Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Од Советот на Европа забележуваат дека се тепаат лицата лишени од слобода
Од нашиот дописник Тони Гламчевски
Нанси - Комитетот за спречување на тортурата и нечовечкото и понижувачко однесување или казнување (КСТ) на Советот на Европа во најновиот извештај за Република Македонија, направен по посетата во октомври 2007, забележува дека условите во кои се наоѓаат лицата лишени од слобода се „нечовечки и понижувачки“. Експертите на КСТ, предводени од претседателот на Комитетот Мауро Палма, за време на нивната посета констатирале дека се' уште се практикува насилство врз лицата лишени од слобода (тепање), дека постои насилство меѓу затворениците. Се наведува и недостигот на хигиена и лошата здравствена заштита во затворските установи. Имено, затворските ќелии се влажни, не се доволно осветлени и тие постојано се преполни, што принудува некои од затворениците да спијат на земја. КСТ забележува дека постои недостиг од персонал во затворите и дека понекогаш чуварите се вмешани во трговија со дрога и мобилни телефони. Црната слика на македонските затвори, во која се увери целиот свет по сомнителната смрт на едно лице осомничено за убиство во тетовскиот затвор, го наведе КСТ да заклучи дека условите во кои се наоѓаат лицата лишени од слобода се „бедни“. Притоа, Комитетот констатира дека многу прашања поставени во претходниот извештај од 2006 не се одговорени од надлежните македонски власти, што се јасни примери за недостаток на соработка со КСТ.
Во разговорот што го водевме со претседателот на КСТ, Мауро Палма, кој во јули годинава повторно беше во посета на Македонија, по трет пат за три години, тој ни рече: „Нема подобрување на ситуацијата. И не само тоа, ситуацијата стана уште полоша во 2007“. Самиот факт што КСТ изврши три посети за три години на една земја, според Палма, „зборува дека ситуацијата е проблематична, да не речам страшна. „КСТ повторно констатира дека материјалните услови на македонските затвори се за жалење и не постои вистинска контрола врз затворениците кои се оставени на нивната судбина. Всушност, на македонските затворски установи им недостига вистински менаџмент“.
При посетата на неколкуте установи: затворите во Идризово, Скопје и Тетово и полициските станици на Бит-пазар, Гази Баба и Тетово, КСТ констатирал ана самото место „неприфатливи ситуации на индивидуални и колективни случаи на лошо постапување“. Како, на пример, практиката на врзување со синџири. „При нашата посета првиот ден најдовме еден млад човек врзан со синџири, другиот ден еден друг малолетник“.
Македонија набрзо ќе мора да направи сериозни промени во односот кон своите затвори, КСТ ги одобрува плановите на Владата за изградба на нови и реновирање на старите затвори, за што се наменети 12 милиони евра за периодот од 2007 до 2010 година. Притоа, КСТ забележува дека, сепак, македонските власти не одговориле на многу поставени прашања во извештајот од 2006 година.
Македонија ќе мора да исполни три препораки, според Мауро Палма. Првата е систематска и долгорочна програма за закрепнување на затворскиот систем. Втората е потребата Македонија да се стекне со стабилни раководни органи за затворските установи, кои нема да се менуваат секогаш кога се менува владата – затворски органи кои ќе бидат реално независни и професионални. И третата препорака е да бидат утврдени сите случаи на лошо постапување спрема лицата лишени од слобода.
Според претседателот на КСТ, Мауро Палма, европските власти се подготвени да и' помогнат на Македонија.
Ihahah,abe napravete gi keliite pansioni,da ne sakaat da si odat zatvorenicite,da im e merak da otepaat nekogo za pak da se vratat tamu.kako da se nagradno vo zatvor,a ne poradi greskite so gi napravile
Од: димитар
Датум: 11.09.2008 00:51:31
Па што не си ги земат во Брисел, ако мислам дека не ги третираме добро во Македонија? Истото важи и за одредени групи на граѓани, доселени од Косово Поле и Метохија.
