Џана Нанини
Рок-пејачката - мајка во 54. година
Италијанската рок-ѕвезда Џана Нанини, позната по хитот „Бело импосибиле“, а кај нас и по соработката со Тоше Проески во песната „Арија“, се решила за мајчинство на повозрасни години, како и се' поголем број жени, кои поради кариерата не стигнале порано да родат. Џана Нанини првпат ќе стане мајка во 54. година. Моментално �� во петтиот месец на бременоста, а во Лондон го снима своето ново ЦД, кое ќе излезе идната година.
Најмалку две работи се интересни во бременоста на Џана. Првата е нејзината возраст, што значи дека може да се забремени и по одреден природен циклус. Гинекологот Северино Антиори, познат стручњак за вештачко оплодување кај повозрасни жени, вели дека жените во просек живеат 83 години, па станува нормално да се посакуваат деца и на подоцнежна возраст. „Моментално има повеќе од 500.000 жени постари од 50 години кои се бремени или веќе родиле дете“, изјавил Антиори.
Втората занимливост е што се сметаше дека Џана е сексуално наклонета кон истиот пол. Своевремени таа изјави дека не е хомосексуалка, но ниту бисексуалка, односно „јас сум личност која нема потреба да се сместува во некоја категорија“.
Нејзиниот брат Алесандро Нанини, бивш возач на „Формула 1“, изненаден е со веста, но веднаш и' ја понудил својата помош на Џана во чување на детето, „бидејќи таа постојано е на пат“. |