Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Славистите имаат значајна мисија
во борбата за подобра иднина

Како луѓе од науката, прифаќајќи ги сознанијата и аргументите, треба да се доближиме до вистината, рече Милан Ѓурчинов

Невена Поповска

ОХРИД - Во Охрид, лулката на словенската писменост, вчера беше отворен 14. Меѓународен славистички конгрес на кој присуствуваат околу седумстотини учесници од светот. Современите и актуелни теми од областа на славистиката, ќе бидат во фокусот на рефератите и тркалезните маси на голем број на млади истражувачи, со нова, модерна ориентација.

„Свесни сме дека ниеден конгрес не може да даде конечни одговори на прашањата, ниту на старите, некои сеуште неотворени, ниту на новите, оние кои новото време ги поставува на дневен ред“, рече меѓудругото академик Милан Ѓурчинов, претседател на организацискиот одбор на Меѓународниот славистички конгрес, на вчерашното свечено отворање.

„Но“, продолжи Ѓурчинов, „ние можеме како луѓе од науката, прифаќајќи ги новите сознанија и аргументи, да се доближиме до вистината, да ги отстраниме минатото и напластените заблуди и предрасуди, и тоа да го сториме како припадници на славистичката наука и на словенството кое поседува свои, автохтони вредности, кои и денес и во највисоко развиениот свет се ценети. Залагањето за вредностите на морален и духовен план со кои токму словенството и некогаш и денес било и е толку сродно, не е никаква утопија и фантазмагорија и не значи одбегнување на сегашниот и реалниот свет во кој сега живееме, туку обратно-свртеност кон него таков каков што тој е со сите негови светлини и опачини, прифаќање на неговите реалности и спремноста да станеме активни, но и критички партиципиенти. Тоа значи прифаќање на светот во кој има место за сите посебности, за сите национални и културни специфичности, усвојување на сите творечки придонеси, без оглед од каде тие доаѓаат“.



Учесниците на Меѓународниот славистички конгрес ги поздрави и претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, кој во поздравната реч меѓудругото истакна дека одржувањето на овој голем и важен собир претставува исклучително признание на глобалната лингвистичка наука, за значајноста на нашата улога и придонес меѓу словенските држави. „Воедно“, рече Црвенковски, „претставува указ на почит на придонесот на македонската култура, духовност и јазик кон сесловенската писменост, култура и духовност. Славистиката, како една од најпропулзивните дисциплини на глобалната лингвистика, ја има токму таа задача на идентификување на сродните култури и традиции на славофонските држави. Значењето на славистиката станува уште поголемо со влегувањето на неколку словенски држави во големата и силна политичка, економска и културна заедница на европските држави. Денес, оваа најголема заедница на држави во св��тот претставува вистинска ризница на различни национални, културни и духовни традиции со свој препознатлив културен идентитет“.



По свеченото отворање на конгресот, содржините продолжија со реферати на Трајко Стаматовски, кој се осврна на развојот на македонскиот литературен јазик, на Александар М. Молдован, кој говореше за патот на славистите во современо време, како и на Роберт Ходел, кој ја обработуваше темата за романот како жанр.

Во попладневните часови, дискутантите во секцијата за лингвистика се задржаа на етногенезата на Словените и историјата на словенските јазици во врска со историјата на словенската материјална и духовна култура, прасловенскиот јазик и неговите дијалекти, словенската етимологија, старословенскиот јазик, неговата дијелектна основа и територијалните варијанти, како и ролјата на црковнословенскиот јазик во формирањето на словенските литературни јазици.

Во рамките на конгресот, кој ќе се одржува до 16 септември, беа отворени и две изложби - на славистички изданија, на која се изложени повеќе од 3.000 научни дела од областа на славистиката што ќе останат во трајна сопственост на Република Македонија, како и самостојна изложба на дела од академскиот сликар Владимир Георгиевски.


Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 11.09.2008 01:04:26
Kako kje si go najdeme krajot, Edni velat deka sme antichki makedonci, drugi deka sme slavjani. Prema istoriskite izvori pak Kiril i Metodi se vizantijski sluzhbenici, so zadacha da go shirat vizantijskoto pravoslavje niz slavjanite. Uchenicite pak na Kiril i Metodi se sluzhbenici na bugarskiot car Boris i Makedonija se naogjala togash vo sklopot na bugarskata drzhava.
Од: Angele L. Vretoski
Датум: 11.09.2008 04:53:05
Slavistikata bila i ostanuva "Mrtvecki Sandak" za Makedonistikata a nivnite ideolozi Ivan Grozni, Katerina Velika, hrvatite Mestrovic i Biskupot Strosmaer i site denesni slavisti se grobari na Makedonskoto minato, segasnost i idnina.
Од: Krste Misirkov
Датум: 11.09.2008 09:41:30
Makedonskiot jazik bil, e i ce ostane slovenski jazik, a Makedoncite bile, sme i ce ostaneme slovenski narod.
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2008 11:42:10
Da poveruvam toa shto Krste Misirkov go rekol no moeto prashanje e kako za vremeto na Makedonskata dinastija se uptrebuvale dosta zkorovi shto gi upotrebuvame sega . E sega ovie nashite slavisti sakam da mi objasnat ,kako e mozno vo toa vreme da se zborvalo takvi zborovi a Slavjanite se dojdeni mnogu podocna na Balkanskiot poluostrov. A Bugarite se tatari tie go prifatija ovaj jazik od Makedoncite .Bugarite pravi se mongolska rasa od Jingas Kan. Shto serat Bugarite edna tretina ili pomalce se tatarite ,drugite 50% se Makedonci ia ostanatite se turci e toa e deneshna Bugarija.
Од: George
Датум: 11.09.2008 12:26:18
A kako e deneshna Makedonija? Kolko % sa Albancite u makedoncite so bugarsko suznanie, grcite? Ako veli da ima separatizam vo carinata so Kosovo, Makedonija ke ostane na teritorja 1/2..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Издишан туризам
Раѓајте деца, власта чести!
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Дрога? Не, благодарам, имам!
Владата собира поени на сметка на општините
Жан Клод Јункер
Огромен пожар ги пеплоса ридовите над Миладиновци
Претпазливост над конфронтација
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Карикатура