Сертификат за клупско лиценцирање
Одделението за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија со уште едно признание. За усогласеност со стандардите за клупско лиценцирање доби сертификат од валидациониот комитет на независното сертификациско тело СГС. Документот е со важност до октомври 2013 година и претставува нова потврда за следење на сите процедури и упатства во делот на клупскиот лиценцен систем.
Во изминатите шест години ФФМ доби два сертификата за усогласеност со стандардите. |