Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кампања

 

Раѓајте деца, власта чести!

Според најновите податоци, најмалку во 50 општини мајките ќе се офајдат со родителски додаток

 

Нина Нинеска - Фиданоска



Најмалку во 50 општини во земјава мајките со второ, трето и четврто дете ќе добиваат парична помош од државата, почнувајќи од стартот на идната година. Оваа финансиска поддршка за мајките со повеќе деца е дел од владината кампања за многудетно семејство. Властите деновиве буквално бомбардираат со огласи во медиумите во кои прецизно ги информираат граѓаните за оваа своја акција.

Најновите податоци на Заводот за статистика, кои ги објавува „Утрински весник“, говорат дека природниот прираст на населението е понизок од 2,1 промили во најмалку 50 општини во земјава. Според формулацијата на Заводот за статистика, стапката на природниот прираст ја покажува разликата помеѓу живородените деца и бројот на умрените лица во земјата во однос на просечниот број на население (на средината на годината), пресметана на 1.000 население. Во Македонија како целина, во 2007 година, стапката на природен прираст изнесувала 1,5 промил.

Пречка за да се прецизира точно во кои општини мајките со повеќе деца можат да се надеваат на финансиска помош од државата е што за скопските десет општини домашните статистичари се' уште немаат изготвено поединечни податоци за природниот прираст. Во Заводот за статистика објаснуваат дека такви посебни податоци за скопските општини досега не се изготвувале, така што тоа сега ќе се направи прв пат.

Инаку, во Скопје вкупно природниот прираст е 2,9 промили. Засега во зоната на шпекулациите е очекувањето дека една од општините каде што може да се очекува финансиска помош е Карпош.

Сосема е извесно дека со парична помош од државата ќе се офајдат мајките од Берово, каде што има дури и негативен природен прираст од 4,8 промили, исто како и во Битола, каде што негативата е 3,8 промили, а и во Богданци со минус од 1,6 промили. Меѓу општините со негативен прираст се издвојуваат и Велес, со минус 1,8 промили, Виница со минус 1,7 промили, Гевгелија со минус 1,3 промили, Делчево со минус 1,6 промили, Демир Хисар со огромен минус од 9,9 промили, како и Демир Капија, со минус 4 промили. Тука не престанува списокот на општини со негатива. Во него спаѓаат и Кратово со минус 6,6 промили, Крива Паланка со минус 0,8, Македонски Брод со минус 7,9, потоа Прилеп со минус 1,9, а исто толкава негатива има и Пробиштип. Во Ресен има многу поголем минус од 8,2 промили, а во Штип тој изнесува 0,2 промили.

Нека не се надеваат на пари мајките од Арачиново, со 16 проценти позитивен природен прираст. Иако со помал прираст, во групата на „недобитни“ влегуваат и Гостивар, Дојран, Илинден, Липково, Струга, Струмица, Студеничани, Тетово и неколку други општини.

Спо��ед новите измени на неколку закони, сите мајки кои по 1 јануари в година ќе родат второ, трето или четврто дете ќе добиваат родителски додаток ако живеат во општина каде што прирастот е под 2,1 промили. Невработените жени кои од стартот на 2009 година ќе родат четврти пат ќе имаат право и на пензија, а ќе ја примаат откако ќе наполнат 62 години.

За раѓање второ дете мајката ќе прима 30 отсто од просечната плата, или 5.000 денари, во траење од девет месеци. За трето дете мајката десет години ќе зема половина од просечната плата, или 8.250 денари месечно, а за четвртото мајката секој месец 15 години ќе добива 70 отсто или 11.550 денари. Овој родителски додаток ќе го добиваат мајки кои најмалку три години живеат во општини каде што прирастот е под 2,1 промили.



Статијата е прочитана 2988 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 11.09.2008 00:16:23
Znaci vladava prognozira deka ce ostaneme vo izolacija barem uste trieset godini. Samo vo toj slucaj 32godisna zena moze da se nadeva na penzija na 62 godini. Zatoa sto so vakov diskriminatorski zakon vo Evropa nemoze da se vleze.
Од: mene
Датум: 11.09.2008 00:28:56
Ne mi e jasno samo koj ke ragja vo Istocna Makedonija, koga masovno se iseluvaat nasite vo Italija, Kanada itn. Babite sto ke ostanat ke ragjaat? Vaka ne se podobruva natalitet. Treba uslovi za normalna ziveacka da ima. A posle i bez kampanji semejstvata ke se planiraat.
Од: marjan-viena
Датум: 11.09.2008 00:40:07
makedonci,pravete deca....neka ne ima.
Од: димитар
Датум: 11.09.2008 00:49:09
Јас мислам, подобро по етнички групи да го поделиме тоа, отколку по општини. На пример, зашто гостиварските албанки да добиваат пари, кога тие и без друго се котат? Тие етникуми, кои што немаат доволно деца, тие треба да се стимулираат, другите не.
Од: luli
Датум: 11.09.2008 05:26:35
Po jasno bi bilo da se kaze na makedonskite majki ke im se dade pomos za vtoro treto i cetvrto dete dodeka na albanskite ne , zarem ne e taka, za zal posle pak si vikate pa nema diskriminacija vo makedonija
Од: Albanec
Датум: 11.09.2008 07:08:44
Ne e losa matematikata na Gruevski! Smesno mi e veruvajte! Segasnata vlada sigurno smeta deka vecno ke vladee, poradi toa ne treba da se plasat idnite majki! A sto ako po nekolku godini doagja druga garnitura lugje vo sobranieto i automastki go menuva ovoj zakon? Sto ke rpavat togas tia sto rodile mnogu deca a drzavata nema da im dade uslovi? Nejkam da zboram za diskriminacija bidejki od mesecina se gleda toa! Ne me povikuvaj na edinstvo Grujo ne sum so tebe.
Од: emil morarcaliev
Датум: 11.09.2008 07:46:45
Familiite ne sakaat da imaat deca zatoa sto nemaat pari da se prehranat. Ovie gluposti samo vo makedonija moze da se slusnat. Zgolemete go standardot na drzavata, zgolemete ja kupovnata mok na lugeto, prirastot na naselenieto samo po sebe ke si dojde.
Од: aplikant
Датум: 11.09.2008 08:23:26
Moeto iskustvo e deka za prvorodence mojata sopruga dobi 160,00 den, pod obrazlozenie deka imame visok prosek na plati. Malku e neprijatno, ako ocekuvate nekoj "nadomest" za prvorodence so koj ke kupite 1 - 2 paketi pampers, a dobivate samo nadomest za 2 bebeski kasicki. Od druga strana, neli site sme ramnopravni... Kade e izgubenoto vreme za sobiranje dokumenti? Ne e za nadomestot, tuku za tretmanot....
Од: Albanec od EU
Датум: 11.09.2008 08:26:00
Ova e protivustaven zakon i pretstavuva cist rasizam. Pa neli bre ludje pred ustavot site se ednakvi. Togas dajte da napravime izglasame ustav i zakoni za edniot del od drzavata, a drug za ostanatiot del. Hitler vaka gi motivirase germanskite zeni vo 1930-tite godini. Ova go nemase ni vo Juzna Afrika. Se SRAMAM od ova GNASNA vlada ili pak da ne recam od ovaa drzava cij pasos go nosam so sebe... Pozdrav do site sonarodnici koi go imaat slicniot vpecatok. Vo zemjata na slepite, i ednookiot moze da bide kral...
Од: strasno nesto
Датум: 11.09.2008 08:33:55
