Потпретседателот на ДПА, Имер Селмани, вчера и официјално го известил лидерот на партијата Мендух Тачи дека ја напушта партијата, најавувајќи дека деновиве и официјално ќе излезе со иницијативен одбор за формирање нова партија. Вчера од партијата на Тачи прв пат го прокоментираа потегот на потпретседателот Селмани, оценувајќи дека неговото заминување е погрешен чекор.
„Писмено ќе го известам Тачи за мојата оставка од сите позиции во партијата, од потпретседателското место и од функцијата член на Централниот одбор, бидејќи моето ново политичко дејствување не кореспондира повеќе со партијата во која бев член изминативе 12 години“, изјави Селмани во вчерашното интервју за телевизија Алсат-М.
Тој посочи дека партијата ќе има и пратеничка група, но притоа не соопшти имиња на пратеници кои ќе се приклучат кон новиот политички субјект, а не сакаше ниту да го обелодени и името на партијата. Одлуката за неговото напуштање на ДПА ја образложи со тоа што била формирана критична маса во партијата која не се согласувала со политиката на Тачи.
„Состојбата кулминира последниве месеци, особено по завршувањето на изборниот процес и начинот како се менаџираа парламентарните избори годинава и, дефинитивно, идентификувајќи се себеси со голем дел од членството видовме дека веќе не сме дел од оваа партија за која мислевме дека може да ја смени состојбата на Албанците во Македонија. Секојдневните пресметки со другите албански политички фактори, соочувањето со меѓународната изолација, лошото менаџирање на соработката со Албанија и со Косово создадоа голем критична маса во партијата“, наведе Селмани.
Од ДПА заминувањето на потпретседателот Селмани го оценија како легален, но погрешен чекор.
„Во демократските општества и во демократијата тоа е нешто дозволено, нешто сосем легално. Ние не му спориме на господинот Имер Селмани да мисли поинаку и да дејствува поинаку, но сепак мислиме дека во овој момент тој прави голема грешка што формира нова партија“, изјави Бесим Догани и додаде дека не очекува дека ова би предизвикало и поделба на пратеничката група на ДПА. (Св.У.)
ne znam dali thaqi ke mu dozvoli na selmani tek taka da si odi od negovaa partija ,bidejki toa ke i donese golema steta na dpa, thaqi e poznat kao diktator vo negovata partija kade vo momenti gi osamarel negovite sopartijci selmani e novata nadez ne samo za Albancite nego za MAKEDONIJA i Makedoncite, MU POZELUVAM USPEH
Од: gragjanin partiski neopredelen
Датум: 05.09.2008 06:49:45
Sreqno Selmani vo novite politicki vodi. Edna amaterska prognoza, krajot tie los za zal-razocaruvacki. Znaes zasto g-podine Selmani bidejqi rabotese so instrukciite na Gruevski i si negov milenik. Odamna mu precese na Menduh Taci zaradi tvoite golemi simpatii i bliskost so Gruevski. Dobro sto zamina, pameten potez, zasto i taka Taci qe te brkase kako mnogu drugi pred tebe, taka qe zavrsi i Vejseli kako sto zavrsi, Mevlan Tahiri kako sto zavrsi Bardul Mamuti site nezadovolnici kako tebe,
sepak sreqno no te ceka teska rabota,
Од: luku
Датум: 05.09.2008 10:30:29
Na albancite ne im e potrebna uste edna partija ,nego i tie sto se pravat deka se nositeli na ovie partii sto se na vlast da sednat da srabotat nesto deka na i na niv ce im dojde vreme da izgasnat i toa preku noc.Krajno vreme e da se smirat , a kompleksite da gi lecat na drugi nacini, i da se osvestat deka zavisat od ovoj narod na koj samo mu obecavaat nesto a od toa nisto ne realiziraat.Gospod neka im pomogne na nasite politicari ama izgleda i toj kako narodot dignal race.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 05.09.2008 12:53:57
Eden od retkite politicari vo Albanskiot blok, koj iskreno go pocituvam zaradi inteligencijata, zaradi stabilnosta i umerenosta vo odnosite so lugeto, kako i vo nastapite. Harizmaticen covek, koj ima mnogu da kaze vo politikata, vo poitivna smisla. Sekoja cest na odlukata, i mu posakuvam mnogu uspeh i sreka vo natamosnata kariera. Iskreno.