Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Прелудиуми и фуги од Бах со Марија Тренчевска

Во организација на Музичката младина на Македонија, вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот, младата пијанистка Марија Тренчевска ќе го продолжи рециталот кој го почна вчера, а на кој таа ги изведува 24 Прелудиуми и Фуги од Јохан Себастијан Бах.

Тренчевска во моментов е студент по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на доц. Марија Ѓошевска. Досега има одржано повеќе рецитали и полурецитали, учествува на меѓународни натпревари и е добитник на голем број на награди. Редовен учесник е на меѓународниот семинар по пијано на МММ под раководство на проф. Борис Романов.

Инаку, интегрална изведба на 24 Прелудиуми и Фуги од Бах е мошне ретка не само кај нас, туку и во светот. Заради комплексноста на музичките творби и нивното времетраење, но и поради физичката издржливост, концентрација и меморијата кај пијанистите. 24 Прелудиуми и Фуги всушност ја чинат познатата збирка „Добро темпериран клавир“ на големиот мајстор на музиката Ј.С. Бах. (Т.И.)


Статијата е прочитана 118 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Изложба на чешкиот уметник Адолф Борн
Малите средини ми ја вратија вербата
Историска средба за иднината на светскиот театар
„Лебедово езеро“ повторно на македонската сцена
„Дома“ - изложба на Иван Блажев во Кинотека
Работилници за танцот со Јасмина Пролиќ од БиХ