Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

„Евросонг“ од Осло се сели во Дизелдорф

На конечната одлука најмногу и' се израдува геј-популацијата, која е најбројна во градот-домаќин на „Евросонг 2011“

l Полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај, а финалето е закажано за 14 мај 2011 година

l Арената „Фортуна“ во Дизелдорф собира 54.000 лица, а за потребите на „Евросонг“ нејзиниот капацитет ќе биде намален на 24.000 гледачи

l Трошоците околу организацијата на манифестацијата приближно изнесуваат околу 30 милиони евра


Конечно заврши неизвесноста околу финалната одлука кој ќе биде градот-домаќин на новото евровизиско издание „Евросонг 2011“. По неколкумесечно размислување, германскиот град Дизелдорф излезе како победник во конкуренција на Берлин, Хамбург и Хановер, соопшти германската радио-телевизија НДР.

Благодарение на победата на германската претставничка Лена и нејзината песна „Сателит“, најголемата европска музичка манифестација се сели во Германија. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај, а финалето е закажано за 14 мај 2011 година, во арената „Фортуна“ во Дизелдорф, која собира 54.000 луѓе, а за потребите на „Евросонг“ нејзиниот капацитет ќе биде намален на 24.000 гледачи. Иако во почетокот се веруваше дека Берлин природно ќе биде конечен избор, излезе дека „Евросонг“ е преголем финансиски залак за овој град. Трошоците околу организацијата на манифестацијата приближно изнесуваат околу 30 милиони евра, што е дополнителен товар за главниот град во кој во последниве години се преселија многу фестивали и разни други манифестации. Хановер, пак, градот од кој потекнува актуелната победничка Лена не беше во сериозна конкуренција за избор на град-домаќин. Посебно ако се има предвид дека во конкуренција беа значително поинтересните и културно побогатите Берлин и Хамбург.

Дизелдорф, секако, е изненадување. Зошто токму овој град?

Во него се одржуваат повеќе саеми, но и значајни модни случувања. Дизелдорф е главен град на германската покраина Северна Рајна Вествалија, познат е и по карневалските прослави, а го спомнуваат и во редот на петте најзначајни германски метрополи, заедно со гореспоменатите Минхен и Франкфурт. Музички гледано, Дизелдорф најмногу придонесе за популаризацијата на новите музички правци во Германија, пред се', на електронската музика. Култните пионери „Крафтверк“ потекнуваат токму од Дизелдорф. И ноќниот живот во градот е прилично разновиден и богат. Тука е и прочуената арена „Еспирит“, мултифункционален стадион на кој се играат и натпревари од Бундес-лигата.

Но, ако некој се радува на доаѓањето на „Евросонг“ во Дизелдорф тоа е сигурно геј-популацијата, која е најбројна токму во овој дел од Германија, како и многуте фанови од Холандија, Белгија и од Луксембург, на кои ќе им биде потребно еден-два часа за да стасаат на евровизискиот натпревар.


#
Статијата е прочитана 686 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Џенифер Анистон не е убавица
Развод на бракот без страст
Крадам од сонот за да добијам време
Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот
Цеца и Карлеуша на конечна пресметка во Скопје
Свадби и разделби на „Пријатели“
Деби-албум






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria