Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Дрога? Не, благодарам, имам!

Горан Адамовски

Дрога? Не, благодарам! Имам! Вака некако изгледаше репликата што „копиљаците“ ја измислија по кампањата на надлежните пред неколку години за борба против дрогата. Летото 2008 дрогата навистина ја има секаде. И изгледа ја консумира од младо до старо. Пет-шестгодишно дете секој ден оди од тезга на тезга на пазарот на Бит-пазар и бара обични најлонски ќеси. Потоа, во нив ставало лепило и го вдишувало кај семафорите на многу фреквентната раскрсница. За него знаеле сите, ама го оставаат ритуалот да си го извршува секој ден. Десетина дечиња, пак, од кое најголемото нема повеќе од 10 години, освен што вдишува лепило, се боцкаат во вени и тоа среде бел ден во парк во центарот на Скопје! И за нив знаеле сите. Биле од ромска националност, семејствата им биле растурени, постојано биле на улица, питачеле, краделе...

Овие дечиња не се единствените што паднале во канџите на дрогата. Возрасната граница на зависници од дрога драматично паѓа надолу, а најстрашното е што кон овој горлив феномен се однесуваме како на нешто туѓо, нешто што се случува само на „западните“ или американските филмови. Демек, кај нив тоа е нормално, а кај нас го нема.

Надлежните, односно Министерството за труд и социјална политика убаво го детектирале проблемот - општеството не сака в очи да му погледне на злото. Убаво, ај сега нешто и да се преземе, па децата да бидат научени да не бидат измамени од дрогата и пороците што демнат од секој агол. Но, државна нема стратегија. Се' што се прави, се прави стихијно, рекламна кампања во медиумите, работилници или сеанси со краток рок на траење. За еден ден се обидува да се поправи тоа што не се правело со години. Во меѓувреме, во другите 360 и кусур денови од годината, кога нема агресивна кампања, ќе креваме рамена и ќе се правиме дека не сме ги виделе дечињата со шприцеви во рацете или лепило во носевите. Така прават надлежните, така нека прават и граѓаните.

Полицијата немала што да прави со децата. Ќе излезе на терен, ќе го земе детето со себе (ако претходно не успеало да побегне) и ќе го однесе во станица. Ќе ги викнат социјалните работници, родителите или старателот на детето, ќе го запише за евиденција и ќе му го достави извештајот на обвинителот, кој ќе го чува онака, колку да биде во тек. Социјалните работници ќе ги однесат децата во центрите за зависници, ама не можат таму, бидејќи во овие установи се третираат само полнолетни лица или малолетници со наполнети минимум 16 години. Тогаш преостануваат дневните центри, ама и тоа е решение за една употреба, а не личи да праќаш деца во психијатриска болница. Така, децата се враќаат на улица, бидејќи најголем број од нив имаат родители на коишто грижата за сопствените деца им е последна работа. Дури и ги принудуваат децата да излезат да питачат, да крадат, препродаваат, па ако тре��а да го нудат и своето тело за да им донесат дома пари. Голем број од овие деца воопшто не се евидентирани во книгата на родените.

Проблемот е многу подлабок отколку што се чини на прв поглед. Сиромаштијата, неписменоста, лошите услови за живеење, долгата и неуспешна транзиција се едната страна од тажната приказна, другата е немарноста на државата да се справи со негативностите. Стручњаците велат дека образованието е првиот степен за отстранување на децата од улица. Уште од најмали нозе да се научат на здрав живот и навики. Само, и тука има проблем: како родителите од најсиромашните слоеви да ги пратат на училиште своите деца, кога немаат да се прехранат, а не, пак, да плаќаат за превоз, храна, облека и што ли уште не? Задолжително образование - да , ама под кои услови?

Каде се тука вистинските вредности во општеството? Толку е се' искривено што личи на анегдотата кога некоја баба го видела својот внук со другарите како пушат и ја вртат во круг марихуаната. Мислејќи дека пушат цигара, се врткала кај нив и им дала пакување цигари: „Греота деца, немате пари ни цигари да си купите“, им рекла бабичката и си заминала!

 


Статијата е прочитана 1148 пати.

Испрати коментар

Од: narkoman
Датум: 11.09.2008 09:11:53
Pak li policijata kriva i za ova? Pa neli policijata koga gi uapsi onie "mili" decinja sto krsea izlozi niz Kapistec bese stavena na tapet kako "nedemokratska" koja gi "preplasila i traumatizirala" milite nasi huligancinja koj resile da krsat izlozi koj kostaat po 200-300 evra najmalku. Sega treba i ovie "mili" narkomancinja da gi "traumatizira". Ne be luge ,demokratija e ova. Prajte sto sakate. Se e dozvoleno. Nikoj nisto ne vi moze. EEeee katastrofo, kraj ne vi se faka. Za ovde izgleda treba samo stap i nisto drugo.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Издишан туризам
Славистите имаат значајна мисија во борбата за подобра иднина
Раѓајте деца, власта чести!
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Владата собира поени на сметка на општините
Жан Клод Јункер
Огромен пожар ги пеплоса ридовите над Миладиновци
Претпазливост над конфронтација
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Карикатура