Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еко��омија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Судиите добиле преодна

Квалитетот на работењето на судиите во 2009 бил подобар од претходната година

Гордана Дувњак



Судскиот совет е задоволен од квалитетот на работењето на судиите. Но, не од сегашното пресудување, туку од тоа како се ангажирале делителите на правда во текот на 2009 година. Резултатите покажале дека судиите повеќе и подобро сработиле во споредба со претходната година, која беше прва тековна година откако почна „протресувањето“ на претставниците на судската власт.

Допрва ќе се оценува и ланското ангажирање на над 650 судии, кое ќе почне да се проверува во текот на март, бидејќи со новите законски измени крајниот рок за завршување на оваа операција е април. Но, во Судскиот совет се надеваат дека нема да има големо отстапување во квалитетот и оти судиите ќе покажат приближни резултати како претходната оценувачка година.

Новата претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска, уверува дека при оценувањето на судиите е избегнат каков било субјективизам.

„Сите податоци за судиите се црпат од ’акмисот’, компјутерската програма за распределба на предметите во судовите. Во образецот точно се знае бројот на предмети во работа, новопримените и старите предмети, колку се решени во текот на еден месец, колку има укинати или преиначени пресуди“, вели Зафировска. Таа тврди дека сега е тешко судијата да ги чува предметите во фиока, бидејќи со новата информатичка технологија тој е задолжен компјутерски да го евидентира секое примање, но и решавање на предметот.

Најголемиот број од судиите добиле преодна оцена при сумирањето, а мал е бројот на судии што покажеле „задоволителни резултати“. Највисоко се рангираат оние судии што покажале „многу добар“, бидејќи во описните оцени нема „одличен“ како еквивалент за „петкашите“.

„Судиите во 2009 година решиле повеќе предмети од претходната година, намален е приливот, а помал е бројот и на укинати и преиначени пресуди“, појаснува Зафировска.

И оваа анализа покажала дека оптоварувањето на судии не е подеднакво во судови и оти најмногу предмети во работа имале судиите од двата скопски суда - Кривичниот суд и Граѓанскиот суд, за разлика од нивните колеги од помалите судови што биле многу порастоварени.

Претседателката на Судскиот совет подвлекува дека голем број судии успеале да ја надминат судската норма и за двесте отсто, што покажало дека старите судски норми биле прениски и нереални. Отстапувањето во резултатите е производ и на тоа што постои промена во методологијата, па, за разлика од 2008 година, сега се разгледувал вкупниот број решени предмети, а не само оние што отишле по жалба. Од оценувањето се изземени новите судии, кои во оценувачката година имале работен стаж под шест месеци, како и оние што дошле од институција надвор од судството.

Зафировска информира и дека во моментов во Судскиот совет се работи на изготвување на решенијата за секој судија и тие до крајот на овој месец ќе ги добијат на рака во плик за да можат да се жалат, доколку не се задоволни од бодувањето.

Таа вели дека ги слушнала реакциите што доаѓаат од судовите, кои се жалат на повисоките норми, но додава дека досега немаат добиено официјална реакција од Здружението на судии на Македонија или од Врховен суд. „Не можам никако да се согласам дека новите судски норми се определени од око. На нив сериозно работеа членовите од Судскиот совет, кои се координатори на четирите апелациони судови. Самите резултати на судиите покажаа дека тие можат да сработат повеќе. Но, подготвени сме да разговараме ако стаса некакво барање за преиспитување на судските норми“, вели Зафировска.


#
Статијата е прочитана 1212 пати.

Испрати коментар

Од: RM
Датум: 23.02.2011 15:57:04
No vo praksa situacijata e ista. Ako otidesh vo sud, ke ostanesh i bez pravda, i bez pari. Sudiite retko odolevaat na mito, pa sudstvoto e neprofesionalno i mizerno, kako i sekogash.

Најди! во Утрински
Политика
Брисел ќе ги враќа визите ургентно
Македонците од Либија ќе се извлекуваат преку воздух и вода
Анонимно ќе се оценуваат делителите на правда
ЕУ е главна цел за граѓаните
Русија им даде медал на борците од Македонија
Синдикатите се здружија

"""