Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кражба на столетието во Париз

Од златарница на авенијата „Монтењ“ украдени скапоцени камења во вредност од 80 милиони евра

ПАРИЗ - Вооружени крадци извршија една од најголемите кражби на накит во светот, во позната продавница во Париз, и побегнаа со дијаманти и скапоцени камења во вредност од 80 милиони евра, соопштија вчера иследниците. Четворица крадци во четвртокот го украле речиси целиот накит што бил изложен во златарницата „Хари Винстон“ на авенијата „Монтењ“, која привлекува богата меѓународна клиентела надвор од Елисејските Полиња.

Кражбата била добро испланирана, јави извор од истражниот тим за агенцијата Франс прес. Крадците ги знаеле имињата на некои од вработените во продавницата и местото на некои скриени кутии за накит. Двајца од четворицата крадци биле маскирани како жени и успеале да го избегнат мошне безбедносниот систем за надгледување и да влезат во бутикот во четвртокот во 16,30 часот, во екот на празничната сезона за шопинг. Користејќи оружје, тие им се заканиле на некои од десетината вработени и муштерии и ги собрале во еден агол, додека дел од персоналот претрпел удари, тврдат иследниците.

Кражбата првично беше проценета на над 62 милиони евра, но вчера изутрина податоците беа коригирани на 80 милиони евра, поради што е досега најголема кражба на накит во Франција.

Полицијата соопшти дека имаат работа со „големи професионалци“ кои прецизно го планирале делото и добро го познавале распоредот на златарницата, што укажува дека можеби се работи за внатрешен случај. Крадците кои, наводно, зборувале француски, собрале брошеви, прстени, ѓердани и други украси во торбите и брзо заминале, без да истрелаат куршум.

Не се исклучуваат никакви можности, вклучувајќи дека крадците можеби имале врски во Источна Европа каде што пленот би можел да се продаде, спротивно на Западна Европа, каде што таква украдена стока со висока вредност брзо би била откриена. Полицијата го опиша источноевропскиот пазар како „нов елдорадо за трговците“ кои се обидуваат да се ослободат од украдената стока. Полицијата вчера ги сослушуваше муштериите, вработените и случајните минувачи во обид да дојдат до заклучоци.

„Хари Винстон“, златарница која е специјализирана за ултралуксузен накит, беше ограбена во октомври минатата година, кога вооружени крадци украдоа вредни предмети од околу 10 милиони евра. Осигурителната компанија понуди награда од 500.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на крадците, но тие не беа пронајдени.

Синџирот американски златарници има продавници низ целиот свет, продава скапоцени камења на кралските семејства, и им најмува на филмските ѕвезди за настани како што е Канскиот филмски фестивал или доделувањето на оскарите во Холивуд.

Белгија го држи рекордот за најголемата кражба на накит во светот, кога дијаманти во вредност од 100 милиони евра или повеќе беа украдени на 14 февруари 2003 година во Антверп. Ѓердан во вредност од 1,8 милиони евра беше украден во јуни 2001 година од продавницата „Александре Реза“ во Кан на француската ривиера, а еден месец подоцна следеше кражбата во продавница на „Ван Клиф енд Арпелс“ во истиот град, во вредност од 3,8 милиони евра. Меѓу другите познати кражби, три продавници во Париз беа ограбени во октомври 2001 година од лажливец кој се претставуваше како богат кувајтски емир, кој успеал да побегне со накит од 2,2 милиона евра. (АФП)


Статијата е прочитана 1088 пати.

Испрати коментар

Од: FANTOM
Датум: 06.12.2008 00:17:10
e bogami dobro gi skroile ovie banditive ,i toa na dosta ugledno mesto ,kade ima dosta posetiteli. a i sumata e solena sto e za pofalba i eden od rekordite za vo gingisovata kniga.za vo sekoj slucaj ova e za pozdravuvanje.
Од: kemba
Датум: 06.12.2008 00:24:17
Алал да им е, тоа се хероите на 21 век. Аздисаја од пари!
Од: holandija
Датум: 06.12.2008 01:15:21
Ovie gi kazaa bile nekoja ex-jugoslovenska mafija. Samo da ne napravat nekoja vojna na balkan so olku pari. Boze cuvaj od zlo!
Од: bankarot
Дат��м: 06.12.2008 02:11:39
eh neznaele na koja vrata da cuknat masala arno gi olesnile ne e za opravduvanje ama se podeli svetov na krajno bogati koj azdisuvaat vo raskos i krajna beda koja se davi i tone vo siromastija golemi razliki.
Од: Skopje via Aerodrom
Датум: 06.12.2008 08:05:26
Vo zatvor i den da ne vidat, a isto i za dvajcata so debilnite komentari pred mene.
Од: Robin Hud
Датум: 06.12.2008 10:50:33
vakvi krazbi vo potpolnost opravduvam. Toa se pravedni karzbi, bidejci robata koja ja kradat e roba koja ja upotrebuvaat prebogatite i ' azdisanite" od bogatstva ludje. Znaca all da im e i im pozeluvam nikogas da ne gi fatat.
Од: ice
Датум: 06.12.2008 11:05:31
Iako ne e vo red da kazeme deka napravile dobro delo sto ukrale tolku nakit,ama edno e sigurno,ako bogatite imaat tolku pari za kupuvanje na tolku luksuzen nakit,a tie sto go prodavaat imaat pari i interes da go proizveduvaat dodeka golem del od lugeto vo svetot ziveat vo beda,iskreno mozeme da kazeme deka e pozitivna rabota da im se odzeme del od bogatstvoto na bogatite sto vo krajna linija e specaleno na grbot na rabotnicite i bednite,sto edvaj prezivuvaat so nivnite plati.Problemot e sto tie pari ne zavrsuvaat vo racete na siromastijata, tuku vo racete na bogatite mafijasi.
Од: goran
Датум: 06.12.2008 11:27:46
brojkite od 80 milioni evra se nabildani i nadueni, nema logika tolkava vrednost da se cuva vo takov objekt, najmalku vo zlatarnica. takvite raboti se cuvaat vo banka..
Од: Makedonec
Датум: 06.12.2008 13:16:16
E da im e Grujo i Jankulovska tamu,vednash bi gi pritvorile(ako ne se od VMRO-bilo koe VMRO),vaka Francuzive bez niv niv nishto ne pravat.
Од: Kanada
Датум: 06.12.2008 13:32:54
Do ovie sto go odobruvaat ovoj cin: Ste ja cule onaa narodnata "seto toa narodot ce go pozlati". Taka e toa vo zapadot, narodot ce placa i za vakvi krazbi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Библиски потоп во Радовиш
Зденко
Треба кампања за мирни и фер избори
Сакам да оставам белег во Собранието
Високо германско одликување на Срѓан Керим
Претходен број
Вербатим
Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Лидерите на ЕУ ќе ни дадат само обврски
Во ново јато за НАТО
Современи Потемкинови села
Славески повторно во центар на собраниски скандал
Нов фељтон на „Утрински“
Доаѓа Хилари
Почина поглаварот на Руската црква Алексиј Втори
Карактерот на власта
Карикатура