Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 млн. евра

Според Славески, дефицитот во ФЗО во 2009 ќе биде 21 милион евра и ќе се покрива со пари од буџетот

Маја Томиќ

Воведувањето на системот на цела плата е така поставен што нема да има губитници, тврди Владата. Таа очекува дека тоа ќе профункционира без проблеми, бидејќи сите активности се одвиваат според предвидената динамика.

„Свесен сум дека оваа реформа не се прифаќа со раширени раце. Сакам да потсетам на скептицизмот, вклучувајќи го тука и ММФ, со кои беа дочекани воведувањето на ДДВ и на рамниот данок, но и на позитивните ефекти кои ги донесоа тие реформи на кус рок. Зошто истото да не се случи и со воведувањето на системот на цела плата? Зарем некој работодавец не сака помали трошоци, зарем некој работник не сака платени придонеси?“, праша министерот за финансии, Трајко Славески, на вчерашната прес-конференција за реформата „Цела плата“, која ќе се воведе од 1 јануари 2009 година. Експертската јавност деновиве побара одложување на воведувањето бруто- платата за одреден период, но Славески беше категоричен дека реформата ќе почне без оглед на се', а реакциите од експертите како да се од мало дете, кое ја моли мајката да не го носи на забар, но таа мора да го однесе.

Воведувањето на целата плата, или бруто-плата, како што е популарно во јавноста, ќе направи дефицит во Фондот за здравство, но Владата ќе интервенира со средства од буџетот во висина од 1,3 милијарди денари или 21 милион евра.

Наспроти ваквото излагање на Славески, министерот за здравство, Бујар Османи, рече дека, според извршените симулации, дефицитот во Фондот во 2009 година ќе биде 4,4 милијарди денари, во 2010 година - 7,4 милијарди, а во 2011 ќе изнесува 11 милијарди денари или вкупно 22,8 милијарди денари или 326 милиони евра.

Славески рече дека се надева оти дефицитот нема да трае многу долго, Владата ќе ја следи ситуацијата, ќе интервенира и ќе реагира соодветно и нема да дозволи Фондот да има недостиг на средства. Таа ќе му биде партнер на Фондот во финансирање услуги во комбинираниот модел на здравствена заштита за граѓаните. За разлика од состојбата со Фондот за здравство, Владата не очекува дефицит во пензискиот фонд и ветува редовни пензии, бидејќи со концептот на бруто-плата, ќе имало нови вработувања и поефикасно ќе се собирале средствата од наплатата на придонесите.

Инаку, концептот цела плата значи намалување и усогласување на основицата за плаќање придонеси, од сегашните 65 на 50 отсто од просечната плата. Социјалните придонеси ќе се намалуваат постепено, од 32 проценти во 2008, на 27,9 во 2009 г., потоа на 24,7 во 2010 г. и на 22 проценти во 2011 година. Надоместоците за храна и за превоз влегуваат во бруто-платата, а наместо досегашното плаќање придонеси и персонален данок на доход во повеќе институции, се воведува интегрирана наплата во УЈП, со што се олеснува административната процедура. Обврзник на плаќање на придонесите е работникот, но во негово име работодавецот ќе ги пресметува и уплатува овие давачки.

Правните субјекти ќе имаат поедноставна пресметка на придонесите и само со увид во еден закон ќе ги имаат сите информации за обврската за плаќање, пресметка и уплата на социјалните придонеси, објасни Славески. Со тоа ќе се избегнат досегашните злоупотреби и неплаќање на придонесите, а ќе се намали сивата економија и ќе се зголеми вработеноста. Како што рече Славески, новите софтвери за пресметка на целите плати, фирмите ќе ги добијат бесплатно.

Рекламите ќе чинат 400.000 евра

За кампањата што ќе ја спроведе Владата за новиот концепт, цела плата и чиста плата, или попозната како бруто-плата, државата ќе плати 400.000 евра. Во тие пари, како што појасни вчера портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски, биле вклучени трошоците за обуките што се спроведуваат за правните субјекти, подготовката на веб-страницата и промотивните реклами и спотови, кои ќе се емитуваат на електронските и на пишаните медиуми. Оваа најава на нова владина кампања следува еден ден откако во одделни медиуми во земјава беше објавен старт на кампања за оптимизам и добри вредности, за која ќе се потроши, исто така, солидна сума буџетски средства. (М.Т.)


Статијата е прочитана 1126 пати.

Испрати коментар

Од: expert
Датум: 19.12.2008 02:26:58
Da ne ispadne pak GRESKA ministre
Од: Vraboten od Min.za Economia
Датум: 19.12.2008 08:31:46
Sram da vi e na site od Premier do Min.Kako moze eden Besimi da si igra majtap so 500vraboteni,da vodi inat protiv zakonite na drzavata.Tova e li e pravna drzava so protisoci,zakani uceni da vi se pluknam i politicki parti,i ministri.Kamati idat za tekovni,parno,struja za nekoj sto ne znaat da zborat a sakat da gi unapredat.Sto sakate da zememe stapovi goveda edni kaj ve tintrat do eden sto pojma nemate uste ke go zaebavate narodot,kako tvoj pari da barame.Ne si igrajte gledajte Grcija ne daleku a narodot ne e ovca.Mak.narod mnogu izdrzuval ama vakov inat i ponizuvanje nema nikade Sram da ti e Besimi
Од: Irena
Датум: 19.12.2008 09:14:06
Mojata simulacija pokaza deka subjektite ce placaat pogolemi pridonesi ovaa godina bidejci i hranata i prevozot vleguvaat vo cela plata pa osnovicata za placanje personalen danok i socijalni pridonesi e pogolema. Pa, subjektite ce imaat pogolemi obvrski i nema da dojde do namaluvanje na sredstvata sto gi pribira drzavata.
Од: Трпе
Датум: 19.12.2008 09:36:04
Грешката во владата,поточно во ова министерство што не прават разлика помегу теорија и пракса.Професорот дотуркал до професор како теоретичар ( бубалица) а за практично применување е за никаде.На крајот пак ке каже пу,пу не важи ,гршка во чекори.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Падот на фунтата го враќа еврото во игра
Странските бизнисмени уште се жалат на истите проблеми
Преработувачите против увоз на доматно пире
„Турк телеком“ со понуда за купување на „Космофон“
„Форд“, Крајслер“ и ЏМ со клуч за 59 фабрики
Нафтата падна под 40 долари
Усвоен европскиот буџет
Обама разгледува гигантски пакет