Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Учениците со петиција ќе се бранат од екстерното оценување

Се' уште не се знае што и кога ќе се полага, иако од Министерството најавија дека веќе ги доставиле распоредите

Жаклина Хаџи-Зафирова

Учениците од основните и од средните училишта собираат потписи за петиција со која ќе бараат да бидат ослободени од полагање на екстерните тестови. Педесетина ученици вчера повторно се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, но се разбегаа откако ги забележаа телевизиските камери и новинарските екипи. Тие не сакаа да откријат детали околу петицијата, само појаснија дека ќе ја испратат до ресорното министерство.

Учениците се' уште не знаат што и кога ќе полагаат, иако од Министерството најавија дека уште во петокот ги доставиле распоредите со термините за полагање и наставните предмети. Паника има посебно кај осмоодделенците кои треба да бидат тестирани веќе од идната среда, а се' уште не знаат по кои предмети. Дилеми околу екстерното оценување има не само кај учениците, кои најавија дека е можно да ги бојкотираат тестовите, туку и кај професорите, кои се плашат дека прашањата може да не се совпаѓаат со материјалот. За нив е проблематично тоа што во различни гимназии се учи од разни учебници, што би можело на крајот да ги збуни учениците поради различните начини на кои се презентирани содржините во учебниците.

„Во средните училишта се учи од разни учебници. Не се проблем фактите, но проблем е различниот начин на прикажување на фактите и податоците, што секако може да ги доведе учениците во недоумица како да го одговорат прашањето“, вели еден од директорите на средните скопски училишта кој инсистираше да остане анонимен. Уште попроблематично, вели тој, е поради фактот што не се знае кој учествувал во подготовката на прашањата.

Некои негови колеги стравуваат дека тестовите ќе бидат направени според европски критериуми, кои не соодветствуваат докрај со нашиот систем.

За разлика од него, други директори ја негираат оваа можност.

„Во изготвувањето на тестовите учествуваа професори од средните училишта во соработка со советниците од конкретниот наставен предмет. Така што не може на тестот да се падне нешто што не е во наставниот предмет“, ни изјави директорот на средното училиште „Орце Николов“, Ѓорѓи Китански.

Според него, распоредот кој предмет ќе го полагаат учениците од одделни класови го прави училишната комисија, а учениците би требало да бидат запознати кои предмети ќе ги полагаат 10-15 дена пред полагањето.

Во некои основни училишта ни ја потврдија информацијата дека, како и во повеќето средни училишта, не го добиле распоредот за полагање, а се очекува да го добијат најдоцна до денеска.

Во училиштата стравуваат и за компјутерскиот систем кој претходно во два наврата не успеал да ги издржи пробните екстерни тестирања во неколку скопски средни училишта. А не издржала ниту Интернет-конекцијата. За овие проблеми директорите добиле цврсти гаранции од министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Никој во Министерството за образование и наука не е расположен да даде официјална изјава и да објасни кога ќе пристигнат распоредите за полагање или, пак, да ги коментира реакциите од училиштата. А ваквата ситуација во Министерството трае подолго време, откако последната портпаролка Маја Корубин си замина од оваа институција.

Сите се вадат со образложение дека „немаат овластување“ да даваат изјави, па инсистираат нивните имиња и презимиња да не се цитираат. Од она што го наведуваат е дека уште во петокот биле испратени известувања до училиштата за термините и предметите за полагање. Но, нивните „овластувања“ завршуваат дотука.


Статијата е прочитана 345 пати.