Cudno. Sekade kade sto naselenieto e Makedonsko izumira, a kaj Albancite nenormalen bum od 16 procenti. Ne e cudo sto zapadnite stratezi tvrdat deka Makedoncite vo Makedonija se ispod 50%.(45% Makedonci a 55% ostanati, Albanci, Turci, Romi, Vlasi, Srbi, Torbesi, Bosanci a najnovo i Bugari), a toa e i eden od glavnite problemi sto go imame okolu imeto i identitetot. Nemoze naselenie vo edna drzava koe e ispod 50% da tvrdi deka drzavata e "negova" i deka i himnata i znameto i jazikot i imeto na drzavata treba da bidat po nivni terk. Loso ni se pisuva vo sekoj slucaj, a ovaa merka kolku ke pridonese za da "preziveeme" e prasanje koe tesko moze da se odgovori. Da ne spomenuvame deka naselenieto na vozrast od 1 do 30 godini se preku 40% Albanci. Makedoncite se pretezno na vozrast od 40 godini pa nagore. Za desetina-petnaest godini ako vaka prodolzi ke bideme nie 20%, pa ke barame nov ramkoven za nas. Katastrofa sme.
Од: S.G.
Датум: 11.09.2008 08:48:30
Ne e resavanjeto na problemot so namaluvanjeto na natalitetot vo pomalite gradovi i opstini so davanje na sredstva na majkite. Problemot e sto mladi devojki, pa i momcinja se pomalku ostanuvaat da ziveat vo tie sredini, zaradi nemanje egzistencija. Se pogolem e pritisokot da dojdat i ostanat vo Skopje. Zatoa Skopje ke se siri vo beskonecnost, pomalite opstini ke se namaluvaat, dodeka celosno ne isceznat. Problemot se resava so zaposluvanje na mladite nadvor od Skopje, so forsiranje na dejnosti ili mali familijarni biznisi, so stimulacii od vladata, so podobruvanje na zdravstvenata zastita na naselenieto nadvor od Skopje i niza drugi merki. So segasniot trend na preselbi za izvesno vreme navistina ke postaneme Republika Makedonija -SKOPJE.
Од: Od TRAJCE
Датум: 11.09.2008 09:04:11
Sekoja cest za Vladata na R.Makedonija vistinski poteg, samo taka otsekogas veruvav i ke veruvam vo nivnite iskreni nameri.
Од: ane
Датум: 11.09.2008 09:40:07
So vakov diskriminatorsko-nacisticki zakon, ne se odi vo Evropa, tuku vo 18 vek. Ocigledno drzi analizata deka ovaa vlada nema namera da demokratizira, tuku seljacko-prostacki, krajno dolno da stigmatizira i razdeluva. neli vi e sram be?
Од: Maksima
Датум: 11.09.2008 10:51:30
Ова е потег на Владата кој укажува на намалување на бр. на Македонци кој за извесно време ке се намали до тој степен да истите бидат малцинство во својата сопствена татковина. Кога ке се соберат Албанците во Македонија, Срботе, Турците, Ромите и на крај кога ке објави Бугарија на наредни парламентарни избори колку Бугари има, вклучувајќи ги и тие Македонци кои земаа бугарски пасош, Македонци ке има помалце од 50%. И нормално следи федерализација. Тажно но вистинито.
Од: леле мајко
Датум: 11.09.2008 11:14:16
Да бе, ќе сака некоја да роди, па после по партиска линија ќе и’ го земат работното место. Не смеат оние што не се ДПМНЕ ни прво да родат. Луѓе, во Кочани има масовна чистка на училишниот наставен и помошен кадар и нивно заменување со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Околу 30-40 луѓе под договор, кои се или СДСМ или неопределени, се истерани од работа од новопоставените директори на ДПМНЕ. На нивно место се дојдени луѓе со сомнително образование и стручност. И зошто тие деца ќе се прават, кога нема кој квалитетно да ги воспита и образува? Веќе имаме држава на апаши и глупаци, уште ли ни требаат?
Од: Dr
Датум: 11.09.2008 11:14:40
