Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Влатко Илиевски препеа песна од Џамбазов

Темата „Есен“ е сместена на новиот албум „Најбогат на свет“ што ќе биде промовиран наредната недела

„Есен“ е новата тема на поп-пејачот Влатко Илиевски, зад која како автор се потпишува шоуменот и актер Игор Џамбазов, кој ја напиша песната во далечната 1992 година и ја објави на својот прв албум. Истовремено, новиот сингл кој е со нов аранжман, направен од Дарко Тасев, е и најава за албумот на Илиевски „Најбогат на свет“, што ќе биде промовиран пред неговиот голем концерт, закажан за 5 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Од „План Б-продукција“, кои стојат зад менаџментот на поп-пејачот, изјавуваат дека препејувањето на песната за Влатко претставувало голема чест и дека тој ја смета за една од наубавите и највеселите македонски песни.

Од денеска „Есен“ е веќе пуштена во радиоетерот, а во наредните денови ќе се снима и видеоспот за неа, што ќе биде промовиран наредната недела заедно со новиот албум на Влатко Илиевски.


#
Статијата е прочитана 699 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ѓоко Танески се посрами пред медиумите во Осло
Ужива во мајчинството и во хуманитарната работа
Миле, Цацко и Тошо дремат на шалтер
Ќе се формира естрадно здружение „Илинден“
„Љубави“ ќе ечи во „Борис Трајковски“
Били Ајдол на скопското Кале наместо на лизгалиште
Му ги згазија кучињата