ЏОН ТРАВОЛТА
Му ги згазија кучињата
Двете кучиња на актерот Џон Траволта починале на пистата на аеродромот „Бенгор интернешнел“ во Меин минатата седмица. Властите во градот го објаснија настанот како несреќа.
Имено, откако Траволта и семејството слетале на аеродромот, кучињата му ги предале на лице задолжено за домашни миленици. Според сведоците што биле на местото на настанот, животните ги прегазило камиончето што требало да ги превезе патниците од еден авион на пистата. Веднаш по несреќата, директорката на аеродромот, Ребека Хап, упати длабоко извинување до семејството Траволта. „Ние интензивно се грижиме за сигурноста на аеродромот. Секојдневно голем број авиони слетуваат и полетуваат без никакви проблеми. Ова дефинитивно беше несреќен случај и сакаме да му изразиме сочувство на целото семејство“, кажа Хап. Се' уште не е јасно дали кучињата биле врзани со ременчиња во текот на несреќата и како успеале да се најдат пред камиончето.
Семејството Траволта завчера се обрати во јавноста со уште едно соопштение, имено, по подолго време и тие имаа среќна вест што посакаа да ја споделат со цел свет: Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон објавија дека очекуваат принова! |