Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

СДСМ наесен со влада во сенка

Можно е веќе во октомври партијата да го има првиот тест пред граѓаните

Билјана Јовановска



На саботниот, 12. конгрес на партијата, кој ќе се одржи во хотелот „Александар палас“, Социјадемократскиот сојуз на Македонија ќе ја официјализира кампањата која, според мотото, ќе трае додека треба. На „Бихаќска“, каде што изминативе месеци се работеше повеќе од кога и да е порано, владее умерен оптимизам. Свесни се дека партиската програма, на која работеа експертски тимови, е добар производ од кој е логично, и тие самите и јавноста, да очекуваат добри резултати, кои партијата одново ќе ја вратат на власт. Меѓутоа, не замижуваат ниту пред фактот дека во однос на кампањата, СДСМ не може да се натпреварува со владејачката ВМРО-ДПМНЕ и со промовирањето на своите решенија опозициската партија само ќе ја интензивира рекламната активност на власта. Тоа се чувствува веќе сега и не е ни малку случајно што Кабинетот на премиерот Никола Груевски, на пример, за една недела излезе со три изборни мерки.

Без оглед дали наредните избори ќе бидат редовни или вонредни, лидерот Бранко Црвенковски пред себе има исклучително тешка и одговорна задача - на цврсти нозе да ја застане партијата која минува низ внатрешни ломови и кризи и бележи рејтинг кој е далеку под посакуваниот. Конечно, искусниот партиски шеф ќе мора да ги промовира и новите лица на СДСМ, зашто најавите за засилување на партиските редови со млади и исклучително надарени кадри запреа на двајцата потпретседатели - Гордан Георгиев и Зоран Јовановски. Затоа, со нетрпение се очекува што и кој ќе добие како партиско задолжение. Оваа распределба на обврските ќе биде исклучително важна, исто како и изборот на луѓето, бидејќи СДСМ до крајот на годинава првпат ќе има влада во сенка. Подготвеноста да застане на чело на претпоставениот отпор на граѓаните Црвенковски лично ја искажа и прашање на време е кога решеноста да и' се спротивстават на власта, која не ја води државата кон ЕУ и НАТО-интеграциите со посакуваното темпо, ќе се манифестира. Дали, можеби, веќе во октомври ќе биде истестиран новиот, рестартиран СДСМ - останува да видиме.

На Конгресот партијата ќе поработи на промени на статутот. Ќе се официјализира стегната тупаница како нов симбол, кој, како што покажуваат интерните истражувања, има добар прием кај членството. Наредниот месец Градската организација на партијата во Скопје ќе добие засилување. Главниот град е посебен тест, кој мора успешно да се помине, особено сега кога Скопје е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Непосредно по Конгресот, во Универзална сала, в сабота лидерот Бранко Црвенковски ��е ја промовира новата партиска програма во која, тврдат, акцентот е ставен врз низа интересни решенија на економските проблеми, а не е заобиколен ниту политичкиот сегмент. Битно им е програмата да биде достапна до поголем број луѓе, така што по Конгресот, СДСМ ќе тргне во класична политичка пропаганда. Економскиот дел од програмата е пишуван така за да им биде разбирлив и на оние категории граѓани на кои социјалдемократите досега не им се обраќале на ваков начин. За ова е водена особена грижа, бидејќи освен лојалност од сегашното членство и од симпатизерите, на СДСМ премногу му е важно и освојувањето, и тоа во поголем процент, на оние 52 отсто неопределени гласачи, кои и со ваква интензивна кампања владејачката ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ги придобие на своја страна.

 


#
Статијата е прочитана 1576 пати.

Испрати коментар

Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 10.09.2009 02:33:47
Ајде Бранко формирај ја веќе еднаш таа влада во сенка. Зарем не гледаш како Грујо и фамилијата напртавија пустиња од Македонија.А во пустина не растат дрва, кај ќе најдеш сенка за владата?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2009 07:33:44
Стегнатата тупаница е посткомунистички симбол демек отпор,моја препорака е показалец вперен кон некаде како симбол кон кој правец тежнее СДСМ.Забелешката за отсаство на повеќе млади луѓе точна,спасителот знае да повеќе млади луѓе повеќе свежи идеи а тоа значи спасителот во сенка.Двајцата млади потпреседатели оставаат впечаток на умерени политичари кој знаат да ги артикулираат забелешките на СДСМ кон власта,за разлика од веќе невидливите Кондарко и Иванов.Ќе се појават коментари за стравот од спасителот,стравот е од безтежинската состојба на СДСМ како опозиција.
Од: jovan
Датум: 10.09.2009 08:27:04
Prvo Branko najavi "akcija" posle izborite, go odredi mesec Maj za "pohod", pa potoa odlozi za Septemvri, sega najavuva za na Esen, na Esen ke pomesti za Nova Godina, pa potoa na Prolet ke se sprema da ja "uriva" Vladata.Vo meguvreme ke ja cekame "PROGRAMATA"(najverovatno i od toa nema nisto da bide, ili pak nekoja fic-firic programa ke prepise od nekade). No se mislam deka Branko samo mu "kupuva" vreme na Grujo i mu go "stiti" grbot. Najverovatno si sklucil covekov nekoj dogovor so Grujo ,pa zatoa i nemame opozicija. Kako sto ke paga rejtingot na grujo, taka SDSM ke pravi pogolemi gluposti za da ja "odrzi" razlikata 1:3. Narode ne se nadevajte veke na Branko, ve prodade. Treba da se bara drugo care. Vaka ne ide veke.
Од: nepartiski
Датум: 10.09.2009 08:44:05
Aj neka si sedat vo senka i onaka im e ubavo vo ladovina. Lugevo mnogu se istrosija od rabota , pa kako istroseni politicki penzioneri neka si odmaraat i neka si gi uzivaat blagodetite od nivnata makotrpna i poztrvuvana rabota za Makedonija. Aj na zdravje narode.
Од: anita
Датум: 10.09.2009 08:59:49
Branko e eden!!Da zivee sdsm!
Од: devicanecot
Датум: 10.09.2009 09:04:55
Владата во сенка нека си ја чуваат за во лето. Наесен и така е свежо, па уште и ако им е во сенка....веднаш ќе им настине Владата. И што после...со одма настината и болна Влада ли ќе работат??
Од: klime
Датум: 10.09.2009 09:05:11
Izgleda taa vlada vecno ke ostane vo senka. Dovolno ni napravija senki. Dosta im bese.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 09:11:19
Влада во Сенка, Или Во Дебела Ладовина???
Од: dedodimo
Датум: 10.09.2009 09:39:32
Ha, ha,ha ,ha vo senka vlada so Branko .Luge e gledate mechkata a e barate tragata ,zarem navistina zamisluvate deka SDSM ke dijdi ponovo na vlast ,zalosen narod .SDSM e gotov za da izchezni od politikata odnosno da se raspadni a vie sonuvate neshto .Isto bi bilo kako da se vrati Lupcho na vlas vo Makedonija .Luge razbudetese ,toa e samo son ,na naprsti izbroeni luge koj ziveat vo zabluda.Shto mislite narodot Makedonski ke vi oprosti ?.
Од: JAN
Датум: 10.09.2009 14:26:04
Posle se" sto mu napravija na Makedonskiot narod pak se nadevaat da im ukaze doverba?!?Navistina se nedovetni!
Од: Petrovski Toni
Датум: 10.09.2009 14:29:36
Srece e da ti se pruzi sansa i za koja treba pamet za da se iskoristi toa SDSM i go pravese no sega se sudruva so problemot na sozdavawe na sansa i tuka nikako ne im odi, moj sovet e kontinuitrano daprodolzat so konsolidirawe odnosno da se branat i da napacaat so molcewe (nesto slicno kako Gandizmot)se do izborite koga ce treba najglasno da napadnat vo sprotivno Vladata site ce gi izvika kako neuki i nesposobni

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Едиторијал
Соња Маџовска
Поглед
Деспина Трајковска
Мислења
Ден Дончев
Личност на денот

Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк