскиот лидер дека ќе го даде на суд доколку не ја повлече изјавата оти Македонија во 2005 година одбила евроинтеграција во НАТО и во ЕУ под референцата и дека тоа му го соопштила токму таа.

Вчера Пак се сети дека, сепак, се сретнала со претседателот Иванов на комеморацијата за Сребреница во јули, но настанот не дозволувал да расправаат за спорот за името. Пак нема да бара ниту јавно извинување, откако претседателот ја уверил дека новинарите ја искривиле целата приказна.

Од Кабинетот на Иванов вчера не сакаа дополнително да коментираат посочувајќи на реакцијата упатена до медиумите претходниот ден, во која беше наведено дека на контроверзниот брифинг со новинарите во Охрид претседателот, со намера „да поттикне истражувачко новинарство околу евроинтеграцијата на земјата“, ги охрабрил новинарите да бараат интервјуа од клучни актери на домашната и на меѓународната сцена, меѓу кои и од Дорис Пак, за да имаат комплетна слика на случувањата околу овој процес. Признавајќи дека средбата со Пак била куса, од Кабинетот додаваат дека таа активно се залага за остварување на оваа стратегиска определба на Македонија и оти новинарите треба да бидат коректни во известувањата за да не предизвикуваат вакви недоразбирања. Инаку во посочениот период кога Македонија, наводно, одбила понуда за евроинтеграција претседател беше Бранко Црвенковски, а премиер Владо Бучковски. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 2290 пати.

Испрати коментар

Од: Od fakelaki
Датум: 25.08.2010 00:16:08
Kako i uvek lagi i prepaganda i ovoj pat ne mu uspea....
Од: Mik
Датум: 25.08.2010 02:03:13
Za ova nema nikakov komentar, blam neviden !!!
Од: perica
Датум: 25.08.2010 04:02:15
Vo navedeniot period,pretsedatel bese Gligorov a premijer Crvenkovski.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 25.08.2010 07:37:19
Se sramam od ovoj sekakov i nikakov.
Од: СДСМ ДА КАЖЕ ШТО БИЛО
Датум: 25.08.2010 08:11:55
Не Дорис и Иванов тогашната власт да каже. Кој беше за независна Македонија требал да ги следи постапките на Словенија и Хрватска и ке се фатеше ЕУ возот. Грција доби во време. Свесни ли се србославците што и сторија на Македонија.
Од: Hari
Датум: 25.08.2010 08:47:25
Pred izborite koga Frcko velese javno deka covekov e nedoveten mnogumina go napagjaa Frcko, no sega stanuva jasno deka imal pravo i toa kako. No ne pomalku ja bruka Makedonija i ostanatite takanareceni diplomati na DPMNE. Baravte dobivte.
Од: До „СДСМ ДА КАЖЕ ШТО БИЛО“
Датум: 25.08.2010 09:08:38
Ееее бугарофилче,ако во 1995 год. беше ДПМНЕ на власт навистина ќе го следевме патот на Хрватска.Едно прашање до тебе:Што знаеш ти за Хрватска и што се случуваше таму во 1995? И после кога Фрчковски вели дека сте морони,вие велите дека вреѓал...
Од: pandora
Датум: 25.08.2010 10:00:20
So vakva mediumska podrsska sramota e SDSM da ne pobedi na izbori. Pa duri izvrtuvate i koj vo 1995 godina bil pretsedatel i premier.
Од: јас
Датум: 25.08.2010 10:58:56
КОга на некого сите му се криви , а самиот тој е невин , тогаш човекот „ длабоко загазил“.. Ама и овој се покажа како добро учениче на својот учител - овчарот , кој па од своја страна беше добар ученик ( кој што го надмина својот учител , бугаринот)...Се срамам самиот од постапките на нашиот „претседател “...
Од: ane
Датум: 25.08.2010 11:44:01
Ostavete go Ivanov na raat, ako nemate za sto da pisuvate vo letniov period neznaci deka treba da go ocrnuvate nego i da i odmagate na Makedonija
Од: bitola
Датум: 25.08.2010 12:38:52
kako i sekogas lagi i nevistini od strana na komunjarite koi zaludno se obiduvaat da dojdat na vlast i so lagi i nevistini da go ocrnat imeto na vmro dpmne
Од: ФРЧКО ДА КАЖЕ
Датум: 25.08.2010 13:00:01
Фрчко биди искрен и кажи му на овој што навредува неосновано дали требаше да ги следиме Словенија и Хрватска во 1990 ако веќе сакаме ЕУ. Кој е МОРОН всушност. Да ако ги следевме денес ке бевме во ЕУ. Сакавте Србославија ете ви ја. Се грижевте за Србите на Косово или краините кои им ги однесе БУРАТА. Ама Македонија мила заостана. Со кое право ке не нападнеле бе србоманче.
Од: ANONIMEN
Датум: 25.08.2010 14:20:47
jas licno mu veruvam na Ivanov zasto sigurno nikoj stranski diplomat ne raboti poveke za interesite na drzavata od sopstveniot presedatel na drzavata vo slucajov MAKEDONIJA

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Специјална класа
Петарда во арсеналите на НАТО
Четири години изедени од празни ветувања
Рок-пејачката - мајка во 54. година
Кошарски билет за Европа
Напукнува идилата Иванов - Груевски?
Историски паралели што се наметнуваат сами
Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели
Антикорупционерите останаа без пари
Карикатура
Умреа уште два елена во ЗОО
Британија потопена во Скопје
Стил
Рударите преживеаја 18 дена под земја со туна и млеко