Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

ЕУ е главна цел за граѓаните

Македонските граѓани не се откажуваат од желбата за членство во Европската унија – дури 90 проценти од нив ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Унијата. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометарот за Македонија направено од 11 ноември до 1 декември 2010 година, во членките на ЕУ и во земјите-кандидатки.

Од испитаниците, 59 отсто го сметаат членството во Унијата за добра работа, што претставува незначително намалување во однос на мај 2010 година (60 отсто). Процентот на испитаниците што очекуваат придобивки од зачленувањето во ЕУ, исто така, благо опаднал (од 73 на 69 отсто), но е и натаму повисок во споредба со другите земји-кандидатки. Стабилно мнозинство граѓани (56 отсто) имаат позитивна слика за Унијата, при што најголем дел од нив ја доживуваат како „модерна", „демократска" и „заштитничка".

Анкетирањето било на репрезентативен примерок од 30.780 испитаници на возраст од 15 години нагоре и претставува индикатор за ставовите и за размислувањата на сите социјални, професионални и возрасни групи од урбаната и руралната популација.

Според резултатите од истражувањето, мнози��ството граѓани и натаму ја сметаат невработеноста за главен проблем во земјата и нивниот број во меѓувреме се зголемил од 63 отсто на 66. Втор најголем проблем за испитаниците е состојбата во домашната економија, иако јавната загриженост во однос на ова прашање благо опаднала (од 46 отсто на 44). Мнозинството граѓани во земјава (52 отсто) ја оцениле како добра финансиската состојба во своите домаќинства.  (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар

Од: Prekrsteni vo EU - blagodaram NE!
Датум: 23.02.2011 12:40:27
Dosta so vakvi anketi. Zosto ednas ne se ispita kolku Makedonci se za vleguvanje vo EU so promeneto ime i identitet? - 0%
Од: Makedonceto nema poim za EU
Датум: 23.02.2011 15:01:28
Kaj nepismen narod toa e taka. Makedoncite nemaat poim sto e EU. No HRvatite znaat i tamu i televiziite i ekspertite realno ja prikazuvaat sostojbata e ne kako kaj nas so euforija i diletantizam. Vo Hrvatska nad 60% se protiv EU, zosto znaat sto gi ceka nivnite seljaci i nivnoto zemjodelsko i pomorsko proizvodstvo. Za pocetok im gi zatvorija site brodogradilista, zasto b rodovi treba da gradat samo germancite iu holandjanite.
Од: Jован АН
Датум: 23.02.2011 15:17:19
Прашањата се така поставени да испаѓа дека влегувањето во ЕУ е поважно од се’.ЕУ - да,но не по цената која се бара од нас!Не ми треба Европа која ќе ми се обраќа со некој друг поим од оној кој сум го наследил од моите предци и кој сакам да им го оставам на моите поколенија.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.02.2011 19:48:50
Овие заборавиле да ги прашаат граѓаните,,дали сте за влез во ЕУ со променето име,,а можеби и го знаат процентот па затоа не прашале.

Најди! во Утрински
Политика
Брисел ќе ги враќа визите ургентно
Судиите добиле преодна
Македонците од Либија ќе се извлекуваат преку воздух и вода
Анонимно ќе се оценуваат делителите на правда
Русија им даде медал на борците од Македонија
Синдикатите се здружија