Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Доаѓа Хилари

Филип Петровски

Хилари знае каде е Македонија на картата на светот. Ќе се сети на нас. Останува и ние нешто да одработиме

Победата на Барак Обама е сама по себе историски настан за САД, но и пошироко погледнато за модерниот демократски и цивилизиран свет. Со овие претседателски избори во Америка се случи коперникански пресврт и во иднина интересно е да се набљудува како ќе се одвиваат работите... Многу ќе биде значајно да се види дали сега ќе зајакнат конзервативните политички и општествени сили или, пак, овој чин ќе биде целосно ослободување на САД од мрачното минато кога Афроамериканците беа расно малтретирани. Индикациските фактори досега се измешани и не може со сигурност да се говори како навистина ќе биде во иднина. Како пример ќе спомнам дека кај белото население гласањето, процентуално изразено, било во корист на Обама, што индицира напуштање на расните предрасуди и определување за кандидатот и неговата политичка платформа. Додека кај Афроамериканците е забележана сосема обратна ситуација. Околу 90 проценти од нив гласале за Обама, што само по себе укажува на извесни расни резерви спрема Мекејн. Не верувам дека кој било може да има 90 проценти поддршка за политичка програма, колку и да е харизматичен. Затоа ќе биде интересно да се следи со што ќе се соочува на внатрешен план новата американска администрација.



Можеби уште поинтересно ќе биде да се проследува развојот на настаните на надворешен план. Само до пред неколку месеци лутите и непомирливи противници, сега ќе настапуваат заедно. Назначувањето на Хилари Клинтон за шеф на Стејт департмент е уште еден елемент за дополнителен интерес кон нашиот стратегиски партнер. Според бројот на коментарите што се појавија во врска со нејзиното ново работно место може да се заклучи дека треба внимателно да се следат нејзините чекори, како и по можност да се бара начин за поблиска соработка. Предупредувањата се дека Хилари е, всушност, голем проблем сега, но и во иднина за Обама. Долготрајната трка во партијата беше неизвесна, а победата тесна. Таа многу го исцрпе Обама, а Демократската партија ја доведе на работ на делење. По сојузните држави бројот на гласови, собран на куп, беше поделен на две речиси идентични половинки. Да, Обама победи во партијата (процедура сега незамислива во Македонија), но мораше да смета на Хилари ако сакаше да го победи Мекејн. Убеден сум дека без јасниот сигнал што го даде Хилари со присуството на митинзите на Обама, резултатот на изборите можеше да биде и поинаков. Значи, на некој начин, двајцата во интерес на партијата, но и за себе, мораа да направат договор за да победат. Ништо спорно во политиката. Таа многу често може да се сведе на математичка операција во која мора правилно да се соберат елементите. Но, како што може да се види, кланот Клинтонови добро се пазарел. Размената на „добра“ дури сега е видлива за обичниот набљудувач и може по малку да биде и разочарувачка. Извесно е дека ова е некаков сигнал за помирување на силните фракции внатре во Демократската партија. Сепак, во исто време, ова е можност за Хилари да изразува слободно свои ставови во надворешната политика на државата која настојува да биде присутна секаде во светот. Аналитичарите предвидуваат дека таа, бидејќи се чувствува како лидер кој зад себе има завидна бројка гласачи и партиски механизам, ќе настапува независно и енергично. Можеби и нема да ги заборави своите претседателски амбиции за некое идно време. Ова е можност за проблеми во Белата куќа.

Секако дека Обама е свесен за сиве овие работи. Тој веќе има и одговор. Наводно, бил инспириран од концепцијата на поранешниот американски претседател Линколн. Популарно, овој пристап се нарекува „тим на противници“ (според наслов на книга). Велиме тим зашто во неговиот кабинет ќе остане и Роберт Гејтс, државниот секретар за одбрана на претходниот претседател. Со овој тим се создава впечаток на помирување. Објаснувањето е дека со собирање силни личности околу себе, Обама ќе биде во можност низ жесток дијалог да доаѓа до поквалитетни решенија (повторно и ова е состојба која нема шанси да биде видена во Македонија).



Да разгледаме накратко што може да значи сево ова за Македонија, оти еден сериозен пристап вклучува токму антиципирање на идната рамка, како и да направиме обид за одговор како да се позицираме како држава. Администрацијата на заминување, преку Кондолиза Рајс, веќе се поздрави со нас. Нејзината изјава дека не очекува решение за спорот со името беше тој поздрав и сега пред нас стои новата состојба за која во наредниот период треба да имаме одговор. Бидејќи Македонија, главно, навиваше републикански, се создаде состојба на страв по победата на Обама. Сите ние бевме за Мекејн, како ретко која држава во светот. Бевме за него оти Обама бил близок до Грците. Не дека тука нешто посебно многу се знаеше за Мекејн или за Обама, туку едноставно ако Грците се за едниот, ние мора да сме за другиот. Да не се разбереме погрешно. Моите политички убедувања се поблиски до тие на Мекејн. И затоа си навивав за него, иако многу политички потези на Буш во последниве години не ми се допаѓаа (на Интернет може да се најдат еден куп документарни филмови за практицирањето моќ на администрацијата во заминување)... Ама тоа е приказна за друг пат. Кога ќе абдицира кралот, сите му се нафрлаат како хиени.



