Обама разгледува гигантски пакет
Вашингтон - Новоизбраниот претседател на САД, Барак Обама, подготвува гигантски пакет за стимулирање на економијата, кој може да достигне 850 милијарди долари за две години. Пакетот има цел да ја оживее заслабената американска економија. Обама, меѓутоа, се' уште не ја определил вкупната сума на пакетот и крајната сума може да биде и пониска. (МИА) |