Србија и Хрватска во заедничка организација на ЕП 2020?
Неодамна Луиза де Алмеида Сампајо, португалскиот амбасадор во Србија, ја пласираше идејата Хрватска и Србија заеднички да го организираат Европското првенство 2012 година. Судејќи, по реакциите на новиот тренер на црвена звезда Роберт Просинечки, потоа на Игор Штимац, Ќиро Блажевиќ, Лјупко Петровиќ и Владе Дивац идејата би можела да заживее.
„Се' што е добро и што придонесува за развој на фудбалот во ова опкружување, а организација на ЕП тоа секако е, треба да се поддржи“, изјави Просинечки.
Игор Штимац, кој во петокот загуби во трката за претседател на Фудбалската федерација на Хрватска од староновиот претседател Влатко Марковиќ вели: „Неодамна кажав дека сум против идејата за регионална лига, бидејќи Србија и Хрватска во моментов немаат добра инфраструктура. Добивањето на ЕП е единствениот начин да ги уредиме распаднатите стадиони, хилиганството и останатите девијантни појави. Јас тврдам дека таков проект е можен и Србија и Хрватска треба да ја искористат шансата. Со организацијата ќе добиеме, така да кажам, бесплатни стадиони. Ќе ни помогнат разноразни фондови, банки. Уште еднаш повторувам Европското првенство е единствената наша шанса“, потенцира Штимац, кој е убеден дека нема да има инциденти: „Само будала може да се противи на ваква идеја и да каже дека сигурноста ќе биде најголем проблем. Сега може да ми кажете примери, како тоа дека кошаркарите на Партизан беа нападнати во Задар. Но, станува збор за заедничка организација на големо натпреварување. Би сакал и БиХ да биде вклучена“.
И за Ќиро Блажевиќ идејата е добра, но... „Сине, па тоа би било супер, но идејата може да ја ставам на к...., бидејќи тогаш нема да бидам жив. Тоа би била голема политичка одлука. Верувам дека ќе се оствари. Србите имаат паметен претседател во Борис Тадиќ, а ние паметна премиерка во Јадранка Косор. А, имаме и доволно време тоа да го оствариме. Таква шанса не се пропушта“, порача Блажевиќ.
Претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дивац, е убеден дека и двете земји ќе профитираат. „Навистина не знам колку е тоа реално во моментов. Но, би било фантастично ако се реализира. Пред се поради инфраструктурата. Односите меѓу двата народа нема да бидат проблем“, смета Дивац. |