Лондон - Нафтата на светските берзи вчера поевтини на под 40 долари за барел, што претставува нејзина најниска цена во последните четири години, и покрај вчерашната одлука на ОПЕК за рекордно намалување на квотите за дневно производство на енергенсот. Американската лесна нафта за испорака во јануари поевтини на 39,65 долари за барел. Европскиот „брент“ од Северно Море за февруарска достава и денеска поевтини на 45,15 долари за барел.
Вчерашниот драстичен пад на цените на нафтата уследи по одлуката на ОПЕК да ги намали квотите за дневно производство на енергенсот за рекордни 2,2 милиони барели. Аналитичарите проценуваат дека мерката на ОПЕК не го постигнала очекуваниот резултат, од причина што кај дилерите и натаму доминира стравот од натамошно заострување на економската криза. Белата куќа, пак, ја нарече „кратковидна“ одлука на ОПЕК. (МИА)
А заошто Утрински не напише статија за нашата Регулаторна комисија по која пресметка ги регулира цените на дериватите кај нас, цената на нафтата падна од 147 на 39 долари за барел, а кај нас е намалена само 20 денари, само не ми е јасно по која логика
Од: commanddevil
Датум: 19.12.2008 00:33:47
uraaaaaaaa
Од: pejo itriot
Датум: 19.12.2008 08:21:44
ne samo sto cenata na naftata paga,vo opaganje e i kursot na dolarot! Ocigledno regulatorite ne gi biduva,benzinite treba da bidat pod 40 den za litar.
Од: Gradjanin
Датум: 19.12.2008 08:24:36
Alooo regulatorna. Dodeka vie sednete naftata pak ke poskapi i narodot nema da vide fajde. Mozebi toa vi e glavna cel. Shto podolgo izdrzzite toa povekke od akcizi vo budzet. Pa dajte bre majka mu.
Treba ova narodecov (bez onie so bugarski pasoshi) da se sobere pa edna metla kako vo grcija.