Адријана Лима
Ужива во мајчинството и во хум��нитарната работа
Сопругата на српскиот кошаркар Марко Јариќ, манекенката Адријана Лима, полека, но сигурно, се навикнува на животот во шпанската престолнина, а освен грижата за својата шестмесечна ќерка Валентина, најде време да се вклучи и во хуманитарната работа. Откако на крајот од претходната година беше најавена преселбата на Марко Јариќ од НБА-екипата „Мемфис Гризлис“ во „Реал Мадрид“, шпанските медиуми постојано го следат движењето на двојката, не криејќи дека синооката Бразилка целосно ги освојува со своето однесување и шарм. Адријана се пресели од Шпанија во април откако нејзиниот маж најде идеален дом за тричленото семејство во ексклузивната населба Ла Морелеха, каде што живеат многубројни познати личности, како фудбалерите Роналдо и Рафаел Ван Дер Варт.
Освен повремените посети на натпреварите на Марко, Адријана ретко се појавуваше во јавноста, но во последно време ситуацијата се промени. Облечена во лежерен спортски стил, без шминка и со коњско опавче Адријана привлече големо внимание појавувајќи се на настан што е дел од акцијата за собирање средства за напредок и истражување на ракот на дојка при клиниката за онкологија „Клара Кампал“. Претходната седмица, пак, познатата двојка беше забележана на тениски турнир во Мадрид, на еден од мечевите на Федерер. |