Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Вози се со мене поудобно за истите пари

Дивите превозници со овие зборови најчесто „ги крадат“ патниците од легалните транспортери

Сања Наумовска

„Вози се со мене, ќе те однесам до дома за истите пари. Ќе ти биде поудобно во автомобил наместо во автобус“, се најчестите мамки со кои дивите превозници во меѓуградскиот сообраќај ги привлекуваат патниците. Се нудат да го однесат и куферот до врата, само за да обезбедат четворица патници за да си ја реализираат турата. Кавгите и навредите со возачите на автобусите на легалните превозници, се секојдневје, во борбата за патник повеќе. За спречување на физичките пресметки често реагира и обезбедувањето на автобуските станици или полицијата. Трката продолжува и по патиштата, кој прв ќе стаса до следната станица, ако треба да се качи уште некој патник.

Најпрофитабилни, за дрските превозници, се кратките релации од Скопје до Куманово, Велес и Тетово, но добро одат и турите до Крива Паланка, Штип и Гостивар. За разлика од легалните, кои влегуваат само на автобуските станици, нерегистрираните превозници патници собираат на секој чекор. Најчесто чекаат во близина на станиците, каде што најлесно „се крадат“ патници. Во Скопје „базата“ е кај старата автобуска станица на „Пролетер“. Иако се на само стотина метри од Министерството за транспорт и врски и пред носот на патните инспектори, тоа не ги спречува да си ги тераат бизнисот.

Речиси половината од превезените патници се возат со диви возила, велат од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“. Се жалат дека тоа им го уништува бизнисот, но и остава голема дупка во буџетот. Нелегалните не плаќаат ниту еден денар данок, а целиот профит си го ставаат в џеб. Не се обврзани да користат квалитетно гориво, а го избегнуваат и плаќањето патарини. Не помагаат ниту прекршочните пријави што им ги поднесуваат инспекторите, бидејќи најчесто тие не добиваат судска завршница. Најголемиот дел од нив застаруваат, а ако некој добие казна, таа е неколкупати помала од предвидените во законот.

„Од Скопје до Куманово и обратно дневно се превезуваат околу 10.000 патници. Имаме податоци дека во последната година половината се возат со нерегистрирани превозници. Тоа е огромен процент, а нашата штета непроценлива“, вели Горан Трпковски, претседател на „Исток“. Решението за состојбата е судовите постапките да ги спроведуваат до крај и да изрекуваат високи казни, смета Трпковски, бидејќи, како што вели, на овој начин дивите превозници само се охрабруваат и се зголемува нивниот број. „Ако продолжи оваа состојба, голем број од превозниците наместо да инвестираат и да купуваат нови автобуси, ќе почнат да отпуштаат работници“, вели Трпковски.


#
Статијата е прочитана 1622 пати.

Испрати коментар

Од: nikola
Датум: 02.11.2010 14:38:25
divi prevoznici ima 18 godini vo Stip i uste gi ima !!!!! raspad sistema narode!
Од: Djoni
Датум: 02.11.2010 16:18:47
Браво за новинарката што ја третира темата. Јас живеам непосредно до поранешната автобуска станица и министерството за транспорт. Министерството излегува со некакви известувања за борба со дивите превозници, а токму пред нивната врата е најголем нивниот број. Тешко лицемерие од нивна страна.
Од: r
Датум: 03.11.2010 00:53:00
Se e dobro napisano, a toa zdruzenie zosto prvo ne si go iscisti dvorot so 50 godisnite avtobusi koi edvaj se dvizat a kamoli i patnici da prevezuvaat, no za zal sakaat da zarabotuvat so krntii, pa mozete i konji da vpregnete pa da vidime koi ke se vozi so vas, probelemot ne e vo divite taksisti nego vo samite prevoznici koi ne sakaat denar da vlozat da ima udobni, klimatizirani avtobusi pa sega sme 21 vek ej lugje ili pak za vas vremeto e zastanato najverojato ali samo koga se raboti za drugi a sepak za sebe znaete da si kupite mercedesi i sl avtomobili, no sto da se prai toa e makedonija se dodeka ja vodat debili ovaa drzava( od samiot pocetok 1992) ke bide i ponatamu taka kako sto e
Од: Ivan
Датум: 03.11.2010 08:22:02
Ne se soglasuvam so avtobuskite prevoznici. I tie pravat nelojalna konkurencija. Skoro sekogash vo avtobusi koi imaat po 40 sedishta znaat da se kachat i do 60-70 ludje. Do sega milion pati mi se ima slucheno da mi rechat kartata e za stoenje.

Најди! во Утрински
Политика
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Масовно се пуши на отворено, a казниво е
Наумовски
„Павел Шатев“ контра „Надеж“
Фондот го стега ременот и за скапите лекови?
Болниците не ја слушаат Владата
Белград нуди заеднички амбасади






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia