И тоа го доживеавме. Во Македонија невработеноста била толку многу висока што европските статистичари за нас ќе формирале посебна категорија, во која би можеле да не' сместат според овој критериум. Педантните Европејци мереле, сечеле, но на крај само во немоќ констатирале дека Македонија мора да се тр��тира како приказна сама за себе кога се набљудува низ призмата на овој проблем.
Луѓето од Евростат, колку и да не сакале, морале да забележат дека во нашата држава стапката на невработеност не е само малку повисока отколку на другите места во Европа, туку многу, многу подраматична. Тоа е факт дури и кога Македонија се споредува со земјите што се сметаат за своевидни рекордери на тој план. Како такви се посочуваат Шпанија и Латвија, каде што процентот на „несреќници“ што бараат работа достигнал до 20 отсто, или една петтина од нивната популација. Но, што е оваа стапка за нашата успешна реформска и преродбеничка приказна? Ма, ве молам, па 20 проценти за нас се мачкина кашлица. Ние веќе сме дошле до 33,6 проценти, толку многу наши граѓани секој ден безнадежно чекаат да им се јави некој од Агенцијата за вработување и да им каже дека им нашол каква било работа. Ама работа во Македонија едноставно нема.
Веројатно службениците од Евростат не можеле доволно да се изначудат кога ги правеле своите анализи, прашувајќи се која ли е таа „лузерска“ држава на европска територија, што си дозволила дури една тр��тина од нејзините жители да немаат работа и да живеат на туѓ грб. И за трагедијата да биде уште поголема, европските статистичари немаат ни трошка оптимизам дека работите ќе тргнат на подобро, односно дека Македонија би можела да го искористи светското економско закрепнување за да ја подобри состојбата со вработеноста. Засега, драги мои, толку од преродбата.
Проблемот е во тоа што дури и оние кои не чекаат да бидат викнати од Агенцијата за вработување, туку се трудат да започнат и одржат сопствен бизнис едноставно не можат да се опстанат во бизнисот од премногу давачки а и заради многу i контрддикторни и остри закони и прописи. УЈП одеднаш блокира илјадници сметки на фирми, извршителите ќе ги дотолчат не само по основ на долгот туку и за ссптвен супер заработка, а после ликвидацијата тие луѓе ќе немаат исти шанси и за вработување како младите - исто како иј стечајците.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 25.08.2010 07:30:33
Sekade sme na vrvot...na NEDOVETNOSTITE...a so segasnava vlast i poveke???
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.08.2010 09:28:15
Гледано од Земјата на чудата,ваквата невработеност е наше стопанско чудо!Поим за напредок и успешно работење на сите досегашни Влади!Продукт на „врвни“политичари и експерти!Не само што имаме Виртуелна Вработеност,кај нас постои и Виртуелна невработеност!Всушност Виртуелна е и самата Агенција за вработување,која не може да послужи ниту за информирање за слободни работни места,а не пак,за вработување!А и ако се информирате,за работното место веќе има „способе��“кандидат кому му се знае и бројот на чевлите!Неколку работни места,може дури и еден човек да ги извршува!Тоа е најчесто необично „надарено“ партиско човеченце,кое е неверојатно „талентирано“за сите можни работи!Чудо од интелект,кој и покрај приземниот и неверојатно нискиот коефициент,покажува „особени резултати“во неколку области!Процентот е позитивен единствено за домашна публика-гордост на успешната економска борба и просперитет!Гледано од надвор,приказната се менува и ги добива реалните обриси!Повторно сме најдобри,најуспешни!
Од: кактус
Датум: 25.08.2010 10:51:56
Е, ова би требало да го примиме како комплимент. Сме биле толку специфични во нешто (невработеноста) такашто немале критериум да не споредат и оценат. Тоа ти се вика оригиналност! Никој не може да не имитира! Работата ни тргна. Браво за бладата!
Од: Вераг
Датум: 25.08.2010 11:14:49
Први во Европа сме и по стапката на умирање на новороденчиња и по слабокрвнист на населението.Каде е сега Груевски, са неговата свита наредена зад неги да ни го соопшти ова. Всушност,одамна не ни соопшио нешто добро.
Од: Стеф
Датум: 25.08.2010 13:30:18
Г-ѓо Фиданоска само една мала исправка:Кога ќе кажете 33,6% невработеност тоа не значи дека толку проценти од вкупниот број граѓани чекаат работа туку тоа е процент од работоспособното население.Се надевам дека ќе се исправите во згодна прилика.