Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

На прва топка

Современи Потемкинови села

Фарко Шакири

Како што дознаваме, а тоа го потврдуваат и извори од високите кругови на ЕХФ, на Македонија деновиве и' се случува Европско првенство во ракомет - жени! Новата сала „Борис Трајковски“ во Скопје и модернизираната „Билјанини извори“ во Охрид се локациите каде што вљубениците во овој спорт можат во живо да ги следат перформансите на женскиот европски ракометен крем. Причините поради кои долго време ова првенство практично беше во „илегала“, а кое беше извонредна можност за промоција на „македонското економско и секое друго чудо“, се нашироко елаборирани и анализирани на страните на нашите печатени медиуми, а визуелно дообјаснети од страна на електронските. Заклучоците кои можат да се извлечат од сите тие анализи велат дека за комплетно фијаско грешниците треба да се бараат меѓу Ракометната федерација, Организацискиот одбор и неколку министерства кои функционираат како дел од македонската Влада. Околу сето ова се изјаснија и сите посочени од магичниот триаголник и, се разбира, никој не прифати вина за (не)стореното.

Сепак, за мене одлуката на премиерот Никола Груевски (иако имаше најави) да не одржи говор и да го отвори првенството, а многу поситни случувања во државата користел за рекламирање на владината политика, е повеќе од индикативна. Прво, прашањето е зошто Груевски реши така, па макар и по цена уште еднаш да биде апострофиран како популист. Мислам дека во овој случај Никола Груевски не е лут на новинарите (предавници кои шират невистини за Македонија), ниту пак е и одблиску точна лукративната забелешка на еден гледач присутен на отворањето, кој рече дека Груевски не сака да говори затоа што за нас настапува и ракометарка со презиме Црвенковска.

Веројатно, на премиерот преку ноќ организацијата на едно вакво првенство ,кое бара комплетни европски стандарди, му разјасни некои работи за кои досега не беше свесен. Станува збор за неговите лични капацитети, како и за капацитетот на целата Влада во дело да спроведе нешто европско и тоа на сите нивоа на општественото живеење. Ако потфрливме во менаџирање на организацијата на еден спортски настан, тогаш што станува збор со многу други покомплексни работи, со замислените реформи кои имаат европски предзнак. Како што стојат работите, тие нема да ги реализираме никогаш, дури ни тогаш. Значи, на еден малку потежок испит паднавме повеќе од лесно. Толку беше од чудото наречено Македонија.

Преку ноќ на Никола Груевски пред очи му се појавија Потемкиновите села, селаните овчарите и стадата, но во модерна варијанта. Во улогата на Потемкин се најдоа тој и неговите министри, а ролјата на Катарина Втора ја игра македонската јавност која треба да ужива во лажните вредности на општеството кои му се сервирани од одредени медиуми. За нив најбитен Закон што го практикува Груевски во моментов е оној против пушењето, а некои шпекулации велат дека токму во штабот на ВМРО тие колеги пушат наголемо. Значи, за Владата на Груевски битно е граѓаните да не пушат, да не пијат, да не плукаат, да не паркираат до контејнери, да немаат швалерки и швалери, да раѓаат деца, да се мажат и женат, во спротивно ќе плаќаат глоба. А, сето тоа под маските на некакво рекомпонирање на семејството како основна клетка на човековото битисување. Па, кој е тој Груевски да ми забранува неквалитетен начин на живеење. Се' ми се чини дека ова секојдневно авторитарно насилство нема никаква врска со некаква филозофија или идеологија, туку како што вели другар ми, зад се' стојат пари. И на крајот. Оној што вели дека не го чувствува ова насилство или е припадник на владејачката класа или е добро издресиран „граѓанин“, со други зборови речено, дехуманизирана „радилица“.

А што се однесува до спортскиот дел на ЕП, тука работите стојат супер. Во недоживеана атмосфера предизвикана од сјајните гледачи во „Борис Трајковски“ (без помош на „Комитите“ кои се распоредени на други задачи, возачи, безбедњаци, џогер-мајстори, нека останат тоа) паднаа Хрватките, а денеска на ред е Србија за премин во втората фаза.


Статијата е прочитана 746 пати.

