Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Кошарски билет за Европа

Сашко Ѓ. Димовски

Арената „Борис Трајковски“ продуцира нови национални херои. Беше вистинска чест и задоволство да се биде во неа и да се ужива во партиите на нашите најдобри кошаркари ова лето, во квалификациите за ЕП 2011 во Литванија. Во сите ја добиваа потребната поддршка каква што не паметиме за ниту еден друг колектив во последните години.

Се бараше билет повеќе за мечевите со БиХ, Украина, Унгарија, ситуацијата кулминира викендот пред гостувањето на Велика Британија. Настана бркотница за парчето хартија вредно 200 денари. Сите со нетрпение го очекуваа стартот на продажбата, а кога беше означен, салата беше распродадена и тоа за неколку часа.

Тоа е доволен показател за гладот и жедта на македонскиот народ за успех, за радост, за враќање на насмевката на лицата и не само од спортска гледна точка, туку воопшто.

Нашата спортска убавица во понеделникот ја наполнија околу 10.000 гледачи, интерес каков што немало од времето на Кометал Ѓорче Петров кога „газеше“ низ Европа и го зазеде тронот во ракометната Лига на шампиони на чија посетеност можеа и се' уште можат да и' завидуваат и да ја посакуваат и политичките партии во земјата на нивните митинзи. Лани бевме сведоци на јагма за билети за гостувањето на европскиот, сега и светски, шампион во фудбал, Шпанија, и во јули оваа година кога дојде англискиот фудбалски гигант, Ливерпул.

Кошаркарите и радоста што тие ја приредија во изминатите три недели претставува издувен вентил на сограѓаните за полесно подне��ување на августовските горештини, но и за напластените фрустрации во општеството. Кога речиси ништо не оди во државава, им појде од рака ним на општо задоволство на сите нас. Одлична промена на секојдневната монотонија во државата на политички и економски план.

Сите божем нешто работат, а резултати нема во поглед на подобрување на животниот стандард на граѓаните и движење кон излез од клаустрофобичниот тунел во кој се испреплетуваат инает, продавање ветар и магла, празни ветувања, манипулации. За здогледување на светлина да не говориме. Далеку е таа за очите на Македонецот, како што тргнала работата - уште долго ќе трагаме по неа.

Ама затоа резултати, спортски, има. Кога се ветуваат, најавуваат и требаат, тие се реализираат, за разлика од некои други. Тоа го виде целиот државен врв во понеделникот во „Борис Трајковски“. На трибините можеше да се забележи најголем дел од министрите во Владата на Република Македонија, на чело со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, но и претставници на опозицијата, како Јани Макрадули, а и американскиот амбасадор во нашата земја, Филип Рикер, и тоа во македонски дрес.

Сите уживаа во кошаркарската претстава со хепиенд за нас. Меѓутоа, ако ништо друго, нашите „вредни“ политичари од генерацијата 24/7, па и оние контра нив, барем знаат да се сликаат во секоја пригода за промоција и продажба на божемно успешната македонска приказна.

Затоа треба да се лоцираат приоритетите. Да се подигне свеста кај оваа и кај идните владејачки гарнитури за вложувања и инвестиции во спортот.

Само така ќе може да се надеваме и да очекуваме квалитет и резултати во иднина. Тие, пак, сами по себе ќе бидат доволни за достојна презентација на државата надвор од нејзините рамки.

И тоа бесплатно наместо досегашните расфрлања со пари, и тоа народни, по разни медиуми и скапи промотори за наше доближување до светот и претставување на земјата, капацитетите, природните убавини, кои, за жал, не носат резултати иако секогаш ќе се најде по некој паметен што ќе го тврди спротивното.


#
Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 25.08.2010 00:26:30
Navistina e prijatno i vozbudlivo da se sledat mecevite na nasite kosarkari. Nasite momcinja igraat se podobro i so pravo ke ja pretstavuvaat Makedonija na EP vo Litvanija (mislam deka plasmanot e veke obezbeden). No ne mozam a da ne kazam deka ovaa praksa da se igra samo vo Skopje e ponizuvacka za ostatokot od nacijata. Makedonskata reprezentacija im pripaga na site gragani podednakvo i morase barem eden natprevar da se odigra vo nekog grad od vnatresnosta na zemjata. Pozz
Од: t25
Датум: 25.08.2010 00:50:11
da ne bese ovaa vlast se uste ke igravme vo nekoja sala so 1000 gledaci---da ne bese ovaa vlast---gradski stadion ke imase samo edna tribina---ovaa vlast gi isprati kosarkarite na evrospko prvenstvo-organizirase evropsko vo rakomet za zeni---isprati vaterpolo reprezentacija na evropsko i svetsko---izgradi bazenti---igralista--ucilista--dava kompjuteri---sevo ova e samo zaradi mladinata d a zastane na zdravi noze i da ima nekoja idnina,a ne radi nekoja reklama ili adut za izbori---vladite si idat ii idat novi--no ovie objekti ke se raduva cel narod--za zal izmitaite vladi ova go zaboravaa da go napravat---i sega se pocnuva sve od pocetok---
Од: Da Vinci_ Leo
Датум: 25.08.2010 13:28:19
Да не беше оваа власт, ќе имавме преговори со ЕУ, поголеми плати, среќни луѓе, што 3 ипол литри јогурт ги пијат во еден ден!!!
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 25.08.2010 15:33:22
Do Demokrat vo Potpolno pravo ste ,a voedno i se slozuvam so vas treba nasata MAKEDONSKA REPREZANTACIJA -CRVENO ZOLT MAKEDONSKA ZVEZDA da nastapuva vo site sali kako na pr MZT -SK ,a i vo VELES MAKEDONSKI ,kako nov mozen predlog za gradot ,no istovremeno i zamena na Gradskta sala 25-MAJ,v o VELES MAKEDONSKI I GOLEM POZDRAV .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Специјална класа
Петарда во арсеналите на НАТО
Четири години изедени од празни ветувања
Рок-пејачката - мајка во 54. година
Дорис Пак и претседателот Иванов се смирија
Напукнува идилата Иванов - Груевски?
Историски паралели што се наметнуваат сами
Трибуналот не открива дали Тарчуловски ќе се сели
Антикорупционерите останаа без пари
Карикатура
Умреа уште два елена во ЗОО
Британија потопена во Скопје
Стил
Рударите преживеаја 18 дена под земја со туна и млеко