Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Треба кампања за мирни и фер избори

Соња Крамарска

Политичките партии како и многу пати претходно, пак ја започнаа предвреме кампањата за следните избори. Иако до нивното следно соочување во битката за освојување на градоначалнички места, советници во општините и како шлаг на тортата заземање на претседателската функција остануваат четири месеци, тие наголемо се веќе меѓу граѓаните и во медиумите. ВМРО-ДПМНЕ и Владата оставија речиси се' на страна и се упатија низ селата и градовите, а опозициските социјалдемократи ја засилија својата активност во парламентот и со прес-конференции.

Но, речиси како сите да подзабораваат еден многу важен момент, а тоа се предупредувањата од Брисел и од Вашингтон дека Македонија веќе не може да си дозволи ниту еден кикс на изборите. Изборниот процес мора да биде демократски и, што е уште поважно, да помине во мирна атмосфера, а не во услови на „воена“ состојба, како што беа јунските предвремени избори.

Независно што главната причина за напнатоста на изборите беа двете албански партии - Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Демократската партија на Албанците (ДПА), македонскиот дел од политичкиот кампус има своја одговорност за таквите состојби.

Најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ ги држи сите лостови на власта, вклучително и полицијата, која треба да реагира спрема потенцијалните закани за изборниот процес, и посредно судството, кое треба да изрекува санкции против прекршителите. Поради фактот што е власт, владејачката партија има и други инструменти на располагање да влијае врз етиката на албанските партии.

Опозицискиот СДСМ, пак, иако не може директно да влијае, сепак, преку своите релации со одредени партиски структури од албанската етничка заедница може ако сака да придонесе кон подобрување на амбиентот и подигање на свеста за мирни и демократски избори. Нивните врски не се толку видливи, но се чувствуваат речиси кај секој поголем политички процес во земјава.

Новина во амбиентот сега е фактот што албанското политичко милје е збогатено со уште една партија - Нова демократија на поранешниот министер за здравство од ДПА, Имер Селмани. Во неговата партија преминаа и други истакнати членови од ДПА, а со оглед на неговите пријателски односи со Груевски, јасно е дека постои мотив и на двете страни за Нова демократија да стане повлијателна политичка сила меѓу Албанците. Тоа, пак, ќе го усложни дополнително и без тоа напнатиот амбиент во албанскиот кампус.

Но, најважно од се' е што нашата земја е под зголемено набљудување за претстојните избори кои станаа деветти и клучен критериум во процесот на зачленувањето во ЕУ, а иако тоа не се спомнува во НАТО- критериумите, јасно е дека квалитетот на изборите ќе има влијание и на имиџот на Македонија во очите на Алијансата.

Затоа е потребна широка кампања за предочување на сите последици со кои може да се соочи младата македонска демократија ако се повтори јунското сценарио при одржувањето на вонредните парламентарни избори. Укажувањата на меѓународната заедница, очигледно, не се доволни сами по себе да го истакнат значењето на овој момент за Македонија.

Потребно е премиерот Груевски и неговите соработници при нивните посети на градовите низ земјата, на трибините и средбите што ги одржуваат со граѓаните, постојано да апелираат за воздржување од провокации спрема политичкиот противник или предизвикување инциденти.

Такви апели треба да упати и СДСМ, бидејќи одговорноста за иднината на земјата е кај сите граѓани, но првенствено кај политичките фактори независно кој е на власт а кој во опозиција, бидејќи тоа се менува.

Но, клучно и над се' е да се направи „машки“ договор со Албанците кои најчесто ги генерираат најголемите проблеми при изборите. Без таков договор попусти се посетите на селата и градовите, митинзите, прес-конференциите.


Статијата е прочитана 376 пати.

Испрати коментар

Од: mitre
Датум: 06.12.2008 01:02:36
ne treba kampanji za da se trosat pak pari na reklami. treba dueli i debati ama od toa vlasta bega i cvika od sdsm svesna za svojot "kapacitet". potoa, treba da e jasno deka najgolema odgovornost ima vlasta zatoa to gi ima mehanizmite da se spravi so neregularnosti. jadni bea objanuvanjata od sitel i vlasta deka albanskoto naselenie kaj sto e tamo ima problemi, demek oni se krivi nie ne sme odavde. i na kraj ni u son ne smeat da se dozvolat i pojavi na duplikati kako baba rada shekerova i sl i toa taka da pomine kutenkata a vmrovcive se falat kako ja z...znale opozicijata so ovoj izum. nemaat gram vospitanie i kultra da go svatat ova
Од: mark
Датум: 06.12.2008 08:22:40
Pocituvana Sonja:1.izborite nese fer zatoa sto kampanjata trae 360 d. gi trosat nasite pari i oko ne im trpnuva.2 ne m odgovara EU iNATO vo nivno drustvo ke mora da igraat po drugi pravila a GRUJO I propadnatite sdsmovci kako stavreski i bocevski mazat da setaat samo po selo bez kucina.3 Go slusam vo Veles veli;Grcija zaradi izbori nema da saka pregovori e bas e boli grcija du.. im odgovara 100 g. da pregovarame no za cudo toa pali i palese za izborite gi ima dosta so portokalovi naocari i gledaatsamo med i mleko.4mi veli eden prijatel koj odi na tribini ;koga kasni nekoj od SDSM vo salata se slusa ma kadee u p.... m...... na tribina na Vmro Grujo kasni eden sat stama nikoj nisto ne zboruva e toa tie diktatura koja e ima vo venecuela.Potsetuvanje,Cavez rece na TV ako ne pobedime na ulica ke gi iznesam tenkovite za zal nie sme na istiot pat zatoa EU,SAD,NATO ne otpisaa NEKA E SREKNA NOVA 1949 zalno ama vistinito
Од: Mile
Датум: 06.12.2008 09:15:58
Ne biva fer izbori so ovie vmrovcive.Tie se bolni za vlast.
Од: od Mileica
Датум: 06.12.2008 11:08:39
Za ljubov i za kavga se potrebni dvajca. Isto e i za fer izbori.No,ovie SDSM-ovcite se bolni za vlast,a koga ja imaat ja zloupotrebuvaat (Bacilo,Fikom,Tenkovi i sl).Pa zatoa sme tamu kaj sto narodot i drzavata ne zasluzuvaat.VMROVCI i SDSMOVCI za dobroto na Makedonija OBEDINETE SE vo kampanjata za demokratski i fer izbori. Ne napagajte se edni so drugi, izlozete gi vasite programski pogledi za vo idnina.Aj,dosta se zanimavavte so istorija
Од: meto
Датум: 06.12.2008 18:15:30
Многу објективни констатации и размислувања.Ама за кого.Имам впечаток дека изборите во март најмалку ке бидат демократски и фер.не ги гледам албанците како повод за нерегуларности.Алчноста за власт на локално ниво од страна на локалните вмровски јастребчиња ке ги направи изборите нерегуларни.Грујо треба дебело за размисли и да обмисли дали може истовремено да организира два типа на избори,сосем различни по политичката тежина и политичката мотивираност.Лично мислам дека ако се спроведат само претседателски избори мотивацијата кај краганството (вклучително и албанскиот блок)за било какви нерегуларности се сведува скоро на нула.Граганите ке је имаат во предвид потребата највисоката политичка функција во државата ,истата да се легитимира и како демократско општествео.Демократичноста и фер можат да ги загрозат локалните избори каде што политичкиот интерес на сите партии е несомнено голем.Ставањето во куп на едите и другите ке направи поголема мешаницаМожеби потајно тоа го посакува и ЕУ??!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Библиски потоп во Радовиш
Зденко
Сакам да оставам белег во Собранието
Високо германско одликување на Срѓан Керим
Претходен број
Вербатим
Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Лидерите на ЕУ ќе ни дадат само обврски
Во ново јато за НАТО
Современи Потемкинови села
Славески повторно во центар на собраниски скандал
Нов фељтон на „Утрински“
Кражба на столетието во Париз
Доаѓа Хилари
Почина поглаварот на Руската црква Алексиј Втори
Карактерот на власта
Карикатура