Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Странските бизнисмени уште се жалат на истите проблеми

Амбасадорите порачуваат - ММФ уште и' е потребен на Македонија

Соња Маџовска

Странските амбасадори во земјава порачаа дека 2009 ќе биде година на големи предизвици, како на политички така и на економски план, пред се' поради глобалната криза која незибежно се чувствува и во Македонија. Сметаат дека има подобрувања на бизнис- климата, но и покрај тоа истакнаа дека се' уште кај нив доаѓаат странски бизнисмени кои се жалат на проблемите со кои се судриле во земјава. Тие и натаму укажуваат на проблемите кои се провлекуваат со години наназад. Бараат соодветна имплементација на тендерските правила, јавните набавки, бавното одвивање на судските процедури.

Според евроамбасадорот Ерван Фуере, овие правила треба да бидат дел од сегашноста, а не од иднината. „Оваа Влада има добро досие при носењето на одредени одлуки, како што е намалување на даноците. Но, и покрај сето тоа, се' уште добиваме жалби од фирмите кои се соочуваат со проблеми при водењето бизнис во Македонија“, истакна Фуере.

Холандската амбасадорка Симоне Филипини беше најдиректна. Таа порача дека во услови на глобална криза Владата треба да го преиспита својот однос со ММФ. „Владата мора да се осврне на идните односи со ММФ. Треба да се искористи техничката помош што може да и' ја даде на Македонија оваа меѓународна организација за да се одржи економијата и да се справи со кризата“, изјави Филипини. Според неа, големите странски фирми се' уште не се расположени да дојдат во Македонија. Таа смета дека е полесно да се привлечат малите и средните компании на кои Владата како да подзаборавила. „Малите и средните фирми се извор на работни места, иновации. Во Македонија тие како да се заборавени. А Владата треба токму нив да ги негува и да вложува во нивните капацитети“, вели холандската амбасадорка Филипини.

Македонските компании ��ризнаваат дека претстои тешка година во која ќе мора да се стегнат заби. „Факт е дека 2009 е година на големи предизвици за целата бизнис-зедница. Едноставно, сите ќе треба да стегнеме заби и да најдеме начин за да опстоиме позитивно како компании“, вели Живко Мукаетов, директор на „Алкалоид“. Тој, сепак, се надева дека наредната година ќе нема поголем удар врз работењето на компанијата.

И според Минчо Јорданов, директор на „Макстил“, сериозно треба да се гледа на проблемите што ги носи кризата. „Со голема сериозност ги следиме состојбите за она што се случува во светот поради кризата. Ова е еден финансиски балон што не' загрижува. ’„Макстил‘ навреме се реструктурира. Мислиме дека со големи тешкотии, но сепак ќе преживееме. Имаме многу лоша бизнис- клима во делот на енергетиката, што не' прави генерално неконкурентни“, вели Јорданов. Тој порача дека и банкарите треба да ги поддржат со кредити.

Веднаш одговори и директорот на Стопанска банка, Глигор Бишев, според кого во услови на криза, нормално е да бидат поддржувани само добрите фирми, односно оние кои имаат капацитет да ги враќаат кредитите.

„Банките ќе продолжат да одобруваат кредити, но тоа го прават за клиенти кои можат да ги вратат кредитите. Во услови кога има глобално забавување, на извозно ориентираниот сектор на услуги, текстилната, чевларската индустрија, поради намалениот извоз, му се намалува и неговата профитабилност. Согласно со тоа одредени компании кои пред три месеци ги исполнувале услови за кредитна способност, денеска поради намалена профитабилност, не се перципираат како здрави. Основно е фирмите побрзо да го приспособат своето работење на новите услови, да ги намалат трошоците, да се преструктурираат, а ние постоиме за да даваме кредити“, вели Бишев. Според неговото најоптимистичко сценарио, очекува в година кредитирањето да се движи со раст од 20 отсто.

Првиот човек на „ Телеком“, Николај Бејкерс, смета дека добро е што телекомуникацискиот сектор не е допрен од кризата, за разлика од металската, текстилната индустрија и рударството, кои ги трпат последиците од кризата и го намалуваат бројот на вработени. „Македонија има шанса да се спротивстави на економската криза, бидејќи земјата не е многу поврзана со финансискиот сектор во светот, поради што банкарскиот систем е стабилен“.

Во врска со проневерата во компанијата, Бејкерс истакна дека додека трае истрагата, нема ништо да коментира, но дека ќе соработуваат да се расчисти целиот случај.


Статијата е прочитана 300 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 19.12.2008 00:45:08
na mmf i trebaat vakvi drzavi ko nas da cicaat do posleden denar,moze tie ambasadori da si gi odnesat ovie od mmf ,,,sto patem se zalepile pa tesko da gi izbrkas. ...vo svoite drzavi pa neka im davaat uslugi nim.nas ne ni trebaat..vo svetot ima i drugi nacini za dobivanje pari osven ovie od mmf..koi patem i nemaat pari vo momentov za davanje

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Падот на фунтата го враќа еврото во игра
Преработувачите против увоз на доматно пире
„Турк телеком“ со понуда за купување на „Космофон“
„Форд“, Крајслер“ и ЏМ со клуч за 59 фабрики
Нафтата падна под 40 долари
Усвоен европскиот буџет
Обама разгледува гигантски пакет