Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Политика

Македонија меѓу првите доби ЕУ-амбасада

Ештон треба да се изјасни до кога ќе трае мандатот на амбасадорот Фуере

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска


Брисел - Амбасадорот Ерван Фуере од неделава и формално има двојна капа на функцијата, откако новата шефица на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Аштон, стави потпис на одлуката 54 делегации на Унијата од 136, меѓу кои и таа во Македонија, да бидат издигнати на повисок ранг и да ја претставуваат ЕУ, а не Европската комисија. Иако ЕУ-амбасадите формално и натаму ќе се нарекуваат делегации, а претставниците во нив - шефови на делегациите, тие ќе имаат право да зборуваат во име и на Европската комисија и на Советот, за што досега на Фуере му беа потребни две именувања, две согласности и двоен мандат.

Извори од Советот потврдија дека одлуката е донесена и оти сите специјални претставници како Фуере, кому овој мандат му завршува во март, се ставени на чекање и го чекаат крајниот збор на Ештон дали кариерата ќе им зависи од мандатот од Советот или од ЕК, што се разликуваат.

Моментно има многу нејаснотии околу функционирањето на штотуку создадената ЕУ-дипломатија и јасно е само дека за именувањата и за парите ќе биде одговорна новата шефица на дипломатијата. Таа во април треба да излезе со сеопфатен предлог како да функционира и на кои основи да се конституира новиот дипломатски сервис на Унијата, кој најголема вредност ќе има што двете институции усогласено ќе настапуваат во земјите и амбасадите на ЕУ ќе бидат многу повеќе политички отколку технички, какви што беа делегациите на ЕК. Македонија практично беше една од првите, ако не и прва земја во која се тестираше новиот концепт на ЕУ-дипломатијата и каде што на најдобар начин се виде судирот што го продуцираше дотогашната врзаност на делегациите со Комисијата кога во исто време имаше и специјален претставник. Дали отворањето на ЕУ-амбасадите го прави беспредметно постоењето на амбасадите на земјите-членки е прашање на кое никој се' уште нема одговор, но со оглед на финансиската криза и потребата за рационализација, тоа може да биде увод во затворањето на некои амбасади во нашата држава.

Освен Македонија, на листата на европски земји во кои ЕУ има амбасади сега се Ерменија, Грузија, Молдавија, Норвешка, Србија, Швајцарија и Украина, а останатите се во Азија и во африканските земји. Во бриселскиот жаргон тие веќе се нарекуваат суперделегации, а нив ќе ги опслужуваат околу 5.000 дипломати. За време на сослушувањето во Европскиот парламент, Аштон категорички одби идните амбасадори на ЕУ да мора да се појават на отчет во Европскиот парламент, но некои политичари од источноевропските земји веќе го кренаа гласот против малото присуство на кадар од нивните земји, односно само еден шеф на делегацијата од 136. Иако Македонија е исклучок и практично веќе има ваква состојба во ЕУ-делегацијата, новата организација ќе се почувствува, бидејќи секоја одлука или позиција ќе треба да биде усогласена меѓу Советот и ЕК што, пак, најдобро се сфаќа ако се знае колку многу ЕК ја туркаше македонската препорака за датум, а колку лесно таа заглави во Советот.

Во Брисел се' уште не е јасно ниту кој ќе го има главниот збор во политиката кон проширувањето, односно дали политиката ќе ја утврдува Ештон, а еврокомесарот за тоа само ќе ја спроведува во реалност. Доколку се потврди информацијата дека конците ќе ги држи шефицата на дипломатијата, која со една нога е во ЕК, тогаш македонската иднина комплетно ќе зависи од Грција и од решавањето на спорот.


#
Статијата е прочитана 1125 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Панде Лаза��евски потврди дека има стан во Домот за постдипломци
Иринеј нишки нов поглавар на СПЦ
Пациентите заглавени во изборот на лабораторија
Опасна одлука за меѓуетничките односи
Место карго-аеродром Груевски ќе гради патишта
Партијата на Бошкоски бара оставка од Јанкулоска
Во болницата на Камчеви ќе заминат 200 вработени