Interesen narod sme nie Makedoncite.Sekogash koga nekoj kje napravi neshto dobro nie nastojuvame losho da najdeme vo toa!Shto ima losho vo stimulacija za rast na natalitetot?I vo drugite zapadni zemji se prevzemaat slichni merki.Ili mozebi e najdobro da ostane kako shto e sega pa koj kako znae i umee neka se snaogja?!Vo se se bara marketing.Gi poddrzuvam ovie pozitivni izmeni , osobeno nadomestokot kako porodilno na nevrabotenite majki, zoshto znam deka niv im e najteshko a i fakt e deka se pravea zloupotrebi za da koristat porodilni boleduvanja.Zatoa samo napred so vakvi pozitivni promeni koi mozebi ovoj narod ako treba da sudime po komentarite ne gi ni zasluzuva.Tie shto gi komentiraat ovie zakonski promeni verojatno se ili premnogu dobro situirani ili pak mislat deka kje bidat besmrtni pa zatoa deca ne ni se potrebni.
Од: danska
Датум: 11.09.2008 11:19:38
ne gledam sto vo ovoj zakon ima rasisticko ili fasisticko?pa vo danska imat doneseno zakoni koi isklucivo vazat za doselenici i pokraj toa sto se drzavjani n.p.vo odredeni uslovi semejstvo gubat 1/2 od socijalna pomos i cela pomos za kirija sto za edno semejstvo e 1500evra a tretata partija po golemina(koja e na pat da bide najgolema)bara na doselenicite da im se ukine detski dodatok i EU za ovie raboti ne gi interesira.......
Од: Ване
Датум: 11.09.2008 11:25:17
Од глупос во глупос крај нема.
Од: dobr roesenie
Датум: 11.09.2008 11:28:48
zakonot e dobar i ne se razlikuva od evropskite regulativi so koi majkite vo evropskite zemji imat moznost da biraat dali sakat da rabotat ili da si gi gledaat decata doma.
Од: marija
Датум: 11.09.2008 11:28:50
Најверојатно повеќето ромски или албански семејства ќе се преселат во тие општини и ќе продолжат да раѓаат деца, така да сега и ќе бидат наградени за тоа. 85% Од парите пак ќе отидат кај нив
Од: .
Датум: 11.09.2008 11:40:54
Na nekoj ako mu doslo da rodi dete ke rodi dete mene nema da me natera vladata da imam deca samo zaradi pari
Од: 0d tetovcanec
Датум: 11.09.2008 11:40:55
epa sakate deca i pari nema toa nigde mie albancite praemo deca i nikogas ne zemamo pari od drzavata ama ne ima mnogu vie cekajci pari ostanavte i bez deca
Од: Utopija
Датум: 11.09.2008 11:57:42
Aferim!!!!!!!! Vladata nesebicno se bori za celosno unistuvanje , istrebuvanje na se sto e Makedonsko.Kogo fakticki ke stimulira , samo edno malcinstvo , pardon veke sme ramnopravni.Vladata neka se fokusira na Popisot na naselenieto koj ke se sprovede vo 2011 godina. Nastimuvanite procenti od 2002 god . (25% ) da ne se povtorat.
Од: sanja
Датум: 11.09.2008 12:31:34
kakva glupa rabota-pa koj moze da gleda dete so 5000den ne stigaat ni za pampers neka zeme grujo da go gleda negovoto dete so 5000 pa neka ragat poveke ako se gledat taka lesno.cista glupost i populizam
Од: Kumanovo
Датум: 11.09.2008 12:46:58
A sto koga ova Vlada ke si zamine i dojde nova vlada koja nema da bide raspolozena da dava takva finansiska podrska na golemite majki; at tie veke rodile deca?
Од: conax
Датум: 11.09.2008 13:04:51
znaci dojde ona na zingo...ako treba i deca ke naprajme...posto ima ucilista...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Издишан туризам
Славистите имаат значајна мисија во борбата за подобра иднина
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Дрога? Не, благодарам, имам!
Владата собира поени на сметка на општините
Жан Клод Јункер
Огромен пожар ги пеплоса ридовите над Миладиновци
Претпазливост над конфронтација
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Карикатура