Испрати коментар

Од: igor-bt
Датум: 06.12.2008 00:36:11
apsolutno tosno, ama bas se osobeno e precizno napisano za komitite. pa kade se skopskite navivaci !? da napravat atmosfera so dirigiranje vo publikata, a ne samo stihijno skokakanje pri postignuvanje na gol ili peenje na pesni od vreme na vreme,ne gi gledam znaminjata na komitite, kade se tie t.n. pirati ??? kade se nivnite transparenti...kade se lavovite od gorce? pa gorce e najblisku geografski do salata boris trajkovski, ili se tie samo nekoi lokalni tipcinja koi znaat da prodavaat seir isklucivo na domasen teren, vo nivnite minijaturni sali i stadioni? da ne me svati nekoj pogresno, atmosferata vo salata ni e odlicna, no sepak ne na nivo kako sto zasluzivaat devojkite , kako na primer atmosferite koi se sozdavaat vo pionir koga partizan igra kosarka, vo oaka koga panatinaikos igra kosarka, vo celje koga pivovarna lasko igra rakomet, vo bitola koga pelister igrase rakomet....
Од: dac
Датум: 06.12.2008 01:35:58
Komitite ne plakjaat vleznici za nitu eden natprevar. Znaci Komitite ili vlagaat bez pari ili voopsto ne vlagaat, ako ne gi pustaat bez karti. Inaku tesko e na vakvo netprevaruvanje, kade verojatno ima silna kontrola od EHF, da se dozvoluva pustanje na celi grupi bez karti. Osven toa tesko e cela grupa da si kupi karti i na toj nacin da ima organizirano navivanje, a kako sto kazav Komitite ne plakjale za karti i verojatno nema da plakjaat nikogas, vo idnina. Bev na otvaranjeto, na natprevarot portiv Germanija, i navivanjeto bese stihijno, normalno. Nesporedlivo poslabo od ona sto bi se slucuvalo koga vo sala bi bile Komitite. No, od druga strana, pa ajde kazete mi kade vo Evropa postoi takvo stihijno navivanje??? Pa skoro nigde, bi rekol.... Znaci navivanjeto e dobro, no sepak daleku e od atmosferata koja ja pravat Komitite. Ipak se carevi za atmosfera, za koreografii etc etc...
Од: Зоран Попоски
Датум: 06.12.2008 05:46:16
Фарко Шакири, СДСМ Не ти верувам.
Од: zap.ev.
Датум: 06.12.2008 10:32:42
grujo nisto ne brani ine soli pamet samo eu bara mak da se izednaci so zakoni i vrednosti zatoa sto n.p.od pusenje i pienje potaknuvat recisi site bolesti a za potamkinoto selo pa dragi avtore na zapad mnogu gradovi nisto nemat i se smrdlivi nese ona sto zamisluvate zemete n.p.London 7milioni ludje nemat spotrska sala,bazani,velodromi baraa olimpijada da mozat da se steknat so sportski objekti,mosovovniot sport im e nula,stari zgradi,ulici,beda.....nemozat da sonuvat da organiziraz evsko prvenstvo vo nitu eden sport pa ni vo rakomet.
Од: Секој на право место
Датум: 06.12.2008 16:08:23
Некои одговорни се посочени во написот за жал ги има уште.При една посета на преглед на салата беа искажани забелешки за истата.Некој требаше да одговара за тоа.Ништо од тоа сите се на своите места?
Од: Goran BT
Датум: 06.12.2008 17:10:54
Многу е жална сликата кога го гледам ЕП во ракомет кое за прв пат се одржува во Р.Македонија. Кога ја гледам спортската сала "Билјанини извори" во Огрид како се бори да наполни стотина гледачи е страшно. Јас како Битолчанец ме еритира помилсата дека во најрокометниот град нема ниеден натпревар, па погледнетего на пр. костурот на машката ракометна репрезентација ќе видите дека 90% од играчите потекнуват од школата на рк Пелистер. Јас гарантирам дека ако имаше натпрвари во мојот град салата ќе беше исполнета до полседното место. За атмосверата во Скопје и немам посебен коментар веќе видено куклена претстава во режија на навивачката група комити па кога видов на првиот натпревар каде големото знаме го веевте однопаку ��и дојде да се крстам со лева рака :):) ама тое реалноста ја прифаќам и свесен сум дека грешката сепак треба да ја побараме и во нашите лоби групи во Битола кои досега се немат изборено ама баш за ништо во подобрување на инфрастуктурата на спортската сала и стадионот.
Од: Nevernik
Датум: 07.12.2008 11:13:05
Do Зоран Попоски. Немој да веруваш или не-веруваш. Почни да МИСЛИШ.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Библиски потоп во Радовиш
Зденко
Треба кампања за мирни и фер избори
Сакам да оставам белег во Собранието
Високо германско одликување на Срѓан Керим
Претходен број
Вербатим
Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Лидерите на ЕУ ќе ни дадат само обврски
Во ново јато за НАТО
Славески повторно во центар на собраниски скандал
Нов фељтон на „Утрински“
Кражба на столетието во Париз
Доаѓа Хилари
Почина поглаварот на Руската црква Алексиј Втори
Карактерот на власта
Карикатура