Испрати коментар

Од: m.s
Датум: 12.05.2009 00:24:49
rasporedite pristinaa, na decata im posakuvam pred se mnogu sreka ! ne uspeaa vo svojata zamisla bidejki zakanite bea pregolemi ( nedobivanje na sveditelstvo i drugi slicni i nedolicni zakani ) !!! na vakov nacin se sozdava otpor prema ucenjeto a ne pottik !
Од: Arijan
Датум: 12.05.2009 08:15:56
Red e da se vidi koj kolku raboti po skolite! Nema isteran nastavnik vo poslednive 20 godini predaval ili ne predaval,nikoj ne drzi dopolnitelna nastava ,ke gi ispukaat 2o casa i trcaat na druga rabota a nekoj kisne po 8 sati za istite pari i plus vaka gi manipuliraat decata!
Од: dance
Датум: 12.05.2009 08:53:55
А зошто земаат плата инспекторите?Додека пијат кафе и се шетаат по ходници нека седат во училниците и нека гледаат како работат професорите.Зошто нашите деца да се експериментални глувци? Да не им исплатат надоместок за претрпените нервози?
Од: Goran
Датум: 12.05.2009 09:26:23
Ne se načite deca eksperimentalni gluvci,no red e da vidime kolku STVARNO imaat poznavanje na maretiite što gi učat ili gi dobivaat ocenkite od baftanaana ili po protekcionizam.Znaeme deka profesorite prvo što gi prašuvaat decata e koj od nivnite roditeli kaj raboti ze da napravi matematika što će mu treba.Dosta e od odlikaći a potoa vo sredno ili fakultet edvaj proađaat,a dodeka nekoi i bez da bidat na predavanja dobivaat visoki ocenki,ili ednostavno ako im se politički podobni roditelite tie se se podobri vo uspehot,no bez znaenje.
Од: jas
Датум: 12.05.2009 09:27:13
децата, децата, децата ... А РОДИТЕЛИТЕ ????? каде се родителите ??? Не ги мешајте децата во политиката и не ги носете нив на улица. Критикувате нешто што го прават родителите на некои деца . Е па мили мои новинарчиња и гласноговорници на власта и опозицијата додека не ги изнесете родителите на улица и не се соочи владата со граѓанска непослушност, џааааааааааааааабе е се што ќе кажете и напишете и затоа не ми го губете времето со вакви глупости. Од моја гледна точка редно е да се намалат некои оценки на „ ОДЛИЧНИТЕ „ ученици од мама и тате.
Од: Болен М. Дојчин
Датум: 12.05.2009 10:57:38
Точно е дека со години се оценува според Мама и Тате! Меѓутоа се прашувам дали се тестираат учениците заради проверка на знаењето, или проверка на оценките и протекциите, или заради оценување на наставниците? Природно е со учебници во кои се пишува за „медоносна репа“ и „бела млеч“ (некаков си примитивен назив за Сперма) учениците да пројават и Незнаење! Но, незнаењето не е нивно, туку е „заслуга“ на оној Примитивец кој дозволил ваквиот „учебник“ да се издава и од него да се изучува! Имајќи ги во предвид зголемениот број малолетнички абортуси и „предвремени“ раѓања во браковите (склучени post festum) се поставува прашањето: вероучение, или Сексуално образование, во кое јасно ќе им се објасни на неуките дечиња дека Дева Марија имала предбрачни проблеми со Светиот Дух?
Од: јована
Датум: 12.05.2009 12:17:39
Ако отцените на просветните работници не се валидни и треба екстерно отценување тогаш учениците не треба да бидат малтретирани со тестови преку школската година.Нека одат на школо и нека слушаат настава,па на крајот од учебната година нека полагаат екстерни тестови.Не ги малтретирајте децата.
Од: калимеро
Датум: 12.05.2009 16:44:11
Повторно недоразбирање или во прашање е нешто друго.Да биде јасно,не се оценува ниту ученикот,ниту наставникот,се оценува критериумот.Дали заслуженои се оценети учениците или не.Што е толку страшно ако се е чисто.Изгледа од оваа голема галаме заклучок е дека се кај нас било глума па и во образованието.Сме глумеле учење,и сега некому тешко му паѓа.Ние сакаме правдина ама нас да не заобиколи,е нема правда.

Најди! во Утрински
Македонија
Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Двосменско работење ќе донесе ред во дополнителната дејност на лекарите
Македонските училишта во еTwinning
Почна сезоната за наводнување од „Брегалница“