Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Политика
Место карго-аеродром Груевски ќе гради патишта

ШТИП - Оваа 2010 година ќе биде година на бавно, но сигурно закрепнување на светската, но и на нашата економија. Карго-аеродром сигурно ќе се гради, но не сега, туку за пет-десет години. Владата имала стратегија за инвестициски бум во Македонија, со изградба на патишта, железници, затвори, водоводни и канализациони мрежи. Ова се главните поенти на кои се фокусира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија партија прексиноќа од Штип ги почна „трибините од граѓански карактер“. Но, Груевски избегна да одговори дали трибината на која беше половина владин кабинет е во функција на можноста за предвремени избори годинава.

Изградбата на карго-аеродромот била обврска од меѓународно потпишан договор и ќе се реализира, но ќе била пролонгирана. „Тој аеродром е влезен во програмата и таа состојба никој нема да може да ја промени. Веќе во март или во април ќе се почне со изградбата на Скопскиот и со реконструкцијата на Охридскиот аеродром“, појасни премиерот.

Пред околу илјада штипјани што ја преполнија големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“, Груевски вети големи инвестиции во патната и во комуналната инфраструктура. „Еден од поголемите и позначајните проекти е конечната изградба на железницата која ќе не' поврзе со Бугарија, а почна да се гради во деведесеттите години. Владата е во преговори со компаниите што работеа на овој проект. Од меѓународните банкарски институции ни беше речено дека ако сакаме финансиска поддршка прво ќе мора да расчистиме со должничко-доверителните односи со компаниите што работеа на проектот. Ние тоа веќе го направивме и сега сме фокусирани на изработката на физибилити-студија што ќе биде завршена до крајот на годинава, а од 2011 година да почнеме со изградба“, рече премиерот. Тој потенцира дека ќе следува и модернизација на другата железничка инфраструктура. Груевски најави изградба на повеќе значајни патни насоки низ државата како Скопје - Блаце, Куманово - Крива Паланка, Гостивар - Кичево - Охрид - Струга -граница со Албанија и автопатот Скопје - Свети Николе - Штип - Кочани. Исто така, вети изградба на водоводни и на канализациони системи во сите наши градови без исклучок, за што веќе биле обезбедени 70 милиони евра. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 1489 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 23.01.2010 00:21:45
Веќе во март или во април ќе се почне со изградбата на Скопскиот ... Znaci i po tret pat se prolongira. Prvo bese eod prvi mart, pa vtori pa sega mart ili april. Mene se mi e strav dane treba da se merat vetrovite i okolu skopskiot aerodrom.
Од: Hari
Датум: 23.01.2010 00:54:30
Se rdna covekov, pa zarem misli deka nekoj veruva na kup lagi???? Moze samo onie partiski vojnici koj gi vraboti a ne odat na rabota, ili Mitre od Bituse?? Zaboraviv na Sofre i Brajan????
Од: Bitolcanec
Датум: 23.01.2010 03:41:33
Mnogu pravilna odluka!Ke gradime novi moderni aerodromi,a od druga strana imame katastrofalna patna mreza, malku avtopati,a i tie sto se,izgledat poloso i od selski patista,dupka do dupka,gubre isfrleno na site strani od patistata,ne iscisteno 10 god.!Napravigi Grujo Aleksandar Veliki i Apostol Pavle za da ne se stramime pred svetot,ta za kargo aerodromot toe e poslednoto nesto sto treba da se grizite!
Од: Toni
Датум: 23.01.2010 09:38:06
Kargo aerodrom e odlicna ideja,podrska za toa. No tebase da se izgradi pomegu Prilep i Bitola.Pozdrav do site Makedonci. Gospod da ja blagoslovi Makedonija.
Од: јас
Датум: 23.01.2010 10:26:25
Прво аеродром ќе им градеше на штипјани .Му беше „крив “ ветрот , па ќе „одложи “ за 10 години ( Читај : НИКОГАШ )..Сега патишта и пруги ќе им гради..А во стварноста ќе им пушта камен-темелници ( никогаш довршени ) од селски патчина и селски чешмичина ..ТОЛКУ МУ Е КАПАЦИТЕТОТ !!
Од: забеган.
Датум: 23.01.2010 10:59:45
До авторот на ова пусулче.Од каде толку пари на ГВУЈА Да гради патишта место Ајродром??????????.Или Гвуја го сметате Македонија????.Ако е така веќе сме го смениле името Гвујо-Македонија.
Од: dragi
Датум: 23.01.2010 14:04:34
Da e ziva i zdrava DIJASPORATA --oni se najgolemata ivesticija vo Makedonija -pari se slevaat vo drzavata -no treba tie pari drzavata pametno i razumno da gi trosi .Ovie pari sto stigat od nasite iselenici da se upotrebat za infraksruktura -za da mozat nasincite da se vrakat i da investirat vo svojot kraj.
Од: SPIRIDON
Датум: 23.01.2010 14:36:36
Nikolčo,Nikolčo šo misleše ko se onadeše.Premierskata ne e lesna,ako si poddržan od nogute doktoranti okole tebe.Zašo si poddržan neznam,ne videme.I čovek be ščipskio narod ne e jagurida,pa aj pa ke go vozeš,nanovo,so patišča,vodovodi i slični kerefeki.Imaše vreme,šo napravite?Kako da bea tia spomenicite na procent,pa tia voštanite otkaj gi izmisli,stavi gi untre i brakata Kalamatievi,a od ponovoto stavi go be K*nata,nemaše i nema poubavi pastrmalii od negovite,pa tia zgradite kaj Vardar,novata zgrada na Mihajlo,grčko-rimski stil,se vi e izgleda na procent.E mina taa.Ojdeme u Ginis po siromaščijata.Djabe gi šetaš so autobusi tia VMR-ovci,gledale sme go taj film.A*kl za drugšpat ako ima.Ama ne mi se veruva.Vaka?Ne ja biva.
Од: kole
Датум: 23.01.2010 18:39:15
Niti aerodrom, nitu patista....samOOOOO LAAAAAAGGGGGIIIIIII.................
Од: Трпе
Датум: 23.01.2010 18:54:59
Наш мистер Мр.Рејтинг ќе чекал да се сменат ветровите за едно 5,10,15 години па ќе градел карго ајродром.А за градење на автопати и железница ќе мерел,какво е расположението на народот за предвремени избори.Ако климата му одговара нему ЌЕ,Ќе,ќе....ќе градел се што народот посакува.Ако треба и море Ќе направи.ОбеЌање,лудо верување.

Најди! во Утрински
Политика
Панде Лазаревски потврди дека има стан во Домот за постдипломци
Иринеј нишки нов поглавар на СПЦ
Пациентите заглавени во изборот на лабораторија
Македонија меѓу првите доби ЕУ-амбасада
Опасна одлука за меѓуетничките односи
Партијата на Бошкоски бара оставка од Јанкулоска
Во болницата на Камчеви ќе заминат 200 вработени