Српскиот претседател Борис Тадиќ излезе со иницијатива земјите на Балканот, според принципот на рационалните и економични скандинавци, да почнат да ги делат амбасадите или трговските претставништва, со што ќе ги намалат трошоците за даноци и за наемнина.
„Нашите трошоци се огромни. Ајде да се однесуваме рационално и да заштедиме повеќе пари за подобар живот на граѓаните“, предложи Тадиќ. Иницијативата се нуди како начин да се реши сукцесијата меѓу земјите од поранешна Југославија, која е блокирана поради тактизирањето на Србија да ги врати објектите што со поделбата им припаднаа на Македонија и на другите држави. Конкретно, за резиденцијата во Рим е донесена одлука Србија да и' ја отстапи на Словенија, но предавањето се одлага со години поради немањето средства Белград да изнајми нова.
Ваквата состојба ги оптоварува односите на Србија и другите држави од СФРЈ дотолку повеќе што дипломатите од Србија не напуштиле ниту една од 24 амбасади и резиденции во светот. Ова ќе биде една од жешките теми за време на посетата на премиерот на Словенија, Борут Пахор неделава на Србија, на која, веројатно, ќе се официјализира идејата на претседателот Борис Тадиќ за „скандинавски модел“ за балканската дипломатија.
Србија мора да напушти 24 од 44 дипломатско-конзуларни објекти што ги користи од распаѓањето на СФРЈ и да им ги отстапи на другите земји наследнички. Имаше идеја крајниот рок да биде до крајот на 2011 година, но тоа не е договорено. Зенит Келиќ, помошник-министер за надворешни работи на БиХ и член на мешовитата група за сукцесија, изјавил за „Блиц“ дека идејата на претседателот Тадиќ е одлична и дека БиХ веќе разговарала со Словенија на тема заеднички настап во областа на економијата. Следниот состанок на мешовитата група за сукцесија би требало да се одржи кон крајот на ноември во Сараево.
Од 123 објекти, чија вредност е 266,40 милиони долари од наследениот дипломатско-конзуларен имот (67 амбасади и генерални конзулати, 33 резиденции, 17 стана и куќи и пет градежни парцели) засега поделена е една третина, но само на хартија. Исто така, постои план за објектите за кои ниту една од поранешните републики не е заинтересирана, а проценетата вредност на тие објекти е околу 55 милиони долари. Македонија со поделбата доби четири објекти. (Н.Р.)
Da, taka pravat pametnite ludje kakvi sto se skandinavcite. A za onie nasi patrioti koi vo toa ce vidat obnovuvanje na Jugoslavija samo da znaat slednoto: eden ambasador vo edna zemja zema od 3500 do 45000 evra, plus od 5000 do 10000 evra za negovata licna rezidencija, plus 20% od negovata plata dodatok za soprugata, plus dodatoci za decata za skoluvanje, plus mercedes na licno koristenje preku site 24 casa, i za sluzbeni i za privatni celi (zatoa mnogu nasi ambasadori nemaat licni avtomobvili), plus dodatoci za reprezentacija, za benzin za patuvanja itn.itn. E zatoa tadic, eden od najpametnite politicari vo regionot go predlaga ova.
Од: RND
Датум: 02.11.2010 15:04:15
Ako nisto drugo, srpskiot pretsedatel se nametnuva kako lider na poranesnite Ju-prostori, za razlika od nasive "lideri" koi mozat da se nametnat samo na ispranite mozoci i profiterite.
Од: Aco
Датум: 02.11.2010 16:19:28
Dobra idea jas bi ja podzal ova Idea poz .
Од: reuter
Датум: 02.11.2010 17:46:45
E ova e nesto pametno .Ja podrzavam idejava
Од: Ankica Trajkovska
Датум: 02.11.2010 18:44:00
Bravo treba veke ednas da se razmisluva domakinski. Idejata e za pozdrav.