Панде Лазаревски потврди дека има стан во Домот за постдипломци
Високиот владин функционер потврди дека купил стан што е во завршна фаза на отуѓување во договор со банката
Директорот на Центарот за справување со кризи, Панде Лазаревски, вчера потврди дека користи стан во Домот за постдипломци и докторанди „Атанас Близнаков“ во Скопје. Во писмената реакција до јавноста, испровоцирана од текстот во „Утрински весник“, Лазаревски признава дека користи стан во овој објект, но нагласува дека нема никакви долгови по основа на неплатени станарини.
Лазаревски е најзвучното име меѓу 28 лица што користат станови во оваа зграда, а кои одамна се здобиле со научни звања. Тие по разни основи му должат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ 4 милиони денари.
„Да, точно е дека, како и многу други професори (вклучително до скоро и еден проректор), сум корисник на стан во тој објект. Не е точно дека имам долгови за неплатена станарина“, се вели во писмената реакција.
Притоа, Лазаревски објаснува дека уште пред десет години бил понуден модел пред универзитетската управа за стопанисување со објектот и продажба на становите, што „по реални, пазарни цени ќе овозможуваше одржување и континуирано проширување на наменскиот станбен фонд за научно-наставниот кадар на Универзитетот со изградба на нови објекти во согласност со таквиот финансиски модел“.
Според Лазаревски, наводите дека престојува во зградата што беше изградена пред 20 години, како поддршка на постипломците и докторандите за определено време, се „конструирана афера“. „Да, неколку месеци престојувам во објект што се нарекува Дом за постдипломци. Каде престојувам и каде спијам - тоа е моја работа (а, секако дека не можам да престојувам некаде насила)“, вели Лазаревски.
Лазаревски, исто така, пишува дека во меѓувреме има купено и недвижен имот, прецизирајќи дека станува збор за „стан што е во завршна (извршна) фаза на отуѓување во договор со банката поради намирување станбен кредит“. „Точно е дека пролетта минатата година побарав службен стан за привремено користење“, вели Лазаревски, додавајќи дека се' уште не му е одобрен службениот стан од административни причини. Во декември, Лазаревски потпишал договор за купување стан во ��ој треба да се всели за кратко време, односно по завршување на некои формалности и ослободувањето на станот од досегашниот сопственик.
Лазаревски, освен што е висок владин функционер, неформално е дел и од советничкиот тим на претседателот Ѓорге Иванов, а важи за еден од идеолозите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во вчерашната реакција, текстот во „Утрински весник“ тој го анализира од аспект на обидите „да се дискредитира една политика и да се дестабилизира и собори конкретна политичка гарнитура“.
Притоа, можеби и не сакајќи, Лазаревски практично го открива моделот според кој владејачката ВМРО-ДПМНЕ се пресметува со своите политички неистомисленици. Сценариото, како што детално и нашироко го опишува Лазаревски, во основа се состои од неколку фази, почнувајќи од наоѓање група незадоволници на кои ќе им се даде можност и конкретни упатства како да настапат во јавност. Во втората фаза, вели Лазаревски, директно се атакува на моралниот интегритет и кредибилитет на лидерот, кој се настојува да се претстави како човек на кого не може да му се верува, односно дека едно мисли, друго зборува, а трето прави. Фазата три, според Лазаревски, е да се излезе во јавност со полувистини и афери, а во следната четврта фаза нападите се насочуваат кон препознатливи, истакнати лица од владејачката гарнитура, при што, како што вели Лазаревски, преку манипулација со полувистини насочени кон морално дискредитирање на челни луѓе од партијата на власт и од владејачката гарнитура, се праќа главната порака до јавноста за тоа какви луѓе ја водат земјата.
Лазаревски, покрај стратегијата, ги објаснува и тактичките потези, при што, како што вели, дека и покрај тоа што има повеќе актери на повеќе нивоа, заедничко кај извршителите кои директно влијаат врз формирањето на јавното мислење е тоа што генералните инструкции ги добивале од еден центар и дека вистината не е цел, туку конструкција на аргументи согласно со инструкциите што ги добиле. (М.Ј.)
stavrno za zalenje si site mudri a ti ne pameten i taka te nacekal lgup da se izrazam so ulicni jazik i si zivees vo stanot,a kako opravduvanje ti je ete jas kupuvam stan vo zavrsna faza , a sto ke ti da kupuvas koga imas bezplaten .
Од: slavco stanoev
Датум: 23.01.2010 00:52:46
Гледај чудо.Човекот признава дека е узурпатор,и наместо да се извини и што побргу да го ослободи станот тој се лути.Некој му ја расипал идилата и сега демек тој предлагал решенија.Неспорно е да се даваат предлози,но истите треба да ги даваат луѓе со чиста совест.Во оваа земја за жал законите важат селективно.Можеш да бидеш ригорозно казнет за ситен прекршок,а за крупни грешки да изигруваш навредена величина.
Од: Bitolcanec od Kanada
Датум: 23.01.2010 01:23:12
Atanas Bliznakov ako znae koj denes go koristi negoviot trud vo grobot ke se prevrtuva. Celiot svoj zivot vo Amerika se borese protiv MPO i VMRO za denes nezinite clenovi vo Makedonija da go koristat negoviot trud.
Од: цук
Датум: 23.01.2010 03:30:50
абе не кажувај прикаски и конструкции вакви и онакви, уште ќе треба да те жали човек /демек немал долгови за станарина/ . ПУ не ти е срам Говедо едно безобразно и ненаситно, земај ги парталите и напуштај го станот за да го користи некој што стварно му треба а не басни и магла да продаваш. Чекај чекај, кога ќе те прашаат сега и за критериумите за магистрантите и докторантите во ЦУК што им плаќаш од државни пари - назад ти е зимата
Од: zulu
Датум: 23.01.2010 09:39:43
Saka nabrzina da go stasa shefot Nikola pa i on da ima dva stana od cinovnicka plata...xixixixiixii
Од: Учо -Гостивар
Датум: 23.01.2010 09:47:05
Господине Лазаревски.Фатени сте на дело дека злоупотребувате стан кој му припаѓа на друг човек Ваш колега.Сигурно сте имале причина за тоа.Но срамно е сега кога треба да признаете ,да се извините јавно и да се повлечете,Вие од позиција на висока функција обвинувате други.Тоа не е во ред за човек од таков ранг.Но Вам не Ви е до другите луѓе.Дали тој стан ќе му послужи на некој млад колега? Па време е ��а сватите дека не се сите полоши од Вас.Инаку фатените на дело ја наведнуваат главата и се повлекуваат.Ако знаат за срам и ако имаат перде.Вие очигледно немате такви „МАНИ“.
Од: јас
Датум: 23.01.2010 10:20:31
Проста маса , портокалова !!!Не само што признава дека користи она што не му припаѓа, туку и напаѓа дека му е некој друг крив..Недоделкана цепеница , а не човек од наука!!!
Од: principielen
Датум: 23.01.2010 10:24:00
Ako e Gruevski pameten, a i cist, P.Lazarevski i drugite kako nego, vednas ce go trgtne ne samo od funkcijata, tuku i od partijata. Od reakcijata na doticniot P.L. se gleda deka ovoj nekogasen marksist, so premisla i od materijalna i druga korist, za napreduvanje, vlegol vo VMRO DPMNE.
Од: Bivsh komshija
Датум: 23.01.2010 10:27:37
Bravo, bravo. Arno mi velea mene bivsite komsii vo domot da ne izleguvam - "nisto ne mi mozat". Eve kako mozelo 20 godini da se uzurpira. Se sekjavam deka smestuvanje se davase vo ovoj dom za postdiplomci i doktoranti i deka dogovorite trebase godisno da se obnovuvaat. Po pravilnikot. eden od kriteriumite za dodeluvanje bese i imotnata sostojba. Drug kriterium e deka ednostavno koga kje magistriras ili doktoriras...si odis od tamu. Pande, Pande...zboruvaj sto sakas, ama covek sam se diskreditira. Dali e fakt deka 20 godini zivees tamu. Dali e fakt deka imotnata sostojba ti e takva da ne moras da baras od Univerzitetot smestuvanje? Koga si doktoriral? Ne frlaj prasina!!! Sram da ti e. I na tebe i na site drugi "akademski gragjani" koi bespravno ziveat tamu. Ama ne se oni krivi. Kriv e Univerzitetot i tie koi treba za toa da odgovaraat. Ovie "akademski" gragjani deluvaat po princip obraz gjon i mi se moze. Selska rabota vo selska drzava.
Од: Милан
Датум: 23.01.2010 10:32:31
Колку сме мизерни ...
Од: Kade ti e sovesta i moralot?
Датум: 23.01.2010 10:41:31
G-dine Pande Lazaservski. Ako i tronka imas moral , cuvstvo na odgovornost i sram i vnatresen poriv na sovesta, namesto da se javuvas so so vakvi konfabulacii, ednostavno ce go predades stanot, ce si gi platis dolgovite i ce se izvinis pred Makedonskata javnost. Ti so svoeto odnesuvanje i nanesuvas najgolema steta na tvojata maticna partija. No se povece se somnevam deka gi imas tie doblesti
Од: jovan j
Датум: 23.01.2010 11:33:30
Ostavete go covekot.Sakate da go zbudalite.A toj takvi mudrosti ni kazuva.Kako ne mu e sram!?Namesto da navedne glava i da se izvini toj mudruva.
Од: ss
Датум: 23.01.2010 11:59:34
vo MK site studiraat ,70 % doktoriraat ,stvarno ,dali ima i nepismeni? citam vcera za diasporata mnogu napisaa deka site sto otisle se nepismeni ,cudno nesto ,zarem vi vredi toa ,vie site tamu prvo ste nepismeni duhovno ,vie nemate moral ,vie ste eden zloben narod pa zatoa i taka vi odi ,bez uvreda ama taka samo znaete sekogo da napagate a site ste isi ,i site sto pisuvate da ste na mestoto na ovoj covek veruvam isto bi go napravile,sepak ve pozdravuvam
Од: Velesanec-DZS
Датум: 23.01.2010 12:16:05
Ova e mal kriminal vo sporedba so toa sto go pravese 2007, miljonski kriminal koga proglasi demek ima kriza vo makedonija so pozarite(SAM JA PROGLASI KRIZATA),Znaete li vie kolku pari zloupotrebi od vladata (graganite)za nekoja firma Bonier ,pa 1 saat let mu go placase 900 eura-nenormalana situacija lugje.Avion za frlanje hemikalii protiv bubasvabi on placase za taa cena i toa bez tender ili postapka,tuku kako da e negova firma tebe te izbiram ,,sigurno bilo,450 eu za tebe 450 za mene :))),lele kakov lopov ,ne sum znael deka zivee vo domot za doktoranti ,a covekot doktoriral pred 20 gd,bil direktor vo ISSPI ziv sram sto da kazam.Istrazuvajte mu gi pozarite 2007 i avionite Bonier kako redakcija tuka vece nema sto da se istrazuva mu go pokazavte vistinskoto lice -kriminalec,Pobarajte revizorski izvestaj 2007-2008 i ce vidite koj kriminalec e Doktor Pande Kriminalecot i VMRO i se e mozno.
Од: verag
Датум: 23.01.2010 13:21:30
Секој сака да живее во стан за кој нема да плаќа кирија, но нажалост единствен услов за тоа е да си во власта. А човекот сигурно има мала плата, како и што имаат повеќето Македонци, па не може да плаќа висока кирија, како што плаќаат сите што се без стан.
Од: STO E TOA MORAL!!!!!
Датум: 23.01.2010 14:13:27
I posle ovoj covek ke izleze na televizija i ke ni zboruva za pravda i moral!!!!!
Од: krexixx
Датум: 23.01.2010 14:36:17
e da ne veruvas kolku neposteni partiii imamo na laze pred oci sto gledamo da ne e al moze mu se bolje da cutese psi lajat karvani pominuvaat i narode mk koj te e,,,,,
Од: SPIRIDON
Датум: 23.01.2010 14:40:00
Aj be,ne mi se komentira.Jaz*k!Gagagjija!Bruka!Voa li se VMR-ovcite,a?
Од: девичанецот
Датум: 23.01.2010 14:46:39
Редно би било и сите прозвани во претходните текстови да се јават, а поготово членовите и симпатизерите на опозицијата нека го искажат своето човечко достоинство.
На тој начин ќе го зајакнат својот рејтинг.
Ако и имаат човечко достоинство. Во случајот ете, Панде искрено си напиша.
Каде е искреноста на другите..Бизевски, Младеновски....и не знам кои се други беа спомнати.
Од: marija
Датум: 23.01.2010 15:46:33
Kakov primer im dava na idnite generacii, pa i toj mi bil " nekoj " profesor, ziva bruka za negovata fela.....
Од: marjan
Датум: 23.01.2010 17:46:58
se nadevam deka ima uste nekoj kako mene koj se srami od testot i od komentarite na vasite citateli
Од: ramadan
Датум: 23.01.2010 19:11:35
Kreaturo profesorska! Kako mozes da zboruvas za moral i etika.Kakva "hrabrost" sobra i so kakvi argumenti nastapuvas,za da go branis tvojot mafiozen potez.Ako si navistina univerzitetski profesor,jas,da sum na mestoto na "tvoite " studenti,najmalku sto ce storam e ,tvoite predavanja da gi bojkotiram.Velis deka si kupil stan,ama ne mozes da se vselis poradi "administrativni" problemi.Ako nemas stan,se znae,sekoj den ima oglasi za iznajmuvanje na stanovi.Odi pod "kirija kako sto odat dosta Tvoi studenti.Kakva bruka i kakva mizerija,kakov amoralen cin na edem "moralen" visok vladin funcioner.A sto se odnesuva do Tvojata sposobnost,imavme moznost da te vidime za vreme na pozarite niz Makedonija.Da ne bese Gruevski,Ti se pomoca( neka mi bide prosteno na vulgarizmot).Zatoa ne se brukaj,i od februari zemi pokreni postapka za iseluvanje,jaden POZDIPLOMEC-PENZIONER.
Од: vmrovec
Датум: 23.01.2010 20:17:48
Abe sramota i za vmro i za vladata. Ne ostana nieden vmrovec od tebe i tvojata trojka vo CUK
Од: julia
Датум: 23.01.2010 21:34:35
So site ovie vasi komentari uspeavte da pokazete i dokazete deka ste samo edna tolpa lesna za manipuliranje. No toa e, "dusicki". Povekje od ocigledno e deka opozicijata izbrala mnogu mizeren i prost nacin da gi napagja stolbovite na VMRO-DPMNE, a vie na taa jadica se fativte. Epa sogragjani moi, bas kako sto prof. Lazarevski ve narekuva - ljubiteli na spanski serii, bujrum gledajte i komentirajte, zatoa sto za nisto drugo i ne ste sposobni. Edno nesto treba da vi e jasno: koga SDSM e na vlast se kupuvaat kukji, koli, vili i red drugi luksuzi ( nivniot esalon si se obezbeduva za vo idnina), a sega koga konecno na vlast dojde vlada koja nesto pravi, ne gledajki da izvlece korist za sebe, na vas toa pak ne vi odgovara. No vie ste (kako sto predmalku kazav) dusicki na koi seirot i plukanjeto im se bitni. Mislam deka e vreme da prekinete da si gi truete dusickite, i pocnete da si gi gledate svoite zivoti i realnite problemi.
Од: VMRO-SDSM-CIA-KGB
Датум: 24.01.2010 09:54:02
Porfesorov 5 godini zivee bez osnov, i nasproti pravilnikot vo toj stan. Plakja po okolu 2000 den na ime mesecnaz stanarina. Cetiri godini do dekanite i direktorite pri UKIM doagja spisokot so opomeni za da se preselat doktoriranite i da se vselat novite od listata. Rektorite si molcat, Pandeto si uzorpira, nikoj od ostetenite so odluka za vseluvanje vo stanot na Pande ne posegna da tuzi. CUDEN NAROD. ILI STRASNA KORUPCIJA. ILI PREMNOGU MOKJEN PARTISKI STIT.
Sram da vi e PANDE. KOLKU COVEK MOZE DA BIDE SITEN.