|
|
|
|
|
|
Брисел ќе ги враќа визите ургентно
Азилантите од Македонија и од Србија и' испровоцираа нова политика на Унијата за визите
Слободанка Јовановска
Советот за правда и внатрешни работи неделава ќе се изјасни за предлогот на Европската комисија за воведување брз механизам со кој ако побара некоја земја-членка, ќе можат да се вратат визите за земјите што сега се на белата шенген-листа. Одлуката беше најавена од минатиот декември, но сега треба да биде прифатена и ако се случи тоа, што е речиси извесно, можно е да се врати визниот режим за Македонија и за другите земји од Западен Балкан.
Јохан Мулер, одговорен за правда и внатрешни работи во Советот на ЕУ, изјави за „Утрински весник“ дека одлука за враќање на визите за Македонија сега нема да има, но се отвора таква можност за во иднина, ако некоја од државите се пожали дека состојбата со азилантите е вонредна и не може да се контролира.
„Европската комисија се обврза дека ќе излезе со предлог за ваков итен механизам што би се активирал во случај на масовен прилив на азиланти од нек��ја балканска земја. Со него би се вовела суспензија на визниот режим за одреден период“, соопшти Мулер. Најново е што Франција и Холандија бараат ваквиот механизам да не се применува само за Балканот, туку да важи и за други земји и региони, бидејќи сега ЕУ нема начин како да се заштити и да ги врати визите ако некоја земја добила укинување. Како пример, тој го спомена случајот со Чешка, која бара ЕУ да и' одговори со реципроцитет на Канада за воведување визи за оваа земја-членка, но Брисел не може да го спроведе тоа, бидејќи нема такова регулатива.
Произлегува дека Балканот повторно запали црвен аларм во ЕУ и даде причина да се смени цела една регулатива во оваа област. Врз одлуката, веројатно, ќе влијаат и случувањата во арапскиот свет, кои со ескалацијата, ја зголемуваат опасноста од огромен бран бегалци кон Европа, па сите влезови на Унијата ќе мора посилно да се контролираат.
Ваквата можност вчера ја најави и европарламентарката Тања Фијон, според која, поголем број држави имаат забелешки поради големиот број азиланти од Србија и од другите држави од регионот. Според неа, во случај на сериозно кршење на обврските, земјите-членки може да побараат Србија или некоја друга држава да бидат на црната шенген-листа.
- Таа можност постои и се плашам дека без сериозна одговорност на владите, постапката за враќање на визите ќе биде покуса, бидејќи одделни држави како Франција и Холандија сакаат да ја забрзаат процедурата. Тој предлог извесно време е во оптек и важи за вонредни ситуации доколку има многу азиланти. Со таква одлука би се заобиколил Европскиот парламент, појасни Фајон.
Ако се прифати таа иницијатива, според неа, тоа би значело замрзнување на визната либерализација од одредено време, „можеби на неколку недели или месеци“.
- Тој принцип е предложен за да се носат некои одлуки брзо, без промена на уредба и целиот процес на одлучување. Би била потребна само согласност од сите членки. Свесни сме дека веќе неколку месеци ЕК загрижено го следи постоењето на вонреден број азиланти, изјави Фајон.
Европската унија го започна процесот на укинување на визите од предминатата година, и во него беа вклучени некои острови од Пацификот, балканските земји, а во тек беа процедури и за Русија и други бивши советски држави. Со мерките што се најавуваат сега, ЕУ покажува дека, практично, се покајала и дека бара начин како да ретерира.
|
#
|
Статијата е прочитана 3532 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dežela |
Датум: 23.02.2011 12:36:53 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: smoki |
Датум: 23.02.2011 12:55:20 |
|
браво за Канада, така треба, да осети ЕУ малку сила. Впрочем најголема опасност во УСА и Канада гледаат во исламистите со британски и германски пасоши;
и ние треба да воведеме визи за некој ЕУ држави , има наплив на фалсификувани евра и далавери со картички на банкоматите, има МВР дебела документација.. |
|
|
|
|
|
|
Од: STANKO |
Датум: 23.02.2011 13:19:46 |
|
Abe makedonche nemozzesh vo nishto da istraesh.Pak sega ke treba da visish pred stranskite Ambasadi so tri miljoni potvrdi za a otides dva dena vo Evropa.Mnogu lesno se ukakuvaat nekoi raboti. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 23.02.2011 13:52:05 |
|
Vizi za Makedonija nema povtorno da vovedat. Ne plasete narod za dzabe. |
|
|
|
|
|
|
Од: nepismena vlada |
Датум: 23.02.2011 14:41:57 |
|
Bravo za EU za ovaa vlada i treba da i se pokazat zabi posto inaku taa i neznae, potpolno go podrzuvam predlogot na EU pak da gi vovede VIZITE . duri i sankcii da vovedat za Makedonija posto ovaa vlada neznae da vodi drzava, tie mislea sega narodot ke se otseli i nema potreba da se grizime za rabotni mesta a drugite sto se vo makedonija neka umrat , eeee Grujo nemas 3ri cisti i ti ke vodis drzava nacionalist eden |
|
|
|
|
|
|
Од: Ako, neka gi vratat vizite |
Датум: 23.02.2011 14:55:54 |
|
Da, nie makedoncite ostanuvame zaloznici na Albancite i Romite, pa samo tie baraat azil, koj Makedonec pobaral. E, nema vece vojni na balkanot i evropa gi vide site finti na albancite i romite koi demek se maltretirani od makedoncite pa sakom i kapom i davase politicki azil, a bogami i pari. E sega toa vece ne pali i ni gi vracaat nazad. Nemale rabota, a zarem gore vo delcevskie goli ridista i sela imaat rabota, ama nikoj ne mu padnalo na um i da odi i ja rezili drzavata vo germanija i belgija. Zatoa, ako nema pak ni vovedat vizi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nego |
Датум: 23.02.2011 16:11:12 |
|
bas me briga, jas si imam bugarski pasos |
|
|
|
|
|
|
Од: Do ''ako gi vratat vizite......'' |
Датум: 23.02.2011 17:46:10 |
|
Prijatele ti si najverojtno covek od vlasta. Od tie ''sto kladat vrata, zimaat plata''. Dojdi vo situacija da baras hrana po kontejneri, tek togas ke te prasam da li vaka ke solis pamet. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 23.02.2011 17:57:17 |
|
Nie pa se utepavme od setanje pa uste i vizi ke ni ukinuvaat. Ma neka gi ukinat ,i onaka ni do Kumanovo nemame pari da otideme a ne pa podaleku. A azilantite, ke im dojdat i po drugi kanali tamu. Neka ne se sekiraat. A znaeme i koj se azilantite.Nivnite milenici i obespraveni borci za covekovi prava. |
|
|
|
|
|
|
Од: eu |
Датум: 23.02.2011 18:51:35 |
|
ne vi se krivi albancite,romit i siromasite makedonci kriva e politikata na vmro koja nese grizi za siromasi...dajte im 100evra socijala na samci i 200 na familija pa da visdete dali ce barat azil..taka e sekade pa i vo bug i rom........... |
|
|
|
|
|
|
Од: Na takvi slica stop za patniote ispravi |
Датум: 23.02.2011 20:36:52 |
|
Se bsoglasuvam so eden komentator. Nie sme zaloznici na odredena kategorija ludje i toa pred se od romskata i labanskata nacionalnost , koi baraat azil i na toj nacin ja zagrozuvaat viznata liberalizacija za drugite narodi. a dali ne posrtoi nekoj zastiten mehanizam od takviute ludje. Mozebi za niv treba da im se vovede restrikcija vo izdavanje na patni ispravi., odnosno koj narpavil takov prekrsok i e vraten od zapadnite zemji da im se odzemi patnata isprav i da se kazni paricno. Dista vece da straedame site nie zaradi nekoj sto sakal ilegalnop da odi vo zapadnite zemji. eve vidovte onaj Rom kako bese agresiven na aerodrom,i ce gi istepase novinarite.A vprocem nivniot vecen pratenik Amdi Bajram( Coca Cola) bese zapletkan vo transport na lica od romska nacionalnost vo zapadnite zemji. No vlasta nbisto ne prevzede, bidejci e nivni veren koalicionen partner. |
|
|
|
|
|
|
|
|