Ние сега треба да се подготвиме за нови четири години, за новата администрација. Треба да знаеме што да очекуваме. Досега, за жал, не сретнав никаде низ нашите медиуми одговор - што да се прави! Како да сме затечени. Како да не ни се верува дека Хилари може да биде државен секретар, како се' уште да не веруваме и дека Обама е претседател на САД. Се случија ли таму воопшто избори? Шегата настрана, перспективите не се толку лоши. Проценувам дека доаѓањето на Хилари, напротив, е добра вест за Македонија. Прво, таа има претходно искуство во меѓународната политика. Во двата мандата на нејзиниот сопруг имаше доволно време да се запознае со жешките елементи од нејзината нова работа. И, бидејќи се знае дека САД сакаат да имаат активно учество во одредени области, не се сомневам дека таа има солидно познавање на прашањата, можеби во детали. Тука, секако, е и помошта на Бил, кој преку неа повторно ќе може да помага, но и да се реализира. Тој никогаш докрај не се помири, односно не се откажа од активност на меѓународната сцена. Второ, уште позначајно за Македонија е што Хилари била тука. Се' уште ми е свежо сеќавањето на доаѓањето во македонскиот парламент, заедно со Бил, за време на кризата со бегалците. Таа знае што направи Македонија да се спречи хуманитарна катастрофа од огромни размери. Таа знае дека Македонија ја одигра својата улога во планот на Бил за овие простори. Така што за Македонија знам дека има позитивно мислење. Уште повеќе, за нас е позитивно и личното познанство на новиот државен секретар со американскиот амбасадор во Скопје, Рикер.

Значи, Хилари знае каде е Македонија на картата на светот. Ќе се сети на нас. Останува оттука ната��у и ние нешто да одработиме.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)


Статијата е прочитана 1296 пати.

Испрати коментар

Од: Regaconi
Датум: 06.12.2008 00:18:45
Hilari ne spie za Makedonija. ima nokna mora i ja sonuva Makedonija i so dusa ceka da i pomogne. Nastrana od site segi, zenata e sposobna i spremna za americki priliki. Vesto ja iskoristi ovalnata soba na Bil i Monika za sopstvena promocija iako ne i bese lesno i gi pridobi simpatiite na amerikancite. A za stavot sprema Makedonija, da vidime
Од: mene
Датум: 06.12.2008 10:02:43
Не се согласувам со констатацијата дека Обама создаде ,,тим на противници" по примерот на Линколн. Тоа што Хилари К. е државен секретар, а секретарот за одбрана остана на досегашната функција, тоа е дел од програмата на Обама за демократизација без предрасуди, за црпење на најквалитетните ресурси кога е во интерес САД, што е тешко да се замисли во нашиве балкански услови. Во тоа е и величината на Обама, во тоа е и значењето на демократијата во права смисла на зборот. Значи Обама не мисли суетно дека е најпаметен, туку на еден високо цивилизиран начин сака да го искористи туѓото знаење и искуство и се во интерес на сопствената држава за излез од сегашната незавидна позиција. И искрено верувам, според пристапот на избор на тим, дека ќе успее. Ете затоа Обама е Обама за цел свет. Нема противници кога е во прашање националниот интерес. Е тоа е за жал лекцијата која никако не можеме да ја научиме. А му ја честитавме ли победата на Обама?Хилари и Рикер се нашата нишка на поврзување со САД.
Од: Itar Pejo
Датум: 06.12.2008 10:36:24
Таа знае што направи Македонија да се спречи хуманитарна катастрофа од огромни размери. ...Така што за Македонија знам дека има позитивно мислење. A taa ne znae deka so denovi vo Blace izbeglicite sedea vo kalta i ne gi pustavme da vlezat! Slikite na granicata , od CNN i site drugi svetski TV pa i makedonskite, sigurno ne gi ima videno. Deka im bese zabraneto izleguvanje od logorite. Ne znae deka site nasi politicira javno izjavuvaa deka nemozeme da primame izbeglici, ce ni se poremeti demografijata. Ne ja znae genijalnata ideja za humanitaren koridor: da pominat niz MAkedonija i da se frlat v more!
Од: petre
Датум: 06.12.2008 20:18:47
Kako nejziniot maz,taka i taa se bori so lagi za da izdejstvuva popularnost [demek koga beshe vo poseta na muzahedinite vo bosna] bilo pukano vrz glava,a shtose odnesuva do nadvoreshnata poloitka ,pa taa nemase kontrola nad bili a kamoli na nadvoresnata politika na sad.
Од: Александар
Датум: 06.12.2008 20:55:46
Текстов ми наликува на нешто набрзинка склопено во 3 саат сабајле колку да му се однесе на професорот на прв час во 8. Би го замолил авторот да покаже малку повеќе озбилност и креативност во пристапот.
Од: of lele
Датум: 07.12.2008 00:41:30
E stvarno Itar Pejo si ja odlepil so komentarov tvoj.Samo za potsetuvanje vo Makedonija bea"primeni"nad 350 000 Kosovski begalci-najmnogu od site nasi sosedi.A tocno e i deka mnogu od niv trajno ostanaa kaj nas,pa zatoa stvarno neznam sto ti e shtosot so tvojov komentar,ic ne drzi mesto.A a Hilari licno smetam deka nema da imame nekoja posebna poddrska od nea kako Secretary of State megjutoa da sme zdravi i zivi pa ke vidime sto ke bide.Sepak smetam "za zal"deka ke ima dosta nepovolnosti za nas vo idnina od faktot sto ne sme nekoj faktor,tuku mala drzava koja se naogja na balkanskiot tazen krstopat!!!
Од: commanddevil
Датум: 07.12.2008 01:46:34
smesni konstatacii filipe. prvo-amerika ke nema vreme da se igra ni so makedonija ni so bilo kogo vo moment koga opstestvoto tone vo beda. se e samo sirenje sareni lagi a se razbira deka po principot kako ona rasturase drzavi vo svetot ,taka i se vreti na nivna glava.deka e nekoja politicarka -mizi asan da ti baam.ni taa ni maz i ne bile za makedonija ,a nema ni da bidat. samo ovoj pat se promeneti svetskite igraci.koga ke izlezat strajkuvacite ,bednite ,nevrabotenite ..ke ja vidam hilari dali ke mrdne podaleku od vasington.casovnikot za usa minuva. ne moze da se zivee do nedogled so lagi i napumpani umovi. ete -se rasprsnaa ko meur. zatoa filipe-ne ti drzi statijava voda. mnogu sto e smeneto od tvoeto vleguvanje vo bibliotekarskata kancelarija..mnogu!
Од: Nadica - USA
Датум: 07.12.2008 09:12:29
Obicno mi se dopaga nacinot na tvoeto razmisluvanje Filipe, ama sega bas napravi kiks, zosto mislis deka imaat rasni rezervi kon Mekejn Afroamerikancite? CITIRAM: "Околу 90 проценти од нив гласале за Обама, што само по себе укажува на извесни расни резерви спрема Мекејн." Ne e toa tocno, ednostavno kazano, Afroamerikancite bea vooduseveni sto vo trkata za pretsedatelsko mesto uspea Afroamerikanec i normalno, tukureci navivaa za nego i uste ponormalno e da glasaat za nego. Plus toa, Afroamerikancite se procentualno poveke demokrati, otkolku republikanci... Navistina, koga se zboruva za rasna diskriminacija, toa e diskutabilna tema i sekoj ima svoj nacin na razmisluvanje, zatoa treba da se bide celosno informiran, da ne se koristi impulsivnosta i frazeoloskiot nacin na razmisluvanje i iskazuvanje. Sledniot pat Filipe vnimavaj pri razmisluvanjeto i iskazuvanjeto, raboti so fakti, bidejki informiranosta e majka na pravilnoto iskazuvanje....
Од: Алекс
Датум: 07.12.2008 16:57:46
Филип, си напишал: „Хилари знае каде е Македонија на картата на светот. Ќе се сети на нас.“ ... Но, не е Хилари таа која треба да се сети на нас, тие кои треба да се сетат на нас се ДраПаМе-овци од сегашното ДПМНЕ кои не само што го заборавија ВМРО, ја заборавија и Македонија. Паметот им е повеќе во Хунзистан отколку овде. Ни Хилари не може да ни помогне кога имаме таква власт.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Библиски потоп во Радовиш
Зденко
Треба кампања за мирни и фер избори
Сакам да оставам белег во Собранието
Високо германско одликување на Срѓан Керим
Претходен број
Вербатим
Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори
Лидерите на ЕУ ќе ни дадат само обврски
Во ново јато за НАТО
Современи Потемкинови села
Славески повторно во центар на собраниски скандал
Нов фељтон на „Утрински“
Кражба на столетието ��о Париз
Почина поглаварот на Руската црква Алексиј Втори
Карактерот на власта
Карикатура