Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Министрите главни фаци на Собранискиот канал

СРД реагирал поради повеќечасовното емитување на владините седници на Собранискиот канал

Се злоупотребува ли Собранискиот канал со реемитување на отворените владините седници за време на викенди? Владината седница што се емитуваше пред една недела се најде на телевизиските екрани и овој викенд - на Собранискиот канал, кој, инаку, во работни денови ги пренесува собраниските седници. На каналот се вртат и актуелните проекти на Владата, како што е оној со прегледот на сето она што го сработила Владата во претходниот период насловен како отчет.

„Собранискиот канал е сервис на Владата, а не да креира автентични политики“, тврди опозицијата, која се жали дека нивните досегашни обиди да се укаже на злоупотребите завршиле неуспешно. За повеќечасовните емитувања на владините седници реагираат и од Советот за радиодифузија, од каде што сметаат дека со реемитувањето „можат да се доведат во прашање основните функции на јавниот радиодифузен сервис“.

Последен пат Советот за радиодифузија реагирал во средата поради повеќечасовно емитување на владините седници на Собранискиот канал во минатиот викенд.

„Реагиравме поради прекршување на Законот за радифузна дејност, бидејќи МРТВ реемитува владини седници на Собранискиот канал. Испративме писмо до Советот за собранискиот канал и до претседателот на Собранието, бидејќи со ваквата практика МРТВ може да ги доведе во прашање основните функции на јавниот радиофузен сервис“, ни изјави Борче Маневски, одговорен за односи со јавност во Советот за радиодифузија. Тој посочува дека „МРТВ мора да го остварува јавниот интерес, преку заштита на програмите што ги произведуваат тие од какво било влијание на власта, политички органи или центри на економска моќ“. Советот реагирал бидејќи на 24 и на 25 октомври имало повеќечасовни преноси на владините седници.

Во СДСМ велат дека неколку пати досега побарале од Советот на Собранискиот канал да преземе нешто во врска со злоупотребата на каналот, но владејачкото мнозинство не ги прифаќа нивните забелешки.

„И со емитувањето во живо и со репризите се крши Законот за радиодифузна дејност, што е констатација и на Советот за радиодифузија. Прво, се крши членот 117 од Законот за радиодифузна дејност каде што е наведено дека Собранискиот канал е наменет исклучиво за активности на Законодавниот дом, а не и на извршната власт“, вели Емилијан Станковиќ, пратеник од СДСМ. Дополнително, вели тој, со ваквите постапки на Владата се доведува во прашање и функцијата на радиофузниот сервис, бидејќи, според членот 121 од Законот за радиофузна дејност, јавниот сервис треба да обезбеди програмите што се произведуваат и емитуваат да бидат заштитени од какво било влијание на власта, политички организации или центри на економска моќ. Затоа, во СДСМ сметаат дека постои апсолутно прекршување на Законот.

Гордица Величковска, одговорна уредничка на Собранискиот канал, тврди дека нема злоупотреби и се повикува на Спогодбата меѓу МРТВ и Собранието. Според неа, со Спогодбата е уредено собраниските седници да се пренесуваат со логото на Собранието. „За останатите часови МРТВ има право да емитува, реемитува програма што ќе ја договори колегиумот на МРТВ“, вели Величковска.

„Утрински весник“ вчера побара, но не успеа да добие изјава од претседателот на Советот на Собранискиот канал, Рафиз Алити. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 1354 пати.

Испрати коментар

Од: Следач на општествено - политичките прилики
Датум: 02.11.2010 12:20:10
Сакам да видам како работи Владата. Не е битно чија е! Политиката е јавна работа и сите институции треба да се што повеќе отворени, па и преку отворени седници. Се надевам и СДСМ кога ќе ја освои власта и тој ќе овозможи директни преноси од седниците на Владата.
Од: Samo lud covek moze da gleda vakvi gluposti
Датум: 02.11.2010 12:28:37
Samo vladata i nivnite semajstva mozat da gledaat vakvi idiotizmi! I po nekoj lud covek koj nema sto da gleda drugo, no, i toa moze da go trpi samo ednas,a ne destpati!!! Treba da se stavi kraj na ova ludilo!
Од: Трпе
Датум: 02.11.2010 13:53:17
Нема врска дека македонската јавна куќа е јавен радиодифузен сервис за граганите.Тоа е владин сервис.Тие ја рекламират владата и таа нека ги плака.Иако и владините пари се народни.Незнам што барат народот да ги плака глупостите на овој електронски медиум.И Сител телевизија ја плака владата и таа има право да биде на страната на владата.Но повторувам,дека сите владини пари се народни.Владата не е производно претпријатие.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.11.2010 14:03:09
Сакале да видат што работи владата????Види како псуе народот и какви комедии одат при преносот на ЕПП на владата и се е јасни....Народот чувствува што и како кради владата...а ова со лаги што го глади????Срамно и течшка злоупотреба на моќта на владеењето....Перењето на мозок на НЕОТПОРНИТЕ требе веднаш да запре...инаку виртуелнава стварност ќе им ја имплементираат и во мозокот...се разбира на приемчивите...
Од: jas
Датум: 02.11.2010 14:55:53
ne ne bas e interesno, komedija
Од: Благоја
Датум: 02.11.2010 15:17:14
Не беше повечечасовно,ами ДВОДНЕВНО глумење на филмот на нашата „Влада“!
Од: karokan "gambit"
Датум: 02.11.2010 17:08:19
Samo,eve eden od tie sto velis.lud covek moze da gleda vakvi gluposti,se istoporcil pred tebe so komentaort. Sto te cudi.vo zemjata na cudata!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Od takov ocekuvas rabota i podgurnuvanje napred??????? Bog da cuva!!! Zabetoniranoto si e zabetonirano, samo ova naseto pomalku se i pomrdnuva!!! Nazad!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ivana
Датум: 03.11.2010 09:28:04
Zatoa narode redovno plakajte radiodifuzna taksa za da ja pratime vladata kako besmilosno gi trosi nasite pari za svoi suludi i bespolezni gradbi niz centarot na skopjeGreota ama ke gi stigne kaznata nabrgu nemoze ova da go trpi narodot.

Најди! во Утрински
Политика
Масовно се пуши на отворено, a казниво е
Вози се со мене поудобно за истите пари
Наумовски
„Павел Шатев“ контра „Надеж“
Фондот го стега ременот и за скапите лекови?
Болниците не ја слушаат Владата
Белград нуди заеднички амбасади






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax