Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Издишан туризам

Даниела Трпчевска

Успешна сезона или просечна посетеност на најголемиот македонски туристички бисер? Оваа дилема како и секоја година останува по завршувањето на летната сезона, но овој пат се' поверојатна се чини е втората констатација, со оглед на промашената сезона, која како никогаш досега се скрати на петнаесетина дена.

За разлика од минатите години, кога Охрид беше преполн од почетокот на јули, годинава наплив на туристи имаше дури за време на илинденските празници. Плажите беа окупирани со гости најмногу за време на викендите, додека останатите денови можеше да се забележи отсуството на грчките и српските туристи, кои порано ги имаше во поголем број.

Охриѓани со носталгија се потсетуваат на ланскиот август, кога на калдрмата во чаршијата дење-ноќе рекордниот број на гости се туркаа за да се разминат, а во рестораните се чекаше со часови за да се најде слободна маса за ручек. Иако сите се надеваа дека ова лето ќе има побогата жетва од лани, странските туристи сепак не' заобиколија. Зошто? Одговорот веројатно лежи во односот на државата кон туризмот, која со години не успеа да развие стратегија за да ги привлече странците да уживаат во македонските убавини.

И оваа сезона покажа дека не е доволно тоа што езерото мами со својата свежина, тоа што градот сам по себе е магичен со старите градби и црквите кои се вистинска реликвија.

Странците не само што не се доволно информирани за убавините со кои располага земјава туку и да решат да дојдат во непознатиот предел, нема чартер-летови кои ќе ги донесат до охридскиот рај.

Дека никој не се грижи за туристичката сезона говори и тоа што нема точни податоци колку туристи го посетиле Охрид.

 


Статијата е прочитана 967 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 11.09.2008 08:11:02
Realno gledano ne sme nie nekoja turisticka destinacija interesna za strancite. Onie turisti sto sakaat da ja vidat i doziveat Makedonija mozat da go napravat so edna mini turnea od 2-3 dena i tolku. Dovolno e da pogledneme sto nudat sosedite Albanija (more, planini, divi predeli), Bugarija (more, planini, top skiacki centri) za Grcija i Hrvatska da ne zboruvame tie se svetski turisticki sili, Crna Gora (poleka no sigurno stanuva svetska destinacija). Nie imame ubavi predeli i interesni nesta, no netreba da se zalazuvame deka strancive tuka ke sedat po 15-20 dena i ke "uzivaat" na plazite vo Ohrid ili Dojran ili na skiackite centri vo Mavrovo. Toa e smesno. Nie treba turistite koj doagaat vo Grcija, Albanija, Bugarija i voopsto na Balkanov da gi privlekuvame barem na nekolku dena i da im ovozmozuvame mini turnei niz Makedonija, toa se turnei koj solidno kostaat i nosat dobar profiti sekade vo svetot bez mnogu da se trosi vreme.
Од: real madrid bt
Датум: 11.09.2008 11:15:14
Mozebi vo Ohrid nemase turisti od Evropa ama zatoa Ohrigani imaa EVROPSKI ceni slicni na onie vo Hrvatska, Crna Gora, Albanija. A uslugata se znae BALKANSKA. E posle nemet turisti, epa ke NEMET.
Од: boban
Датум: 11.09.2008 11:34:25
za golema sreka vaseto mislenje izneseno vo ovoj tekst e gresno i neopravdano. ohrid ovaa godina imase poveke turisti od lani. brojot na turistite od srbija od godina vo godina e se pogolem. toa moze da se vidi od zgolemenata cena na privatnoto smestuvanje koe ovaa sezona dostigna i do 400 den po krevet.strancite isto taka gi imase vo pogolem broj od lani, no golem del od niv se odlucuvaat za privatnoto smestuvanje i izostanuvaat od oficijalnata evidencija. iako ohrid zasluzuva mnogu poveke, krivicata ne treba da se bara vo drzavata, tuku vo privatniot sektor koj naplaka enormno visoki ceni.
Од: jas
Датум: 11.09.2008 11:42:35
ne znam sto sakame poveke, nie nemame more pa da go smetame turizmot kako profitabilen sektor, i sami gledame deka site se po moreto, duri i nasite turisti koga bi izbrale pomegu ohrid ili nekoja more-destinacija, sigurno ke se odlucat za vtoroto. jas sum zadovolen od toa kolku luge privlekuva ohrid, duri i zalicuva na more destinacija sto ne e slucaj so drugi ezera vo regionot ili posiroko.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Славистите имаат значајна мисија во борбата за подобра иднина
Раѓајте деца, власта чести!
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Дрога? Не, благодарам, имам!
Владата собира поени на сметка на општините
Жан Клод Јункер
Огромен пожар ги пеплоса ридовите над Миладиновци
Претпазливост над конфронтација
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Карикатура