Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Миле, Цацко и Тошо дремат на шалтер

Момците од „К-15“ се надеваат дека нивниот нов сингл ќе иницира реформи во современата администрација

Момците од популарното хумористично трио „К-15“ - Миле, Цацко и Тошо се надеваат дека преку својот нов сингл, насловен „Шалтер“, ќе поттикнат реформи во современиот административен систем. Песната, која доаѓа по двегодишна музичка пауза на триото, за тематика ја има љубовта, но кон сопствената професија. „Оваа песна и спот ни се посебно важни поради тоа што обработуваат една многу битна тема за денешново време во коешто живееме, станува збор за современа, љубовна тематика. Тоа е за огромната љубов на еден млад човек спрема сопствената професија. Толку е заљубен во неа што на крај, кога веќе ќе остане без неа, е изгубен и не може да се снајде. Тој човек работи како современ административен шалтерски работник“, објаснува Бубо Каров, алијас Цацко Конопишки. „Мислам дека овој спот толку ќе ја трогне јавноста што може да доведе до драстични промени во современата администрација, односно во нивниот однос спрема својата професија. Тоа е нешто неверојатно: како може еден млад човек да си ја сака својата професија, а да работи на шалтер“, вели Бубо.

Авторски зад песната стои целата екипа на „К-15“, а спотот кој веќе може да се погледне на ТВ е снимен во киното „Фросина“. Темата е реализирана во студиото „Мјузик бокс“, продуцирана е од Влатко Георгиев, а како гостин со својот устен ритам се појавува Момир Колев, кој беше меѓу суперфиналистите на „К-15 репродукција“. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 2021 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ѓоко Танески се посрами пред медиумите во Осло
Ужива во мајчинството и во хуманитарната работа
Влатко Илиевски препеа песна од Џамбазов
Ќе се формира естрадно здружение „Илинден“
„Љубави“ ќе ечи во „Борис Трајковски“
Били Ајдол на скопското Кале наместо на лизгалиште
Му ги згазија кучињата