ТЕТОВО – „Одлуката на Владата првачињата од малцинските заедници да го изучуваат македонскиот јазик е опасност за меѓуетничките односи. Наметнувањето над албанскиот народ да го изучува македонскиот јазик од прво одделение значи однос газда спрема потчинет“. Вака вчера лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ја прокоментира одлуката за која во земјата се крена толку врева. „Над 35 отсто од жителите во Македонија се Албанци и, според Уставот, албанскиот јазик е официјален. Албанците не може сосила да се натераат на почитување на таа антиуставна одлука. Се шират полувистини и лаги, а тие ако се повторат два пати, стануваат вистина. Се наметнува и теза дека Албанците имаат криза на моралот. Таа теза е обратна“, потенцираше Тачи.
Акцијата околу изградба на Бурмали-џамија на плоштадот во Скопје Мендух Тачи ја нарече маскарада за која „човекот што има најголема одговорност, првата личност на ИВЗ, сега е во глувчева дупка. Истиот тој го благослови Никола Груевски нарекувајќи го најдобар премиер. Во сето ова има и други никаквеци вклучени во божемната активност за изградба на џамијата, но ништо не можат да направат“. Лидерот на ДПА ја вброи изјавата на министерката за надворешни работи, Гордана Јанкуловска, во лажна и дволична. (Г.Е.)
Ajde be opasna bila odlukata da se uci oficijalen jazik na drzava...
Од: silvester, sidnej
Датум: 23.01.2010 03:53:57
Sega gi manipulirate decata uste od najmala vozrast, istata taa generacija ke protestira posle nekoja godina, koga ke nemoze da se zaposli na adekvatano rabotno mesto. Vecni problemi. Takvite politikanti ne mu mislat arno na svojot narod. Znaete li zosto jas nemam visoko kvalifikuvano rabotno mesto vo Avstralija? - Zatoa sto ne go izucuvav angliskiot jazik. Kolku moze da razberat obicinite Albanci od mojov komentar?
Од: јас
Датум: 23.01.2010 10:23:13
А каде треба да се изучува македонски јазик од прво одделение?! Можеби во Албанија?ДОСТА веќе со непочитувањето на оваа држава!!!!!!!!!
Од: beba
Датум: 23.01.2010 12:20:57
Na site tie sto mislat kako silvester, treba da im bide jasno deka za decata, na ovoj svet, nama drug koj najmnogu se grizi, osven roditelite na tie deca i nema drug koj misli dobro za decata osven roditelite, samo za decata albanci izgleda poveke od roditelite se grizat lugje kako silvester i negovite istomislenici koi posocuvaat deka nasite deca ke ne osudat koga ke porasnat zosto ne go ucele makedonskiot jazik od 6 godisna vozrast.Ocigledna e nezakonskata i neustavnata Odluga na Ministerot za obrazovanie, deka e politicki nastroena i zatoa politicki i stetna za drzavata. Vo ovaa drzava na cija polovna ziveat povece od 55% albanci a po nekoi podatoci i nad 65 % se nametnuva so sila ucenje na makedonskiot jazik kako sluzben jazik dodeka samite drugiot sluzben jazik (albanskiot) ne sakaat da go ucat.Zosto?dali e tezok i im prestavuva teskotii vo ucenjeto ili e nepozelen zato sto go zboruvaat lugje koi se najbliski do makedonskiot narod?ili imaat alergija da go slusaat toj jazik?
Од: Сашо
Датум: 23.01.2010 21:22:14
Политиката што ја води Тодоров, а поддржана и диригирана од Груевски ќе доведе до дестабилизација на државата, се прашувате зошто? Прво, никој не кажува кога е донесена одлуката (новинарите нека се заинтересираат) и зошто до сега не беше спроведена, зошто 2 дена пред почетокот на второто полугодие стана актуелна. Второ, Тодоров се фали дека го решил проблемот во средното училиште во Струга, не е вистина, се чека момент односно директива кога да избувнат немирите помеѓу средношколците. За воведувањето на македонскиот јазик од второ полугодие Тодоров се повикува на стратегијата за интегрирано образование, да сега ја користи како аргумент, а на терен- во струга ја спроведува владината стратегија за сегрегирано образование....