Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Жан Клод Јункер: Македонија не треба да се смета за изолирана

Во Брисел се чудат како успеала Владата да пресмета дека се остварени 75 отсто од обврските од ЕУ

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, оцени вчера дека би било глупаво Европската унија да ја изолира Македонија, ниту пак Македонија треба да се опишува себеси како таква држава. „Мислам дека сум добар пријател на Македонија и и' се восхитувам на земјата поради огромните постигнувања досега. Наскоро нив ќе ги разгледаме во новата светлина и ќе направиме процена. Но, не мислам дека кој било има намера да ја изолира Македонија. Тоа би било глупаво од наша страна, а и Македонија не треба да се опишува себеси како изолирана земја“, изјави Јункер за „Утрински весник“, коментирајќи ги оцените на премиерот Никола Груевски дека, без оглед што ќе постигнеме и колку услови ќе оствариме, нема да добиеме датум за преговори со Унијата.

За Јункер, како и за повеќето еврофункционери и лидери во ЕУ, Македонија во моментов е ставена настрана, па нема да биде тема ни на следниот состанок на министрите за надворешни работи идната недела. Засега, за нас се расправа само на нивоата на Европската комисија, од каде што доаѓаат сигнали на разочараност од тактиката што ја одбра македонската влада која, сакајќи да го менаџира неуспехот од евентуалното недобивање датум за преговори во декември, се' повеќе го вперува прстот кон Брисел.

Според дипломатските оцени овде, префрлањето на вината врз Европската унија е опасна политика на премиерот Никола Груевски, кој место поддршка создава се' повеќе непријатели на земјата. Тие причините за евентуалното недавање датум ги гледаат многу повеќе во незаинтересираноста на Владата да оствари здрав политички дијалог во земјата, посочувајќи ја како пример незаинтересираноста да се реши кризата со СДСМ и опозицијата да се врати во парламентот, настан што се случуваше за време на одморите.

Во Брисел се чудат, исто така, како успеала Владата да пресмета дека се остварени 75 отсто од обврските добиени од Европската унија со осумте бенчмаркси, како да станува збор за техничка и математичка операција. Како се утврдува дека сте оствариле 75 отсто од независноста на судството, од непартизација на администрацијата и слично, се прашуваат во ЕУ, оценувајќи дека е дискутабилен и начинот на кој беа усвоени над стоте закони со кои Владата се пофали во Брисел, бидејќи поминаа без дебата околу и низ непотребни ургентни процедури.

Во однос на остварувањето на реформите во полицијата оцените се позитивни, но и резервирани, поради фактот дека многу од именувањата се завршени, реформите се спроведуваат, но учеството на полицајците во грубите изборни инциденти зборува дека стандардите, според кои треба да функционира таа, се' уште не се достигнати.

Во ЕУ чекаат епилог од изборните инциденти, а како пример за проблематичната независност на судството ја посочуваат смената на двајцата судии инволвирани околу случајот „Заев“.

Очигледно, наспроти намерите во Владата за неуспехот Македонија по три години да добие датум за преговори со Унијата да ги обвини ЕУ и Грција, во Брисел имаат други објаснувања, со порака дека за земјата е подобро да се исполнуваат суштински барања место да се мавта со бројки и обвинувања кои не ја водат никаде државата.