Од: Albanec
Датум: 11.09.2008 06:36:09
Interesantno! Se bi bilo vo red da imase po malku kriminal, ili voopsto da nemase taka sto nasite zatvori ne ke bea tema na Evropa! No! Sto e tuka e, takva e situacijata i takvi ni se zatvorite. Ne sakam da kazam, no ne mozam da ne kazam deka dokolku nasite zatvori bi bile spored standardite sto vladeat vo Evropa, togas lugjeto namerno ke pravat problem za da odat vo zatvor, bidejki ke im bide poudobno nego da se nadvor! Teskata ekonomska situacija go pravi svoeto, sekoj den i poveke toneme vo beda. Siromastija ima kade i da se vrtis vo Makedonija. Tia sto ne se siromasni gi ima malku, i tokmu tia vladeat so zemjata za zal. Za zal sum dosol vo zaklucok deka celata Makedonija loso se menadzira ne samo zatvorskite ustanovi, poradi toa Evropa treba da se informira od prva raka, a toa se samite gragjani ne vlasta. Da nemase kriminalci vo vlasta i nasite zatvori ke bea po malku poseteni.
Од: Zlata
Датум: 11.09.2008 07:12:58
Da Gradime crkvi za luge am taka da im dademe i na tie sto zgresile moznost dase ispravat i naucat na dobro,ne so tepanje dase ucat tuku so covecki ponasanja.Sekoj gresi i na sekoj treba damu se prosti da i na nas nise prosti Mr.Gruevski.Za tebe vo Idrizovo ima li apartman?
Од: Agim
Датум: 11.09.2008 07:48:30
Ovie stranskite razno-razni organizacii , pocnaa da baraat poveke uslovi td koi ni kaj niv ne se takvite uslovi vo ( nikakov ) nivo .
Koj bil vo Germanija u zatvor , moze da dokazuva deka Germanskite zatvori se stari najmalku 150 godini , a celiite se TAKVI STO I ZIVOTNITE NE BI MOZELE DA ZIVEAT vo takvi uslovi , a za hranata da ne zboruvame ... Bi predlozil da gi gleate svoite zatvori G-da od EU , pa ke vidite deka IDRIZOVO e aprtman za vazite z....
Од: svedska
Датум: 11.09.2008 11:08:07
se zaprepastiv vcera koga vidov vo svedskitee medii za mak zatvori mislev laga e se vrselo tortura,gi vrzuvale za lanci,tepale,spiele kako zivotni na pod,higiena nula,EU barale ova vednas da se prekine a i korupcija vo opstestvo i promeni vo sudstvoto za da se pocne so pregovori za EU.me cudi isti ovie baranje bile i 2006g a nisto ne bilo storeno a Grujo samo se fali ili sme glupav narod ziveeme na dno i sakame da bideme na dno nisto ne menuvame na bogatite i politicarite toa im godi i go lazat narodot....gledam i od komentarite deka nemate standardi za pocituvanje na covekovite prava a toa nese odnesuva samo na zatvorenici taka e i so bolnite,hendikepirani odete vo spec.cen.D.Kapija ili D.Hisar pa ce videte znaci li makedonecot e ogranicen?toa ti e kako vo edno shishe od 1/2 litar sakasa da stavis 1litar voda ama ne odi ce pretece.........
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2008 11:48:30
Vo Makedonija se tepaat zatornicite a vo Zapadno Evropskite Zemji i vo USA gi siluvaat .A tie se pravat demokrati,Pogledajte shto se praveshe so Irachkite zatvorenici .
Од: Петрезанов
Датум: 11.09.2008 12:15:18
Појавата за намерно одење во затвор преку врешење на било кое кривично дело, само од причина да не се остане на улица или ако лицето веќе било во затвор па ја отслужило затворската казна (а by the way од "непознати" причини му се допаднало во КПД) се вика затворска инфекција или затворски вирус. Е, за жал кај нас ова малигно оболување постои од како постојат и затворите, така што и да реновираат се внатре, и да заличи и на Хотел Хилтон, и да остане се како што е до сега, пак ќе бидат потребни резервации за да се стигне до едно легло во затвор. Тоа би дошло нешто како една добра туристичка сезона. Туризам и ренесанса. Да си умреш од мака...
Од: Kumanovo
Датум: 11.09.2008 12:40:38
Zatvorenicite vo ovaa nasa jadna Makedonija imaat podobri uslovo za zivot otkolku nasite primerni gragani. Barem imaat tri obroka dnevno . Primerniot osiromasen Makedonec tri obroka dnevno mu se luksuz. Znam luge koi za dorucek, rucek, i vecera jadat samo kompiri ili piperki, a lugeto se cesni. Uslovite vo nasite zatvori gi motiviraat nasite luge na kriminal. Ako nisto drugo ke imaat obezbedeno jadenje, spienje i greenje.