Голем пожар во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста вегетација избувна вчера попладне на Градешка Планина кај Валадново. Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување веќе се на терен во обид да го локализираат пожарот, а побарана е помош и од армиските хеликоптери. Од Дирекцијата велат дека огнената стихија брзо се шири, бидејќи пред неколку години на истото место имало пожар, па затоа новата вегетација брзо се разгорела. Огнот бил предизвика од искрите од апаратите на градежните работници кои работеле на мост во близина на местото каде што избувнал пожарот. (Ј.К.)