Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Џоан Колинс

Џенифер Анистон не е убавица

Актерската дива Џоан Колинс изрази незадоволство за изгледот на современите холивудски ѕвезди, која единствено за Анџелина Џоли вели дека е убава. Некогашната владетелка на Холивуд, 77-годишната Џоан Колинс, ги нападнала сегашните холивудски ѕвезди, при што Американката Џенифер Анистон ја нарекла бонбонче, а не убавица. Џоан, која се' уште зрачи со гламур, рече дека класичната убавина, која ја имаа старите глумици, веќе не постои. Додаде дека луѓето гладуваат за убави жени какви што биле Одри Хепберн, Ава Гарднер, Грејс Кели. „Кога бев млада, сите што глумеа во филмовите беа прекрасни. Но, не велам дека денес нема убави глумици. Тука е Анџелина Џоли и... Анџелина Џоли. Џен е слатка, но не би ја нарекла убавица. Не е ниту Ава Гарднер ниту, пак, Лана Тарнер“, изјави Колинс за магазинот „Хелоу“. „Мислам дека Шерил Кол е толку популарна, бидејки луѓето не гледат многу убави личности“, вели Џоан и додаде дека во своите млади години морала пеколно да се труди за да изгледа гламурозно, за разлика од модерните актерки. Џоан е против тоа што луѓето на 50-60 години се обидуваат да изгледаат како да имаат 30-40 години.


#
Статијата е прочитана 2087 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Евросонг“ од Осло се сели во Дизелдорф
Развод на бракот без страст
Крадам од сонот за да добијам време
Ал Џезира со Горан Милиќ во поход на Балканот
Цеца и Карлеуша на конечна пресметка во Скопје
Свадби и разделби на „Пријатели“
Деби-албум






Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger
Dutch resistance unlikely to halt Serbia's EU bid
The Great Gas Game: Russia plays Romania against Bulgaria