Статијата е прочитана 3626 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 11.09.2008 00:15:50
Do EU: ako Junker i ostanati birokrati vo EU sakaat da bidat objektivni treba JASNO i GLASNO da kazat deka Makedonija ke bide ocenuvana samo spored Kopenhagenskite kriteriumi. Se drugo pod vlijanie na Grcija e tocno IZOLACIJA... Inace Makedonija dosega postigna 200 % poveke od Bugarija i Romanija pa pak nie ne sme vo EU! 100% podrska za Gruevski!!!
Од: непростенков
Датум: 11.09.2008 00:27:33
Можеби процентот за исполнувајне за влез во Еу нее точен, али е точно едно: Македонскиот народ знае штое зло а што е добро,исто така зне штое правилно и што нее,опростите кој е тој процент Македониа што не го исполна за влез во НАТО?
Од: mene
Датум: 11.09.2008 00:31:30
A za sto treba da se smeta? Za integrirana? Bog da cuva i da brani!
Од: Albanec
Датум: 11.09.2008 06:53:35
Evropa ima pravo, Gruevski i site tia sto mislat kako nego gresat. Ne sakam da procenuvam ili predviduvam, megjutoa nema da mu odi dolgo na Gruevski so ovoj ton prema Evropa. Izgleda deckoto ne znae so kogo ima rabota! Imam iskren sovet do site koji mislat kako Gruevski: Ajde ne se zanesuvajte!Ne ste vie tia sto postavuvat uslovi, spustete se na zemja. I Srbija ke vleze vo Evropa pred nas!
Од: emil
Датум: 11.09.2008 07:02:57
Jas pak si velam deka Evropa vekje 17 godini si pravi eksperimenti so nas.Vprocem taka bese i so 350 te iljadi kosovski begalci za koi ni bese vetena znacitelna finansiska pomos.Na krajot za zal go dobivme stapot!Site si teraat po svojot pat a nasive dopisnici za zal uste se krstat vo evropskite birokrati namesto da ne promoviraat nas vo svetot-tie si ja kjudat sopstvenata zemja.Koj paradoks!!!
Од: emil morarcaliev
Датум: 11.09.2008 07:41:09
Nasite vo politikata nitu znaat sto e politika, nitu pak imaat nekakvo iskustvo vo politikata. Na sredbite so prestavnicite od EU , samo se smeskaat, nivniot pristap e infantilen, neseriozen a bazata za razgovorite sto gi vodat kako da e od stakleni noze. Ne se znae sto e prioritet na razgovorite, prosto receno talkaat kako GUSKA VO MAGLA.
Од: Demijan
Датум: 11.09.2008 09:11:06
Ne be, ovoj Junker nema pojma. I tie od EU nemaat pojma. Nasive znaat sve i ke ne vodat vo svetla idnina so ona oligarhisko moronce Bocevski i so ona Musolinceno malo.
Од: Zile
Датум: 11.09.2008 09:20:03
Kako presmetale. Nema sto da se presmetuva. PR timovite na Grujo si rabotat so brojki koi si gi izmisluvaat. 102.5%. Nema realnost ima samo percepcija, a percepcijata se sozdava. Ako nesto kazes dovolno mnogu pati toa si stanuva vistina nezavisno dali e vistina ili ne e.
Од: iko
Датум: 11.09.2008 09:21:54
Арно биле културни Европјаните па на софистициран начин ни кажале дека сме Уганда на чело со Иди Амин алијас Грујо национале. Барем Иди беше поубав маж. Меѓутоа се од оваа влада не е лошо. има и позитивни работи. Не чинат прекумерните ЕПП на сите ТВ ; евидентните лаги (помали даноци ); наметнати веронауки; големата суета на премиерот избрзаните закони; отсуство на трпение и желба да се ислуша и другата страна со еден збор зрела мудрост. Засега плива добро, но што утре??? Смири ја господин премиеру топката. И надми ни го комплексот од Бранко кој не вреди толку.
Од: Komentarka
Датум: 11.09.2008 09:24:01
Da ete pak EU ne veruva deka sme sposobni da doneseme zakoni, da resime se, za da vlezeme vo EU.. Kolku sum razocarana.. Tocno 99% NE ME PRASUVAJTE KAKO PRESEMTAV !!? Sega pak ja obvinuvaat nasata Vlada?? Gluposti.. I imeto da go smenime i se..?? Koj drug ako ne nasata Vlada se bori za nas?? Neka ne si misli EU deka nie ke svrtime GRB na nas, naseto ime, nasata Vlada smao za da bideme Poranesna Republika i clenka na EU posle 10 godini..?? (ako racunale deka treba 100te zakoni da ne drzat zafateni za da ne se zalime):. SETAJ EU:
Од: ohrigjanka
Датум: 11.09.2008 10:27:10
Pa i vo pravo e toj Junker deka nemame ispolneto 75% od uslovite za vlez vo Evropa.Tie 100% se samo edna rabota:promena na imeto.A drugo sto se slucuva vnatre vo zemjata,bas gi "zabole".I dosta go kritikuvate Grueski.Sto treba da pravi...da se navedne,pa da go shibaat kako sto sakaat?Dosta se vednel makedonskiov narod.Vreme e za visoko dignata glava.I nie imame dostoinstvo.Samo napred GRUESKI ne popustaj,makedonskiot narod e so tebe.
Од: jas
Датум: 11.09.2008 10:31:04
Македонија не смее да постои во форма како што е сега. Ги читав и некои изјави од грчки политичари во кои се вели дака сме ги оптоварувале преговорите. Па не знам што си замислуваа ??? Како Шекерка да се продадеме за ситни пари ?? Е НЕМА ТАКАНАРЕЧЕНИ душогрижници и коментатори на сегашната власт. Кој да не одведе во европа ??? СДСМ Не може самиот да се организира а камоли да организира една малку посериозна работа како ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, барем така стои во уставот на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА кој треба да го браниме и се темели на вековното искуство на овој МАКЕДОНСКИ НАРОД.
Од: Goran
Датум: 11.09.2008 10:42:37
Jas vikam da se napucime site 2 000 000 ziteli ,i da ni go bapnat po ednas ,oti drugo care nema .Od 2005 tuku barat samo nekoj gluposti, utre drugi den mozi ke pobarat pretsedatelot i premierot da se drzat zaraka celo vreme za da se uverat deka ima kohabitacija.
Од: Zoran
Датум: 11.09.2008 10:46:51
Doticniot gospodin verojatno ne znae deka Makedonija gi ispolni uslovite za bezvizen rezim, ama Srbija poprvo od nas ke dobie bezvizen rezim, od politicki pricni, a ne od ostvareni rezultati. Isto taka ke bide interesno da se vidi sto ke komentira istiov gospodin koga Makedonija ke gi ispolni site uslovi, a Grcija ke nalozi veto na vlezot na Makedonija vo EU. Bi gi zamolil funkcionerite na EU da ne ja potcenuvaat inteligencijata na Makedonskiot narod. Ne za drugo, ne e pristojno...
Од: Nikola - Germanija
Датум: 11.09.2008 10:58:50
Lesna Matematika.Vasata (ne-)srekja e deka Evropa od kristalno jasni pricini nema da dozvoli povtorna destabilizacija na Balkanot od strana na edna nerazbrana garnitura avanturisti,narecena vlada na MK,tuku vo daden moment preku pojacan pritisok ke go otstrani Nikolce od funkcija Premier. 17 godini ziveete vo edna kobagii nezavisna Drzava,ama se uste ne ste primetile koj e ustvari gazdata vo vasata Kukja Makedonija?!Toa se Evropa i SAD!Vie ste nesposoben narod da upravuvate duri so edna parce zemja,pa mislite deka od nadvor ke vi sredat rabotite.Ke gi sredat,no toa skapo ke ve cini i na krajot ke ostanete bez toa,sto go imate sega.Evropskite doveriteli imat pravo da si go naplakjat dolgot so kamata (fabriki,Telekom,Rafinerija,itn.).Vie ste nikoj i nisto vo Evropa,tuku samo obicna tolpa mangupi i pametnjakovci koi si go trazat gazdata!Sepak so pocit!
Од: Makedonka
Датум: 11.09.2008 11:12:51
Kakva Evropa koga ne znaete sto se slucuva tuka. Kolku pati treba da vi kazam, deka treba da ne viknete od strana da dojdeme i da vi kazeme, nie sme uspesni vo ovaa Evropa sto vie za zal ne ja poznavate, nie sme istite koi ne sakaa da im go lizat g.... na glupavite MK politicari, za koi nemase mesto zasto nemavme vrski da se probieme vo MK. Rabota bara Evropa, bara sposobni diplomati, koi nie za zal gi nemame zasto po ministerstvata i ambasadite se mestat sinovi na tate i mama - e toa neke Evropa. Neke ligavenje- RABOTA luge bara, OSVESTETE SE!!! I MARSH na site podole sto gi branite Gruju ili Branko!
Од: Ice Q
Датум: 11.09.2008 11:35:09
He he, pa kako presmetale, eu ne znaat deka imame genijalec za presmetki trajko slavevski i carli diktatorot. Ne znam ludje pa sramota e veke da se brani ova vlada, izgleda imame premnogu nepismeni ludje sto ja branat ova vlast - se gleda od komentarite sto gi davaa. Kratko ke ni trae drzavata ke vidite naskoro.
Од: Трпе
Датум: 11.09.2008 11:36:11
Груевски и неговата влада не сакаат а сигурно и не им одговара Македонија да ја внесат во НАТО и ЕУ.Како што Лјубчо не испокара со светот така го прави и Николај.
Од: odgovor na komentarot na albanec od turcin
Датум: 11.09.2008 11:39:37
Gospodine prvo vie kako narod shto ziveete zaedno so nas vo RM treba da ja priznaete RM vashiot odnos kon RM(so diganje na znameto na Albanija so negiranjeto na drzvniot makedonski jazik so ne priznavanje na turskiot jazik kade ziveat zaedno turci,albanci i makedonci taka ne odi) Srbija ke odi bidejki e stara zemja geopoliticki niz nea pominuvaat patista koji go povrzuvaat Evropa so bliskiot i sredniot istok kade se izvorite na naftata imaat vojska imaat piloti i oni sami si ja imaat stvoreno svojata drzava ne nekoj da im go pokloni.Gruevski e lider za site koji ja sakaat RM bidejki e pameten napravi vlada od site nacionalnosti, idejata negova e referendum i ti kako albanec ke glasas deka postoi RM i nie turcite mislime taka i toa e pravilna opcija. pozdrav
