Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Болниците не ја слушаат Владата

Болниците и клиниките по се' изгледа дека ги немаат вратено вишоците од плати и дежурства што им ги поделија на вработените лани по грешка поради незнаење за примена на концептот бруто-плата. Иако рокот што го даде Владата е пробиен веќе две недели, ниту во Фондот за здравствено осигурување ниту во Министерството за здравство не знаат кои од болниците и од клиниките ги вратиле незаконски поделените пари или, пак не сакаат да откријат кој не го почитува зборот на Владата.

Од Министерството за здравство се правдаат дека сега се изготвува извештајот за тоа кои болници и клиники ги исправиле утврдените неправилности, по што тој ќе биде презентиран на Владата. Во Фондот, пак, велат дека се' уште се врши контрола на теренот што би требало да заврши до крајот на неделава, по што ќе излезат со анализа кој колку ги испочитувал препораките на Владата.

И покрај тоа што фондовските контролори требаше да ја завршат целата работа до вчера, барем така првично најавија од Фондот, сега одеднаш во Фондот го пролонгираат рокот со објаснување дека бил направен превид во датумот за контролата. До први ноември бил рокот за нови 20 здравствени установи што биле на попис за финансиско чешлање, а петти ноември бил рок за првите 20 веќе проверени болници и клиники. Во Фондот не знаат ни според кој модел болниците и клиниките ќе ги враќаат вишоците.

Колку пари се во прашање по основа на поделените вишоци, точно не се знае, туку се вели дека тие заземаат од 30 до 80 отсто од буџетите на клиниките и болниците. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 977 пати.

Испрати коментар

Од: Stefan
Датум: 02.11.2010 20:42:58
Cii interesi ja stitat direktorkata na Onkologija. Crvenkova ja uzurpira i Arhivata, cela arhiva od klinikata ja cuva vo nejziniot kabinet. Nejzinata sekretarka mora da vi udri pecat za da moze da zaverite dokument, pa posle odite kaj arhivarot. Kaj go ima ova
Од: mimi
Датум: 02.11.2010 23:48:02
bolnicite vo haos stocarstvo vo haos zemjodelie vo haos pa cela drzava e haos pa ministero ne uci kavo e zdravstvoto vo slovenija a neka vide kolkavi se platite tamu
Од: Kimov
Датум: 03.11.2010 04:49:47
Samo totalna rekonstrukcija vo zdravstvoto drug spas nema. Taka se nauceni od vremeto na Komunizmot samo da lapaat drzavni pari zatoa sto nivnite momcinja bea politicari. Toj lanec uigran za da se unisti covek treba da se rodi so golemi jajca i ke mu treba dosta vreme.

Најди! во Утрински
Политика
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Масовно се пуши на отворено, a казниво е
Вози се со мене поудобно за истите пари
Наумовски
„Павел Шатев“ контра „Надеж“
Фондот го стега ременот и за скапите лекови?
Белград нуди заеднички амбасади






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia