Били Ајдол на скопското Кале наместо на лизгалиште
Концертот на светската ѕвезда Били Ајдол, што треба да се случи на 20 јуни, наместо на скопското лизгалиште, како што првично беше најавено, ќе се одржи на Кале, на местото на кое се одржува „Пивофест“. Како што се наведува во информацијата испратена од организаторот „Авалон продукција“, главна причина за преместување на концертот на Кале е техничкиот рајдер што го добиле од менаџментот на Били Ајдол. Имено, во него стои барање за бина со огромни димензии, како и најава за пристигнување голема опрема со два камиона и два турбуса и која едноставно не ја собира на лизгалиште. |