Од: Do kris от Бугариjа
Датум: 11.09.2008 11:47:06
"Makedonija dosega postigna 200 % poveke od Bugarija i Romanija" - нормален ли си ? Види има две статии во оваj броj на вестникот и се спореди со нас и со Romanija. Спореди и невработеност, плата, стандарт на живот и све... Вие сте тамо, где смо били пред 10год. Поздрав от Бугариjа.
Од: ch_goran
Датум: 11.09.2008 11:59:23
nee sporot, grcija i grcija da go promeni stavot do makedonija,pak so MPC, eve pak ,druk problem,nametnat,taka so godini ke ne vlece ova vlada,oti GRUEVSKI,dobar e diktator.a kako se gleda i matematicar,narod na ulica ,bes rabota,policij po patista sobira pari,kako da se na pazar,gradovite od gubrista ne se gledat,takalise be grujo matematicaru odi vo evropa,si videl so e evropa ti so korupcija ,so gubrista ,so gladen narod ke odis vo evropa,do koga ke lazes,ovoj beden narod,
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2008 12:17:54
Ah bre luge se karate za badijala .Dobro Grujo i VMRO ne chinat ,Ami tolku godini SDSM so Gligorov i so Crvenko Shto napravija tie .Prvo politicarite ni se slabi , drugo Grcija po grchki e turka EU a tie se pederi i toa slatko Mu e.Makedonija treba da se opuli i na ISTOK kon Brakata nashi .Ovie ne ne sakaat tamo .Ane e potrebno da sne tamo .Poglednete i poprashajte kako se snaoga NORVESKA taane evo EU a mozda i NATO a ima navisok zivoten standar.NE treba da se molime na EU tuku braka treba da se raboti za da se ima ane da i pravite koris na GRcija DA odite tamu na odmor .SO rabota sve se postignuva.
Од: Gox
Датум: 11.09.2008 12:25:51
Mi se svigja toa sto i pokraj krajno pesimistickoto razmisluvanje i samo iznesuvanje kritiki kon aktuelnata vlast (sekako,plateni ste za toa) se poveke sprotiven efekt se sozdava i se pogolema e poddrskata kon vladata na RM sto moze da se vidi i po komentarite ostaveni tuka..ako SDSM realno sakal,a mozel,togas do sega ke bevme Svajcarija na balkanov...ama..pusto lopuzenje i kradenje od sopstveniot narod ne moze da predizvika nisto poise osven samoraspaganje na partijata...zatoa,realno e da im se dade sansa na lugevo,da vidime sto znaat i umeat..ako kon sredinata na 2009-ta gi ukinat vizite togas ke se otvorat site patista kon posvetla i posrekna idnina za site nas tuka,izolirani i zatvoreni kako apacite na Djeronimo vo Amerika..a kako rezultat na "vrhunskata" politika na SDSM...
Од: eu
Датум: 11.09.2008 12:55:25
gledam od komentarite deka sekojdnevnata propaganda na Grujo vroduva plod deka mak e med i mleko se se podobruva a pred narod se se prekriva pa duri nekoi mislat mak bila podobra od Bug i Rom a i od Srbija a vo eu velat Srb ce bide kandidat od 2009 i 1-2g potoa ce vleze vo EU a Hrvatska za godina dena pa coravi li ste be makedoncinja za torturata vo zatvorite vo Mak sto evropa vi go prezentira pa za korupciuja,sudstvo,siromastija,lezat po ulici i prosat,za covekovite prava na starite bolni i hendikepiranite nemate nitu edna institucija site ovie kategorii na ludje imat uslovi polosi od sto zivotnite gi imat vo zapadna evropa a vie bogatasi i budzetari samo amin se sto kaze vlada ama narodot trpi i se iseluva edna Rom i Bug se 100 pati podobro vprocem odete na rabota vo Bug,C.Gora i Albanija a ne tie kaj vas,ZASRAMI SE MAKEDONIJO,sakam demokratska mak so pocituvanje na covekovite prava a ne ova katyastrofa i vo EU makar so pridavka da ziveeme kako ludje a ne kako stoka.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Издишан туризам
Славистите имаат значајна мисија во борбата за подобра иднина
Раѓајте деца, власта чести!
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Дрога? Не, благодарам, имам!
Владата собира поени на сметка на општините
Огромен пожар ги пеплоса ридовите над Миладиновци
Претпазливост над конфронтација
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Карикатура