Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Работилници за танцот со Јасмина Пролиќ од БиХ

Во рамките на НОМАД Танц-академијата се зборува за популаризацијата на современиот танц

Во рамките на НОМАД Танц-академијата, денеска и утре во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, од 12 до 17,30 часот, работилница и тренинг програма ќе одржи кореографката Јасмина Пролиќ од Босна и Херцеговина, која во моментов живее и работи во Франција. Тренинг програмата на Пролиќ подразбира испитување на можностите на телото и продлабочување на неговата врска со внатрешниот баланс, од аспект на тежина на тело и негова гравитација. Намената на ваквиот тип на предавања е да се пронајдат нови техники и да се истражат нови креативни композиции.

Работилницата пак, ќе ги соочи учесниците со можностите за истражување на кореографските стилови, да ги отркијат своите кореографски капацитети и да го продлабочат своето знаење за композиција и импровизација.

Јасмина Пролиќ е родена 1976 година во Сараево, но живее и работи на релација Орлеан (Франција) и БиХ. Во Париз студира современ танц. Како дипломска работа го изведува своето прво соло „Сарајево, 25 Април, 10х00...“ со кое во 1999 година ја добива првата награда во Алби, на националниот натпревар за млади француски кореографи „Соло Мио“. Од 1997 година танцува за различни кореографи во Франција, Швајцарија, Германија и Данска, и патува на турнеи со нивните трупи низ светот. Ја основа својата танц компанија „Цие Јасмина“ во Орлеан во 2002 година и нејзините проекти оттогаш се изведувани низ Франција, БиХ, Србија, Хрватска и Словенија. До сега има направено 13 авторски кореографии.

Јасмина Пролиќ континуирано работи на популаризација и развој на современиот танц.

Вчера пак, во Културниот центар „Точка“, предавање за македонскиот современ танц одржа Соња Здравкова-Џепароска, балетски теоретичар и педагог, која се осврна на генезата на неговиот развиток, со анализа на образовниот систем, кореографската естетика и организациското уредување.

Предавањата и работилниците на НОМАД Танц Академијата во Скопје ќе траат до 19 март. Како дел од програмата се и работилниците на Дејан Дамјановски од Македонија, Рок Вевар од Словенија, Изабел Шад од Германија и Елиа Мрак од Франција.

НОМАД Танц Академијата е дел од активностите на Европскиот проект „Jardin d’Europe“ и е поддржана од Швајцарската програма за култура, Европската Културна Фондација, КултурКонтакт Австрија, Гете Институт и Министерството за култура на Македонија. (Т.И.)


Статијата е прочитана 65 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Прелудиуми и фуги од Бах со Марија Тренчевска
Изложба на чешкиот уметник Адолф Борн
Малите средини ми ја вратија вербата
Историска средба за иднината на светскиот театар
„Лебедово езеро“ повторно на македонската сцена
„Дома“ - изложба на Иван Блажев во Кинотека