Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Русија им даде медал на борците од Македонија

Медалот „65-годишнина од победата во Големата татковинска војна“ Русија вчера му го врачи на Сојузот на здруженијата на борците од НОБ на Македонија. Тој им е доделен за да се зачува споменот за борбата над фашизмот, поддржувањето на ветераните и воспитувањето на младите во духот на историската вистина. Рускиот амбасадор, Олег Шчербак, во име на организацискиот одбор „Победа“, на чие чело е рускиот претседател Дмитриј Медведев, рече дека „победата над фашизмот е наша заедничка победа, за која народите на нашите земји платиле висока цена“. „Наш заеднички долг е да го чуваме споменот за хероите и жртвите на оваа најголема и најсурова војна во историјата на човештвото за да не ги заборавиме нејзините поуки и античовечката идеологија на фашизмот никаде и никогаш повеќе да не се појави“, рече Шчербак.

Во име на Сојузот на борците медалот го прими делегација на чело со генералот Тодор Атанасовски, кој заблагодарувајќи се за признанието рече дека по 65 години од победата над фашизмот, денес фашизмот ��о кој било облик не смее да помине и оти нема нешто поскапоцено од мирот. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 879 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.02.2011 13:55:23
Blagodarnost do Rusija, a posebno do Makedonskite partizani koj gi zrtvuvaa svojte zivoti i mladost za drzava MAKEDONIJA. Vecna im blagodarnost. Smrt za izdajnicite.
Од: ANTIFA
Датум: 23.02.2011 18:00:36
Fasizmot druze Generale se vrati i hara po svetov. No ima novi partizani i nema da im dozvolat da projdat ni ovoj pat.

Најди! во Утрински
Политика
Брисел ќе ги враќа визите ургентно
Судиите добиле преодна
Македонците од Либија ќе се извлекуваат преку воздух и вода
Анонимно ќе се оценуваат делителите на правда
ЕУ е главна цел за граѓаните
Синдикатите се здружија